Пошто таквото мислење е норма, социјална норма која ги повредува хомосексуалците као ... Буквално е ко да одиш и в лице да му речиш дека е ненормален или неприроден. Јер читаат и тука. Исто така, извини ама, кој е Иринеј и зошто не смеам да речам дека е хомофоб ако смета дека хомосексуалноста не е нормална?
Ок сфатив дека не знајш да дискутираш, бар кажвај ми ликојте шо ги користиш кои се за да не морам да ги гуглам. Сериозно пробвам да објаснам и да ти одговорам на секое прашање дур ти упорно одбиваш се шо ти пишам и само сакаш да прашваш прашања ( и да, на ни едно прашање немаш одговорено наназад) и ваљда сакаш да ме најдиш во некое ''got you'' место... Ама таму нека ти е. Имај убав ден simoncelicius.
@theowndemon, само што проверив во нашиот институт за јавно здравје, лани во Македонија од сите хив позитивни, дури 70% било хомосексуалци (мажи). Бујрум официјален линк: https://www.iph.mk/hiv-2019/ Гледаш, секаде е таа статистика горе-доле. Иако хомосексуалците се околу 2% во општеството, сепак тие претставуваат околу 70% од сите новозаразени од сида.
И јас пак ќе ти речам, то е ради индивидуално незаштитување. Ако користат кондоми, шодека се хомосексуалци. И 300 статистики да ми дајш, пак се се сведува на личната одговорност за своето здравје која е скроз независна од сексуалната ориентација. Ама ете да речиме до хомосексуалноста е. Какво решение предлагаш? За да се намали заболеноста од сида.
Ова е твоето првично мислење. Значи никој не те натера да го напишеш. Сама со слободна волја ти си се изјасни. Според твоето мислење, congrats, хомофоб си. Никој не ти го ускратува правото да бидеш хомофоб. Ама тоа се фактите. Ти ги дискриминираш луѓето затоа што имаат различна сексуална определба. Инаку би ти било сеедно. Сега ќе речеш е како ги дискриминирам и загрозувам? Епа фактот што ги сметаш за неприродни. Не го прифаќаш тоа. Значи според тебе треба да живеат или во целибат или вечно несреќни со некој од спротивен пол. Можеби сега ќе речеш ама јас не им забранувам ништо. Точно, сега за сега не. Додека, да речеме еден ден државата не реши да даде референдум за истополови бракови. Тогаш тоа мислење веќе им крати права. Ако живеевме во уште позабегана држава и живот.
Па веќе кога ме категоризира како хомофоб, и ги направи мои жртви хомосексуалците кои мораш да ги заштитиш од мене би требало да знаеш кој е човекот . И не, за разлика од вас "хомољубците" јас никому не се обидов да му сменам мислење, или да го наведам да треба да размислува како јас.
Е како можеш да ја индивидуализираш работава како да станува збор за некакви изолирани случаи, кога јас ти давам статистика од земји со милионски популации? Не може случајно да е секаде да се поклопува истата статистика. Главниот именител на сите статистика е тоа дека сидата се шири енормно меѓу хомосексуалците мажи. Ако сакаш ќе дискутираме зошто баш меѓу нив во толкава мера, ама откако емоционално ќе го прифатиш тој општо прифатен факт.
Еве сега и видовита стана па предвидуваш како јас би се однесувала во иднина. Ако веќе дискутираш дискутирај како што треба а не со претпоставка каква јас можам да бидам. Ниту ме познаваш ниту ништо а си даваш за право да кажеш каква ќе бидам во иднина иако и самата реков неколку пати дека не знам како би се пднесувала кога блиска особа би била хомпсексуалец. Мислам ако знаеш да ме предвидиш каква ќе бидам во иднина иако јас самата не знам секоја чест
Евангелос, се шири кај нив оти се дупат в газ многу почесто. То можи да се спречи со кондом. Шо значи, се сведва на индивидуална одговорност за своето здравје т.е. носење или не на кондом. ТИ си тој шо треба да прифати дека не е само оти се геј туку дека е ради индивидуално ниво на одговорност, и попратно ради почесто ебење в газ природно е дека ќе имат и почеста застапеност на болести. И ти то го знајш. Ме интересира. Ако таа статистика ја презентираш, со која цел ја презентираш? Што мислиш дека е решение? Пошто ако презентираш нешто, то нешто има цел. А вака како шо стои работата, е само комплициран начин да речиш „бу- ху гејој“.
