Пишав брат ти. И зошто да ти се гади? И другарката и сестра ти што денес си ја гушнала и поздравила, вчера може пушела к*р, а не ти е непријатно да бидеш во нивна близина. Зошто истото да не важи за брат ти?
И со сестра живееш. Ако е стрејт еве Или брат ти ако е стрејт. Зашто од нив не би се гадела во тој случај?
Зборуваме за хомосексуалци. Ако и она беше лезбејка истото чувство би било. Реков погоре не сум open minded кога е оваа тема во прашање. Не сметам ни дека сум хомофоб ама не подржувам бидејќи не ми е нормално.
Епа ќе престанеш да замислуваш што други луѓе прават во кревет (мислам озбилно...зошто би замислувала ) и веќе нема да ти биде непријатно. Решена работа.
А ти можеше и да ме тагнеш среќо Зашто многу шокирана ми личиш, валјда во твојот свет животните размислуваат за потеклото на своето постоење и целта на животот.
Фала на советот. Кога би се нашла во таква ситуација прво тебе би те побарала за совет. Луѓе прашав дали некој бил во таква ситуација бидејќи ме интересираше дали нешто во нивнпто размислување се променило. Отидовте во друга насока.
Ај јас пак да се вмешам и завршувам тука за да не се вртам ко грамофонска плоча. Еден ден ако имаш син и тој сака мажи можеш да се гадиш од тоа и да го пуштиш тинејџерството, раната младост и сите најбитни години да ги помине мизерно или да го заштитиш од сељаци кои сакаат да ги палат, убиваат, пукаат и им посакуваат гасна комора. Детето твое ако не го заштитиш ти, нема да го заштити никој друг. И ќе седнеш и ќе си процениш дали ќе го пуштиш да живее без мајчинска поддршка, осуден кај од сите па и од тебе или ќе му бидеш рамо за плачење кога ќе наиде на гадни коментари. Сама ќе си одлучиш дали кога ќе му го скршат срцето (пошто тешко од прва да трефне било кој човек партнер за навек) ти ќе го тешиш, или ќе оставиш сам тивко да си пати. И ќе си ставиш на вага што ти е побитно, дали тоа да ти е детето среќно, да го направиш да се осеќа безбедно покрај тебе, или ќе го оддалечиш до тој степен да е странец а не твој син. А да знаеш дека ќе пати од околината, полна е со сељачишта.
Да го преформулирам прашањето затоа што ова што го напиша впопшто не го ни прашав. Бидејќи подржуваш, дали тоа значи дека би сакала утре ден син ти да е геј?
А ние ти кажавме дека мислење не се менува, не во таа насока. Можеби ако си конзервативен, по некое време ќе го смениш погледот и ќе го прифатиш ближниот со сите негови избори, ама ако си веќе толерантен по прашањето, би се исконзерватизитал зошто Ти нас не ни одговори, дали твојот хетеросексуален ближен ти поднесува извештај за сексуалните активности, пошто нормално ако е хомосексуален не би ти било прифатливо.
Сакам да е најсреќен. Кога ќе биде тој најсреќен ќе бидам и јас. И се дури консензуално сексуално општи со партнерот, односно сакаат и двајцата, јас нема да имам проблем. И ќе се тепам со сите што имаат проблем. А незгодна сум кога сум спремна за тепање, затоа што за свое можам да го расчепам тој што му претставува опасност.
Сакав да одговорам на ова, но се заборавив. Не знам како се чувствува еден хомофоб, затоа што не сум тоа. Но знам какви реакции манифестира кога станува збор за хомосексуалци. Од најблагите, запрашување како може некој сексуално да општи со ист пол до гадење или физички напад кога ќе дојде во контакт со геј човек. Инаку да се исправам себеси и уште еднаш да го нагласам она што го кажа @Bezimenka90 . Станува збор за нагон, сексуална ориентација, нешто што НЕ СЕ ИЗБИРА. Значи не е соодветно избор, па дури ни преференца. Исправка и за мене.
Нема на што, секогаш сум достапна за совети и ефикасно решавање на проблеми. Знам многу случаи каде што луѓе кои никогаш не прифаќале хомосексуалци, на крај сепак прифатиле кога се работи за блиски личности. Особено за деца. Обратно, некој да прифаќа хомосексуалци, а да ги дискриминира најблиските ко што прашуваш, брат, дете...е таков случај немам слушнато. Знам дека нема да ти се допадне мојот одговор, ама тоа е.
Еве јас ќе ти одговорам на тоа прашање. Утре, ако имам син, ќе сакам пред се да биде здрав, да ме надживее мене, да му пружам нормален живот и екстремна љубов. Тоа би го сакала за моето дете. Ниту сум размислувала на тоа прашање, ниту пак ме афектира. Прашањето е исто како, дали сакаш син ти да е космонаут. Што има јас да сакам за синот мој. Ќе има уста, ќе има мозок, ќе размисли и ќе каже што сака. Ако мислиш дека навечер молитви кажувам за син ми да биде геј, НЕ.
Не мислам дека сфаќаш шо се збора наназад. Не менва каква сексуалност е, негово ќе си биди. И не менва зошто многу тука ја гледаме хомосексуалноста како нешто нормално и едноставно не размислуваш како би реагирал јер ти е дел од секојдневието и субјективната нормалност. Нема да седам и активно да се думам со кој се еби син ми. Негово си е. Засебна индивидуа е со свој засебен интимен живот. Така нема да можам да издвојам дали сакам да е син ми стрејт или геј, просто е - не ме интересира каква сексуална ориентација ќе биди. Каква и да е сексуална ориентација, нема да го перцепирам поразлично или да го третирам поразлично или да паѓам на газ дека е ваков, а не онаков и да се думам како ќе реагирам. Најпросто, ќе реагирам како кон секоја друга, секојдневна, нормална ситуација.