@simoncelicius Мислам дека професорот е погрешно протолкуван. Точно дека не е биолошки од аспект на размножување. Тука нема ништо хомофобно, туку чиста констатација. Но, од друга страна е природно, затоа што го има тој нагон кај животните, го има кај луѓето. Буквално е исто како кај хетеросексуалците, нив ги привлекува спротивен пол, кај хомосексуалците ист пол. Исти нагони, исти желби, иста возбуда, иста привлечност. Доколку брат ми, хипотетички, е хомосексуалец ќе го прифатам. Не ме интересира што прави во спалната соба. Сигурно нема да си споделуваме интимни и еротски детали, мислам и да не би бил хомосексуалец, би ми било одвратно да слушам. Твоја крв, твој брат, сестра, it's a big no no за такви детали. Повеќе би била загрижена, што ќе биде осудуван, само поради неговата определба.
Самата помисла дека некој мисли за туѓите сексуални активности не ми е нормална. Дали сум порнофоб или сексофоб или шо ми е дијагнозата
Ништо не ме мачи. Недај Боже сите што прашуваат нешто на форумов од радозналост да имаат мака. Само прашував дали има некој на форумов а да има геј брат или син, или па ќерка/сестра. Како реагирале, дали нешто се променило.Тоа. Едно просто прашање отиде во сосма друга насока.
Епа видиш, не го мислам тоа за другар ми. Ама претпоставувавм би го мислела ако се работи за близок. Не би ми било сеедно.
Абе легитимно е твоето, јас за себе прашувам- Дали е нормално да не размислувам за туѓите сексуални активности
Еве прашај во темата за анален секс. И таму има милион мислења против, дека не е во ред, се шират инфекции и зарази дека тој отвор служи за друго. Па никој не смисли некој назив за таа фобија или ги направи closed minded.
Е ај што прави? Истото што и сите ние. Се бакнува, се држи за рака, има секс. Една причина да имаше поради која нивното не чини, ќе речев таман сте. Ама само затоа што врската е помеѓу лица од ист пол, не ја прави нивната погрешна, а вашата правилна. Воедно, интересно е како избираш само на кои прашања ќе одговориш. А еве јас на пример на сите твои одговорив.
Ама не ме занима, не знам како да ти објаснам. Што е тоа опседнатост со тоа кој што прави, каде прави и како прави? Нон ме интереса А фразата во потпис за што ти е уствари?
Твојот отвор е безбеден, пушти ги оние кои го сакаат отворот за друга намена, да си уживаат. Ако не чувствуваат болка, ако се физички здрави, ако им носи задоволство, јас, ти, било кој, не треба да имаме ништо против. Како тоа мене или тебе не афектира на квалитетот на нашиот живот. Хомосексуалецот не трча по луѓе да демне со отворот надвор, си бара истомисленици.
Па види, има два начини на кои можеш да реагираш. Првиот е да речеш океј, најбитно ми е да си среќен. Вториот начин е да му/и кажеш дека тоа ти е неприродно, чудно, гадно, било како и да ризикуваш целосно отцепување на таа личност прво емоционално од тебе, а после и физички. Ниту еден човек на планетава земја не може да живее со некој кому хомосексуалноста му е неприродна, одвратна (како сакаш наречи ја) и нормално да функционира. Тебе ќе ти е одвратно тоа што го прави во спална, нему/нејзе ќе и е одвратно тоа што ти ја гледаш со неубаво чувство и се ствара типична токсична врска во семејството. Да го/ја смениш нема да можеш, не е со сакање тоа. Или ќе научиш да живееш со истото, или секој по свој пат. Уствари ништо не можеш да направиш, освен да процениш дали вреди да си го изгубиш човек од семејството, човек кој ти е меѓу најмилите за негова/нејзина лична и интимна работа. Ако тоа што тебе ти е гадно ти ја надмашува љубовта кон тој човек тогаш најдобро е секој да си тргне по свој пат. Ама прежално и претажно е заради една нормална работа толку да си ги комплицираш односите со некој кој има твоја крв. Јас би го/заштитила од канџите на закрепостени хомофоби, кога веќе праша како би реагирале. Ако јас не сум поддршка на човек со кој делам крв нема да можам навечер да спијам на перница. Ќе ме мачи како сум можела да дозволам злоба која хара низ светот да ми е поимпактна од љубовта спрема најблискиот. А ти како ќе реагираш некогаш ако ти се случи (хипотетички нели) си е твое единствено и легитимно право. Е сеа сама процени си колку сакаш да вложиш а колку да изгубиш.
@simoncelicius Па еве ти одговорија. Нема да ни пречи да имаме геј брат/сестра/снаа/зет/золва/деверуша итн. Прашуваш ко да е којзнае колку шокантно на некој да не му е гајле за сексуалната ориентација на некој друг. Инаку, ти беше таа што ги воведе животните во муабетот во моментот кога фати да збориш што е природно, а што е неприродно. Прво ко аргумент против хомосексуалност спомнуваш дека не е природно, а кога ти потенцираат дека уствари Е природно викаш еее ние животињи ли сме. Одлучи се. Трета работа, обично знам дека во овие теми све и свашта можеш да видиш, ама овојпат прочитав дека зајаците немале свест и... не знам еве.
Сосема бесмислено прашање. Ни јас не би барала од него ако е геј да ми дава извештаи каков секс има со дечко му.
За ова прашање ти барав одговор. Ама не е ни битно, затоа што апла се гледа дека и самата не си на чисто што и зошто мислиш. Па веројатно поради тоа е тешко да се објасни и тука. Одговори доби. Дали се оние кои ги очекуваше, веројатно не. Имаш време да менуваш мислења, секако ако си дадеш простор. Во спротивно барем биди искрена кон луѓето кои не ги прифаќаш како такви и кои „никогаш не би ги сакала под ист покрив“ било да се другари, роднини, колеги или кои и да се. Толку од мене.
Па не ги ни држам за да ги пуштам. Само поставив конкретно прашање и очекував одговор од некој кој се нашол во таква ситуација како реагирал. А не хипотетички ситуации, со хипотетички одговори. Јас немам брат, немам сестра ама еве ќе ти кажам. Не не беше прашањето тоа.
Епа што има да се гадиш од помислата што правел брат ти со дечко му? Не треба да те интересира што прават, се дур двајцата се согласни на нештото.
Па не ме интересира. Ете за другар ми навистина ми е сеедно. Ама реков претпоставувам дека тоа би ми создавало чувство на непријатност само доколу се работи за блиска особа со која живеам.