@EvAngelos Имам неколку прашања за тебе. Што за тебе претставува хомосексуалноста? Болест или? Кои се според тебе причините поради кои се јавува, дали е вродена или стекната? Ме интересира дали истите причини важат и за бисексуалноста? Чисто твое мислење. Исто, како твоите пријатели се отрезнија од хомосексуалната ориентација? Ама конкретно сакам да знам, оделе на доктор или на советувања, како успеале во тоа? Од раѓање биле хомосексуалци, или понатаму во животот почнале да одат со мажи? Не ми се саркастични прашањава, навистина сакам да знам.
Природно е збор кој во ваква конотација се однесува за тоа што некој смета дека е правилно или неправилно. Значи, природно = добро, неприродно = лошо. Со оглед на тоа што нема универзално правило за тоа што е правилно, а што не, нема ни универзално правило за тоа што е природно, а што не во општествена конотација. Кога кажуваш некому дека тоа што го прави е неприродно, во суштина му кажуваш дека тоа не е правилно, не е „нормално“ (како сите), што кај личноста евоцира чувства на фаличност, односно тоа е исто како да кажеш: нешто не е во ред со тебе. Затоа се смета за навреда да кажеш дека хомосексуалноста е неприродна. За биологија/медицина нема потреба да се навраќаме, кажано е веќе 100 пати дека сексуалниот нагон кон истиот пол е природен и за други видови на животни.Тоа што е помалку застапен, не го прави помалку природен. Тоа е исто како да кажеш дека албино животните се неприродни бидејќи се многу ретки. Тоа што некои лица (без разлика дали се научници или обични луѓе) не го прифаќаат ова, не го прави овој нагон помалку природен. Зошто мешаш универзални здравствени препораки, добиени врз база на огромен број на истражувања, со општествени норми, кои се различни насекаде? Според мене, не можеш да кажеш дека дебелината или вишокот килограми се неприродни/ненормални, бидејќи покачувањето на тежината е природна последица на повеќе фактори, а не аномалија/неприродна последица и секој човек има флуктуации во однос на телесната тежина, особено жените, ако не ништо друго, барем за време на и по бременост. Дури и не може само по себе веднаш да се каже дека покрупен човек е нездрав, исто како што не може веднаш да се каже за многу слаба личност дека е нездрава, туку тоа се зема предвид како ризик фактор за други потенцијални проблеми. Се разбира, не зборувам за обезни или анорексични личности. Во секој случај, дебелината се однесува на здравје/преживување и тоа е нешто што медицинско лице на професионален начин би требало да му го објасне на личноста, а не со осуда и обвинување. А посочувањето од други личности неретко е проследено со индиректно обвинување или завиено омаловажување. Нејсе, не е ова темата. За разлика од тоа, (не)нормалноста на хомосексуалноста е дефинирана од вредностите на конкретното општество, односно од непишани правила/вредности кои се усвоени од мнозинството. Колку што е поголема „тежината“ на правилото, ако ти не го почитуваш, толку е поголема веројатноста дека ќе бидеш отфрлен и непосакуван, односно кастриран од општеството. Што на многу места, особено кај нас, се случува кога се работи за хомосексуалност. Има потреба да се каже дефиниција, бидејќи ако се водиме по буквалното значење на фобија, хомофобија би требало да биде „страв од хомосексуалци“, а очигледно не е тоа, бидејќи никој тука не им се плаши, нели? Тоа што ти имаш колешка лезбејка и другар геј не значи дека не си хомофоб; чувствата што ги имаш поради нивниот избор на партнер те прави тоа. Знам дека напомена дека ти е сеедно каков партнер имаат, но тоа се сведува на тоа што ти е сеедно како го живеат нивниот живот во целина. Хомофобичноста кај тебе се изразува тогаш кога би имала емоционална поврзаност со хомосексуална личност, односно кога би се работело за твој брат, сестра итн, ти би го чувствувала нивниот избор како неприроден/ненормален. Да речеш не сум хомофобна бидејќи имам пријатели хомосексуалци би било исто како да речеш: стрејт сум бидејќи имам дечко, иако немам сексуални чувства кон него, туку кон другарка ми. Дали имањето дечко би те направило помалку геј? Прочитав и првиот пат кога напиша и не го коментирам