1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.970
    Допаѓања:
    195.052
    Ok, прашај го професорот. Ако е деканот геј, дали ќе си даде отказ?
    Јас пак не разбирам, што значи тоа неприфаќање. Мислам може да ги игнорирате, ама нема да престанат да постојат. За што уствари се праи муабет?:?: Дека некој ќе престане да биде геј, оти така рекол професорот, сестра му, другарка му?
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Не. Ме интересираше дали би смениле мислење ако ваша блиска особа е геј или лезбејка. Особа со која живеете, значи брат, сестра, ќерка син.
    Во смисла подржувате ама кога ќе се најдете во ситуација да имате близок дали би престанале да подржувате.
    Затоа неколку пати прашав дали некој се нашол во таква ситуација.
     
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Не, само мислиш дека се неприродни и не ги сакаш дома. Не бе, таман работа тоа да се сврсти како омраза.

     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Па да. Не би сакала таква особа дома но тоа не значи дека ги мразам.
     
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    33.269
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум имала таква ситуација со многу блиска личност.
    Не сум ја видела никогаш посреќна и поисполнета, си фати девојка и воопшто не се замара за мислењата на другите.
    Сè додека некој/а е среќна јас немам право да се мешам во нивниот избор. И ништо не ми менува дали некој е геј, лезбејка, би, стрејт....
     
    На KateKane, Bezimenka90, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Па со оглед на тоа што ти не можеш да ја пураш сексуалната ориентација на твоите најблиски, дали тоа значи дека ќе се откажеш од член од семејството ако е хомосексуалец?

    И да, сум имала многу блиски личности во хомосексуални врски. Ич не ми било проблем и да збориме за врски, и да седиме заедно и на дабл дејт да идеме.
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Не знам како би реагирала кога би се нашла во таква ситуација. Затоа и прашував дали има некој кој се нашол во таква ситуација да сподели.

    Еве на пример членката погоре сподели за блиска особа. Не знам зошто е толку тешко да се води дискусија без некој да се етикетира како хомофоб.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Еве објасни ми сега ти мене како тоа не значи омраза, бидејќи јас тебе ти одговорив на прашањата од почетокот. Зошто не ги сакаш дома? Што е тоа што те спречува еве на пример да ја викнеш геј колешката или другарот дома на кафе? Страв ти е да не ѝ се свиѓаш на другарка ти или случајно другар ти да не ти каже дека имал секс со дечко му?
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Не, не ме разбра. Другар ми секако доаѓа кај мене. Ова дека ми е страв да не и се свиѓам на другарка ми, не знам дали ти беше идејата да излезеш интересна ама смешна испадна сигурно.
    Под дома мислев на блиска особа, брат, сестра, син, ќерка со која делите се (не знам по кој пат го пишувам ова).
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    33.269
    Пол:
    Женски
    А заразна е хомосексуалноста? :?:

    Не гледам друг логичен изговор зошто некој би ги одбегнувал сопствените другари и роднини...
     
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    64.070
    Пол:
    Женски
    Не и било сеедно на колешката твоја да слуша таков муабет и не е убаво за било каков човек да слуша за себеси дека неговото цело постоење е небиолошко. Баш затоа што во секоја просторија каде има масивно голем број на луѓе, некој сигурно не е стрејт и треба да се воздржат луѓе од коментирање такви работи.

    Друго не знам што да ти кажам, ако брат ти си нашол дечко кој го сака биди среќна за него затоа што на денешницава човек кој те прави среќен е ептен, ептен тешко да најдеш. И се дури е среќен и насмеан треба тоа да ти е битно, а не што кажуваат рандом професори, комшии и роднини.
     
    На smooch, kim.k, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Зошто избрзувате со заклучоци?
    Каде реков дека се работи за брат ми?
    Колку пати напишав дека не сум била во таква ситуација па не знам како би реагирала и дека ме интересира некој да сподели искуство.


    И не знам зошто треба да се забрани некому да одговори на прашање само затоа што одговорот не поистоветува со размислувањата на другите, на пример на тебе. Ете колешкава не се најде повредена од одговорот. Баш после предавањата разговараме колеги меѓусебно затоа што професорот не знаеше дека колешкава е така определена. Нејзиното беше: па добро таква е темата си кажа човекот реално што мисли.
     
