Еве јас ќе ти одговорам. Не би сакал, не од причина што мене би ми било тешко или ватевр туку што ќе треба да трпи секојдневен мобинг и насилство од вакви особи ко тебе.
Зошто ја нападнавте @simoncelicius ? Што ви е на вас гајле доколку она би имала непријатно чувство доколку живее во иста куќа со хомосексуалец? Зар треба да бара оправдание од вас за своите чувства ? Тоа си е личен вкус и преференца. Некој нема проблем со тоа, некој има. Некој едноставно си е претпазлив знаејќи го фактот дека сидата енормно се шири меѓу хомосексуалците (особено мажите хомосексуалеци). Девојката си беше искрена... и нема потреба да ја убедувате да стане како вас. Едноставно е лична преференца дали на некој ќе му се допаѓа да се во непосредна близина со луѓе што практикуваат хомосексуални односи или не. Мене хомосексуалците ниту ми пречат, ниту ме импресионираат. Ама признавам дека ми е гадно да ги гледам по социјалните медиуми како се снимаат како се лапаат. Не можам да ја разберам таа потреба за јавно лигавање т.е. интимноста да ја презентираш јавно. Истово ми е гадно и кога луѓе со нормална сексуалност го прават, ама последниве години речиси и да не сум видел машко и женско да се снимаат како се лапаат... туку само хомосексуалци гледам. Зошто? Биди си хомосексуалец, тоа си е твој интимен живот, нема потреба да мафташ со хомосексуалноста насекаде како „видете ме јас сум хомо...“. Овие луѓе треба да си најдат некој друг идентитет и да не дозволуваат нивната сексуалност да ги дефинира целосно. Доколку утре мојата ќерка или син пројават такви нагони, секако дека нема да се одречам од нив. Ќе ги љубам исто како што би го љубел и своето дете доколку е со даунов синдром, аутизам и сл.
Веројатно си свесна дека форумов не го претставува мислењето на мнозинството луѓе, туку е изолирано место во веб просторот каде што се собираат поддржувачи на ЛГБТ идеологијата? Како и да е, никој не ви брани да ја поддржувате и пропагирате ЛГБТ идеологијата, но мора да научите да бидете потолерантни кон оние кои не размислуваат и не веруваат исто како вас (сега генерално зборам, не за тебе). Едноставно е, некои луѓе веруваат дека постојат стотина флуидни родови идентитети и десетици сексуални ориентации, а други се држат до биологијата како наука и веруваат дека родот е само граматичка категорија, а дека постојат два пола (машко и женско) и една здрава и нормална сексуална ориентација. И во ред е да не се согласуваме по ова прашање. Во ред е да имаме различни убедувања, се додека се толерираме и моето право не го ограничува твоето право и обратно. Сепак виножитото не е еднобојно, тука има различни бои така? Значи не има различни и нема потреба да притискаме едноумие и сите да ги имаат истите убедувања и преференци како нас.
Никој нема обврска некому да дава отчет што бил хомосексуалец, без разлика дали се работи за ваш познаник, колега, пријател, близок пријател или член на семејството. Ама никој. Сериозно бе, зошто би му било на некој гајле на што се пали некој и со кого легнува? Како на вас влијае тоа? Па и за брат/сестра/син/ќерка да се работи... Како можи да не сакаш некој близок да е среќен, не разбирам? Тие се индивидуални личности и си имаат индивидуални животи што не ве вклучуваат вас. Ако еден ден дете мое ми кажи дека сака луѓе од ист пол најпрво ќе бидам загрижена, не дека нема да прифатам туку заради цел овој заостанат менталитет и неприфатеноста од околината. Патем еве еден краток филм, за реалност во која нормите се обратни и хетеросексуалноста е таа што се смета за грев. Вреди да се изгледа. Чисто колку да се види како се осеќаат тие лица и како би било некој да се гади од тебе затоа што сакаш луѓе од спротивен пол.
Се дур ... одредени индивидуи ... не се лајнарат за туѓи животи немаме проблем Евангелос, не знам оти се најде прозван. Ти, нели, не користиш лош речник, не ограничваш туѓи права. Само не ти е природно. Таму ти имаш проблем, светот нема проблем. Пошто ако мене нешто ми смета, мој личен проблем е шо треба да си го решам. Нема светот да се менва по мене. Ај сега препрочитај мислењето од кој аспект е пишано. Пошто аспектот е, луѓето кои ја цитиравме членката од кој аспект збораме. Не дека форумов лобира или дека таква е ситуацијата во земјава. Напротив, ситуацијата во земјава по ова прашање е мизерна и треба да се смени. Не за инает на хомофобите, туку за менталното здравје на засегнатите лица. И страни наназад пишав, хомофоб кој не прај штета ама едноставно нЕ мУ е ПрИрОдНо - знајш кај си со него и ако веќе не прај штета фак ит. На чисто си, секој со своето. Ни ти сметам, ни ми сметај. Полоши се оние маскираните хомофоби, а најлоши оние кои повикуваат на насилство. Ама дур си барате да кажвате слободно за „нормална“ сексуалност, тие гнидите си дават за право да напаѓаат и шо год не пошто наеднаш спаѓа под „чадорот“ на слобода на изразување. И те молам, немој за дупење в газ да збораш како да е нешто шо го прат само геј парови, и стрејт парој го прат то и назад е исто зборано. Се заразват тие шо не се заштитват и то е веќе лична глупоќка, не е до сексуалната ориентација. Јбг. Не се родиле сите паметни. Башка, лејзбејки ете, не ги го клават в газ. Изгледа лезбејството е дозволено. Ама знам дека ова добро го знајш. Сигурно и самите лгбт лица се веќе отрпнати и поголеми личности зошто можат да трпат и криење, ама и булинг од дотични личности шо мислат дека имат право на збор за туѓ живот. Не е ова за тебе, пошто да бев лезбо немаше твој, мој или не знам чиј коментар да ме повреди. Домашните ќе ме повредеа. Личностите кои ги сакам, ама не ме сакаат ќе ме повредеа. Ама јбг, секој мисли дека има збор за туѓ живот.