ова, бидејќи нема што да се коментира. Супер за тебе. Тоа што ти не се чувствуваш така може да зависи од многу работи: твој (оформен) карактер (возраст), ниво на самодоверба, емотивност, претходни животни искуства и нивно влијание врз тебе, однос со врсници, однос со твоите родители, степен до кој тие се радикални итн. Тоа што ти не си го искусила тоа не значи дека е закон за секоја личност. Тоа е исто како да кажеш: мене вербално ме навредуваа на училиште, но тоа воопшто не допре до мене, па сега значи дека сите кои се навредувани би требало да се чувствуваат исто како мене. Тебе ако не те навредува нешто, постојат луѓе кои ги навредува и човечки е да се обидеш да сфатиш зошто ги навредува. Не мора да се согласуваш, не мора да ги поддржуваш, доволно е само да не користиш зборови кои ги навредува или повредува на некој начин, исто како што не би му рекла на човек без некој екстремитет дека е сакат, иако можеби за тебе тоа би било безопасен, прецизен опис на неговата состојба. Воопшто не се обидувам да те натерам да прифатиш нешто, затоа што е невозможно, особено бидејќи одбиваш објаснување, што и се обидувам да ти дадам, не те ни напаѓам. Си зацртала мислење, твое си е, ниту ти го земам, ниту ти го наметнувам моето, само ти објаснувам, не со надеж дека ќе се „преобразиш“, туку дека ќе сфатиш тоа што се обидуваме да ти кажеме. Повторно не ми е јасно зошто толку до тебе допира и те навредува тоа што сме ти рекле дека е ова хомофобно. Веќе ти кажаа, хомофобија не вклучува само мразење, посакување да се мртви, физичко напаѓање на хомосексуалци, туку вклучува и ова, гледање на нив како неприродни. Ова не е ништо во споредба со претходно наведеното, но сепак спаѓа под хомофобија, макар и блага хомофобија. Исто така, ако не е навреда да речеш дека тебе хомосексуалноста ти е ненормална, што не е општо усвоен факт, тогаш зошто би било навреда јас или било кој друг да ти речеме дека си хомофоб, кога буквално самата одбивност, или ајде непријатност, што би ја чувствувала за личност која ти значи и би била геј е токму одраз на хомофобија? Повторно се зафаќаш за баналности. Буквално секоја реченица што е кажана во филмот не е наменета за да го направи тој паралелен свет совршено логичен од аспект на поредок и размножување на општеството, туку е метафора - реченица која е често насочувана кон хомосексуалците (нормално, за секој не важи сè тоа од а до ш, има нијанси). Конкретно за тоа што спомена - гревот: таа реченица често се користи во католички конзервативни семејства, кои на своите хомосексуални деца им набиваат вина велејќи им дека е грев да имаат такви чувства кон истиот пол. Затоа е и спомената таму. Ти го давам последниот збор. Толку од мене.
Така де, се раѓаат секакви луѓе и тоа не значи дека треба да ги осудуваме и дека се ненормални, неприродни и сл. Тие не избрале да бидат со даунов синдром, да имаат аутизам исто како што хомосексуалците не избрале да се хомосексуалци (и хетеросексуалците да се хетеросексуалци). Споредбава е премногу глупа пошто хомосексуалноста не е болест ама ајде. Не знам зошто мислите дека сексуалната ориентација е нешто што можеш да го бираш. Нагон е, нагонот е природно нешто. А што е со оние хетеросексуалци што применуваат анален секс? И тие се "грешни" ко другиве? Јас сум голем фан на наука, а науката вели дека нагонот кон ист пол го има и кај животните и дека отсекогаш постоел и кај луѓето. Не е ништо ново измислено и модерно.
Цитираната книга на претходната страна, по 5 или 6 пати пишам, има ревизија и нова едиција, и не е во употреба. Чирс.
Погледни наоколу, твоите пријатели, семејство, братучеди, колеги на факултет, погледни во однесувањето или запрашај се за некој што не е во брак зошто не е и ќе увидиш некој работи. Сакам да кажам дека геј луѓето се реалност и се насекаде околу нас, постоеле одсекогаш и постојат и тоа не е затоа што избале да се такви, тоа е затоа што се така родени и не е тоа психичка или физичка болест, туку таа привлечност кон истиот пол ја имаат од најмала возраст. Запрашај се зошто некои машки деца на училиште повеќе се дружат со девојчиња, зошто некои играат со барбики наместо со количиња...