Не сум видовита. Тоа самата го пиша. Рече дека не сакаш таква личност во семејство. Следното е само логички заклучок. Патем тоа ја прашуваше ти @theowndemon . Ќе го игнорирам тоа полова определеност, затоа што знам дека збориш за сексуална ориентација. Затоа ти објаснив како во 2 чекора. Не се наивни воопшто овие ставови "не прифаќам такви лица". Не е дека одбираш сладолед од јагода дали ти е непријатен или не. За човечки животи станува збор. Некој ден нивната иднина можно е да се најде во твои раце. И тоа е тоа што го објаснив. Сега ако не сакаш да го прочиташ и разбереш, тоа е друга работа.
Ако некогаш си почувствувала вербален булинг или ајде да одиме на нешто полесно, си била омаловажена, исмеана, ти направиле да се почувствуваш непосакувано, си се чувствувала како да не можеш да се вклопиш, да припаднеш во друштво, ти изгледало како никој да не те сака или те мразат сите, тогаш би требало да имаш емпатија кон други што го искусуваат истото: во конкретниот случај - хомосексуалците. Не гледам како ти не би била повредена ако мнозинството луѓе околу тебе ти велат дека не си нормална ако, на пример, не сакаш да имаш деца. И почнува да те мава на психа, па бараш вина во себе, па се чувствуваш како изрод. Што е ова ако не повреда? Повреда не е ограничена само на физичка манифестација. Впрочем, ако ја сфатеше поентата на видеото од @Amellie13, немаше да одговориш толку банално со: „А тие се дојдени на овој свет со хомосексуална врска?“, што тотално не е важно за пораката што се обидува да се пренесе. Патем, ако толку е сеедно што ќе каже некој сè додека никој не е повреден физички, немаше да ти смета и да се прокламираш самата како хомофоб, бидејќи според дефиницијата што е поставена погоре и според твоите размислувања, тоа и си. Но не е пријатно кога некоја придавка со негативна конотација е насочена кон тебе, нели? А колку лесно се заборава тоа чувство на непријатност кога придавките со негативна конотација се насочуваат од тебе кон некој друг.
Нема врска гугл, туку ете не ти беше јасно зошто спаѓаш во категорија хомофоб, па тоа е дефиницијата.
Леле, и до сида стигнавте. А сидата скока како болва од човек на човек? Не ни кажа како тебе те загрозува нивната сида? Да не ја префатиш или се грижиш за нив? Инаку за сида имало лек. Исто како и за шеќер, и за висок притисок. Зошто се потресе толку за сидата?
Не е само поради тоа. Туки и поради природната некомпатибилност и невозможноста за поврзување, тие не формираат стабилни врски и затоа менуваат по стотици сексуални партнери т.е. промискуитетот меѓу нив е стократно поголем во споредба со машко-женските односи. И потоа математиката е многу едноставна. Секако дека сидата ќе се шири многу повеќе помеѓу групација што имаат по 100-200 сексуални партнери, во споредба со останатите кои имаат во просек по 3-4 секусални партнери.
И шо предлагаш ти за ова? Нема да повторвам од горе зошто ПАК ќе избегниш то шо е релевантно. Зошто оваа информација е релевантна? Какво решение гледаш ти? Пак ќе ти речам, без да приложиш цел на овај муабет и вадење статистика е само комплициран начин на велење „бу- ху гејој“.