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.624
    Допаѓања:
    121.284
    Пол:
    Женски
    Јас пример озбилно не можам да сфатам какви чувства има еден хомофоб кон хомосексуалците?
    Како да знам дали сум хомофоб или не?
    Не сум иронична озбилно прашувам.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Добро, еве и за блиска особа нека е.
    Останува прашањето зошто не би ја прифатила? Што е тоа што ти предизвикува чувство на неодобрување, непријатност или што и да е? Што ќе направиш ако имаш брат геј? Ќе прекинеш комуникација, ќе го избришеш од постоење, ќе негираш дека сте семејство?

    Па според кажаново изгледа така мислат.
     
    На mode-kristina, Bezimenka90 и f.girl им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.970
    Допаѓања:
    195.052
    Не разбирам, како би сменила мислење. Стварно ми е сеедно со кого брат ми живее, а ич не ме занима дали има или нема секс, се додека тој со кој живее го прави среќен. Ако е неговиот животен сопатник лош човек, прави сплетки, го нервира, и слично, исто ми е сеедно дали е жена или геј, исто ќе му речам да го прати во 300 лепе пм.
     
    На HaleemO и mode-kristina им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.970
    Допаѓања:
    195.052
    Ко ќе видиш хомосексуалци се криеш под маса или позади стуб:D
    Дежа ву ми е дијалогов:?:
     
    На mode-kristina и fana им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    64.070
    Пол:
    Женски
    Добро де, полека, мислев за брат ти се работи па затоа бараш совет. Не реков дека треба да се забрани некому да се одговара на прашање, само ти кажувам дека ниеден човек не сака за себеси да слуша погрдни работи, тоа што таа дипломатски и културно одговорила не значи дека не ја погодило тоа. Од камен да си, насекое да го слушаш тој муабет ќе попуштиш.

    Стави се на тоа место, под лупа да се разговара за твојата сексуалност, за нешто што тебе ти е интимно, па сите да си кажуваат сопствено мислење. И тебе нема да ти биде убаво твојот начин на живот да е тема на дискусија.

    И искрено мислам дека треба да и кажеш на другарка ти како се осеќаш во врска со хомосексуалноста. Тоа што не би сакала да ти е во куќа, па види дали ќе сака да продолжи да се дружи со тебе. Пријателство се гради врз искреност.

    Закрепостен хомофоб кој сака да ги пали не си, ама исто не си целосно open minded. Барем по ова што те читам. Треба да и кажеш, па таа сама да процени дали и одговара тоа или не. Најискрено ти го викам ова, не планирам во ништо да те разубедам, твое си е тоа мислење.
     
    На TempTest, mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Точно, не сум open minded, но не се рачунам ни за хомофоб.
    Зборував за колешка, не за блиска другарка. Со неа сум само на факултет и предавања, не сме толку блиски затоа велам колешка.
    Што се однесува за другар ми, до сега никогаш не сме разговарале на таа тема. Ниту тој ја покренал ниту јас. Со оглед на тоа дека крие дома од неговите мене ми е уште понепријатно да навлегувам во таа тема. Како што кажав погоре, не ми смета се додека не се работи за мој близок со кој живеам.
    Ние се дружиме, не ми е најдобар другар, ниту сме премногу блиски ама пиеме кафе. Што прави после тоа, во своја соба не ме интересира. Али и те како не би ми било сеедно да се работи за сетра, син, ќерка или брат
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.715
    Допаѓања:
    8.705
    Пол:
    Женски
    Еве на ова можам да одговорам што е тоа што ми создава чувство на непријатност. Самата помисла ( ако на пример се работи за брат ми и син ми,) на тоа што прави он со дечко му. Едноставно не ми е нормално.
     
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    64.070
    Пол:
    Женски
    Ок. И што те мачи тебе уствари? Не можам да сфатам :D
     
    На mode-kristina, Angie1432 и Biljarkata им се допаѓа ова.