Каков репер се животните за нас луѓето? Ако одиме на кратата дека она што е „природно“ за нив, треба да е природно и за нас луѓето, тогаш... Свињите си го јадат сопствениот измет. Дали ова е природно и за луѓето? Мачките си го лижат газот после какање. Дали ова е природно и за луѓето? Кај животните среќаваме и односи меѓу различни видови. Дали ова значи дека е природно и за човекот да практикува секс со други видови животни? Некои риби, птици, пајаци си ги јадат децата веднаш по раѓањето. Дали и овие се природни работи за луѓето? Животните не создаваат сексуални врски или бракови, туку само водени од хормони и инстинкти се качуваат што „нешто“ - понекогаш и самите не разбирајќи на што. Вие што сте чувале куче, знаете дека тоа кога е во сезона на парење, знае и на ногата да ви се качи, или на некој друг предмет... што знае кутрото, животно е. Ама ние луѓето не сме. Имаме ум и разум. И треба да ги користиме овие.
Имаме и емоции. Некои луѓе имаат емоции спрема истополови. И? Треба да ги потиснат оти некои господа така сакаат?
Како што ти чуствуваш физичка привлечност спрема женски и можеш емотивно да се поврзеш така е и кај хомосексуалците само спрема истиоот пол. Спрема спротивниот не чуствуваат буквално ништо.
Еден од мојте најдобри пријатели е геј, немам ни брат ни сестра па он мие како брат. Го сакам најмногу, живее моментално со сопругот во Лондон и наскоро ке имаат бебенце. Едвај чекам да помине вирусот да се видиме и да станам ''тетка'' .
Каде виде господа што сакаат хомосексуалците да ги потиснат своите емоции? До сега во дискусијава немаше такви, така што не ти го сфаќам прашањево. А ако веќе зборием за емоциите, има луѓе и со еротски емоции кон животни, или кон мали деца, или кон туѓи сопруги/сопрузи. Замисли утре твојот сопруг ти каже дека му се развиле емоции кон колешката. Ама што? Како? Ете така бе, немал поставено граници во односот и комуникацијата со неа, поминувал доста време со неа за паузи, си се отварале за длабоки работи, си покажувале слики од детството, си пиеле заедно, и ете така им се родиле емоции. Дали тие емоции се здрави? Дали треба да ги поттисне или да се води според нив? Дали секоја емоција е добра? Дали треба да се потпираме на чувствата секогаш? Колкупати не излажале?
Леле бе. Како и понатаму мислите дека имате поента после постот на @pdb123 ? Девојчето ви даде такво објаснување и со такво трпение (поклон до земја од мене), што јас да сум на ваше место би ѝ рекла „Секоја чест!“ и би си ги спакувала небулозите во едно куферче, би ги заклучила, клучот би го фрлила и никогаш веќе не би се осмелила да ги пишам на форумов.
Имам учено од учебников, баш памтам хомосексуалност беше класифицирана како растројство. Јас имав постара верзија, ама еве сега читам новата верзија била сменета.Мислам дека тоа не е реткост за сите книги пишувани тој период и порано.Зошто се сега сите ревидирани, не знам дали има јасно објаснување. Е сега дали е стварно така како што велат учебнициве, дали улога имаат хормоните уште кога се развива плодот во утробата(и ова го имам прочитано во учебник, ама за мал одреден број би важело) или пак комбинација од изразување на различни гени - не сакам да коментирам зашто не сум се заинтересирала подлабоко да читам освен овие некои работи што сум ги прочитала на поминување, како едни тврдат едно, други други. Ама пак на крај, поголем број си се така родени, поголем број не можат ништо да сменат така што во контекст на прашањето што ја започна дискусијава, една мајка има избор или да го прифати детето или да го негира/исфрли....а сега што е правилно мене ми е јасно, друг нема да убедувам. Само знам дека огромен број луѓе што викаат со сигурност што ќе направат во една хипотетичка ситуација, на крај кога стварно ќе дојде, го прават спротивното.