Тоа е поентата. Јас никаде не повикав на насилство, дека треба да се запалат, да не постојат, или навредив некого. Изнесов мислење дека за мене тоа не е нормално. И одма бев окарактеризирана како хомофоб. Ете дури и мобинг сум вршела. (нека ми објасни само членот каде виде мобинг за да си знам да не добијам тужба од некој што го малтретирам ) Што правиме со етикетиве вие што ги лепите? Излегува дека ако нешто не подржуваш, не смееш да изнесеш мислење. А прашањето ми беше нешто сосема десето. Како и да е, со оглед на тоа колку ја сметате државава за заостаната и закоравена, се изненадив колку многу има што подржавате. Сепак не сме толку назад
Ич нејќам да те цитирам затоа што знам дека ќе се вергла истото, ама ова морам. Веројатно знаеш дека сидата не се пренесува преку муабет со носител. Па зошто побогу би биле претпазливи со личност која има сида, ако тој е хомо, а вие сте хетеро? ( Значи секако не би биле во врска.) Само немојте да ми речете дека сте ептен засекирани за нив, затоа што стварно смешно ќе е.
Јас лично апсолутно не би сменила мислење. Би ми било тешко за него/неа од аспект што постојат премногу луѓе кои се замараат со туѓи животи па дури и физички насрнуваат на нив. А за тоа дека би прифатила- би. Зошто да не? Ако брат ми го сака Тони, а не Маја, што е тука страшното? Не би бил ништо пониско, ниту повисоко во мои очи.
А претпоставивам дека сите они се дојдени на овој свет како резултат на хомосексуална врска? Бидејќи поинаку е грев или?
Не мора да вршиш насилство за да си хомофоб. Едноставно, на тој дел од спектарот се наоѓа твојот став и се дур не го користиш тој став да штетиш на некој - никому ништо. Као сериозно, никому ништо.
Ајде појасни ми како штетам некому ако изнесам свое мислење дека тоа е нешто што за мене не е нормално? Навистина не знам зошто е проблем некој едноставно да не прифати нешто за нормално? Вам ви е, мене не ми е, зошто сум јас веднаш етикетирана а вие не сте?
Етикетирај не. Еве, волонтирам. То е шо значи самата хомофобија, да не ти е нормално нешто и да негираш како нешто прифатливо и да се прашваш шо би ако некој шо сакаш е „таков“. Ако доволно тлеј тоа чувство евентуално излегва од контрола и можи и тоа како да премини во насилство, вербално или физичко. А ко ќе се прашаш, шо не ти е нормално? Некој таму, далеку, со кој се еби. Мене не ми е нормално да мислите за туѓ сексуален живот, ама ете сте.
Со самото тоа што тебе ти е нормално значи мислиш и ти на туѓ сексуален живот бидејќи прифаќаш за нормално маж со маж да има секс (навистина никогаш не сте помислиле како имаат секс истополови особи??????). Бидејќи да не те интересираше немаше да се декларираш во таа група. Како што не се води полемика дали е нормално да имаат секс маж и жена, нема никој потреба да истакнува дека е хетеосексуалец, ниту некој го интересира како им се одвива сексот на блиските од хетеросексуална определба. Бидејќи е нормално.
Не знам ја тоа, CDC (Centers for Disease Control and Prevention) имаат уредна статистика по ова прашање. Иако хомосексуалците се 2% во земјата, сепак тие сочинуваат 70% од сите новозаразени со хив. Тоа е огромна диспропорционалност и недвосмислено укажува на фактот дека сидата се шири меѓу хомосексуалците скоро 40 ПАТИ повеќе отколку кај другите луѓе. И те како е до сексуалната ориентација. И на Филипините исто така сидата енормно се шири и тоа повторно „случајно“ 10 пати повеќе помеѓу хомосексуалците (мажи) отколку кај останатите луѓе. https://en.wikipedia.org/wiki/HIV/AIDS_in_the_Philippines
Мене нормално ми е кој шо сака да прај. Ко ќе видам некој не мислам дал се еби, дал се изневерва и како си го организира приватниот живот. Целата филозофија на шо го засновам мојот живот е, дека ако некој не повредува некој друг - која сум јас да му застанам на патот? Ама хомофобијата, повредва други. Зато и фатив страна. На жртвите. Лмао, можи оти за нијанса поќе се дупат в газ, ама пак ќе речам, не е до ориентацијата. До ... замисли ... чоекот е. Ај сега побарај и за ментални пореметувања ради неприфаќање од околината и најблиските ( родители, браќа, сестри, роднини, пријатели) и притисокот позади криењето на сексуалноста и каков исход има.
A и да прашам, патријархот што почина неодамна Иринеј, и тој ли беше исто хомофоб? Затоа што и тој не сметаше дека е нормално.
А кој е моја жртва па почувствува потреба да ги заштитиш хомосексуалците? Навистина прашувам како јас ја загрозив нивната полова определеност со тоа што изнесов свое мислење? Едит: јас веќе бев декларирана како хомофоб и пред да изнесам мислење, затоа што поставив прашање за конкретна ситуација. Ако вие некого етикетирате така махинално уште шред тој некој да изнесе став, тогаш што ве прави тоа вас?