Јас целосно се согласувам со дефиницијата од овој универзитетски учебник по медицинска психологија, тука ги има одговорите на твоите прашања: Бисексуалноста не е некое ново растројство, туку тоа е исто како и хомосексуалноста, само во помал интензитет, при што личноста се уште може да почувствува привлечност и кон спротивниот пол, но и кон сопствениот. Нагоните (привлечноста) ќе се зголемува кон полот кон кој личноста ќе го храни/практикува својот нагон повеќе. Други причини поради кои се јавува хомосексуалното растројство се и следниве: Постојат 2 научни студии каде кај многу хомосексуалци е забележан недоволно развиен хипоталамус (мал, но многу значаен дел од меѓумозокот) кој има функција во сексуалноста. До сега ова е научно потврдена причина која може да се линкува со вродена аномалија. Друга причина, многу хомосексуалци во својата лична приказна сведочат дека како мали биле злоставувани од хомосексуалци или слично и таа траума од детството влијаела кај нив. Ова растројство мислам дека најлесно се третира со помош на психолог, трпение и дисциплина од страна на човекот што сака да се избори со тоа. Многу е важно човек да не ги храни своите настрани апетити (со порнографија или со лица од ист пол, па дури и мисли), туку правилно да ја негува својата нормална сексуалност со лице од спротивниот пол кого/која навистина ќе ја љуби. Трета причина може да биде силно разочарување/повреда од врска со лице од спротивниот пол, после кое личноста се разочарува од тој пол и се насочува кон сопствениот пол. Четврта причина може да биде и „експериментирање“ чисто од љубопитство и авантура, кога личноста има на пример (карикирам) 2% нагон кон сопстветниот пол, ама ја потхранува и култивира таа желба, при што таа расте и нагонот се обликува во таа насока. Сега можеби некој ќе рече: „Е како може нагонот да се обликува?“. Еве ви пример. Дали познавате некоја другарка која порано велела дека не ја привлекуваат дебели машки, но потоа се заљубила во некој дечко кој накачил на килажа, ама на неа сега повеќе тоа не и смета и си ужива во интимноста со него? Истото важи и за машките. Често пати и кога ќе раскинат потоа повторно ги привлекуваат „подебели машки“, бидејќи нивната сексуалност го има прифатено тоа како нешто убаво и возбудливо. Верувам има и други причини, ама ете неколку. Едниот посетуваше некаков христијански онлајн курс за сексуална чистота и беше многу дисциплиниран во тоа. Тој велеше дека хомосексуалните мисли му се имаа јавено после многу гледање порно (бил зависен од порнографија). Под итно престана со порното, беше доста дисциплиниран во тоа и едноставно си даде шанса да се зближи со девојка (моја блиска пријателка), многу убава врска имаа, се оженија, имаат дете сега и убав брак. Другите двајца биле сексуално злоставувани од хомосексуалци како мали во пубертетска возраст и тоа влијаело да добијат такви желби. Едниот малку време го практикувал тоа и брзо прекинал, а другиот малку повеќе се задржал во тој стил на живот и затоа и му требаше повеќе време за да прекине. Кога фати девојка, дури и во врската тој направил неколку хомосексуални авантури, ама замисли тоа и го призна на неа, а она толку го сакаше што му прости. И после тоа тој многу сериозно стави крај на тие дејствија, ги прекина сите контакти со таквите луѓе, се фокусираше на неа, изградија преубава врска, сега имаа три деца и вели дека сега воопшто нема такви „искушенија“ како порано. Не верувам дека ме лаже, бидејќи беше претерано искрен порано, воопшто не се срамеше да каже за своите грешки и падови, и нема причина сега да крие.
Еве. Немој некогаш да кажете дека сте против конверзиона терапија. Буквално и сами си знаете дека тоа е конверзиона терапија и радо го прифаќате
Скраја да е некогаш да сум кажал или да кажам дека сум против лечење и хумано користење на медицината, биологијата, психологијата, доколку тоа е можно се разбира. Разликата е во тоа што ја никого не притискам да стане ваков или онаков. Секој си има слобода и лична одговорност да си биде што сака и да си верува во што сака. Сепак нивната слобода не може да ја ограничи мојата слобода да си ги кажам и моите ставови. Тоа се нарекува слобода на говор и толеранција. Пример многу ЛГБТ пропагатори зборувале против верата во Бог, против верниците, се исмејувале на велико, правеле дури и пародии и первезни содржини со Исус, го претставувале Исус како хомосексуалец итн... па сепак никој не ги нарекол нив бого-фоби. Разликата е во тоа што мнозинството луѓе ги прифаќаат и толерираат ЛГБТ луѓето, па дури и ЛГБТ пропагаторите (оние што не се ЛГБТ лица, ама слатки им се парите од Сорос и слични фондации), а пропагаторите на ЛГБТ идеологијата се крајно нетолерантни кон сите што не ги споделуваат нивните убедувања и вредности. Иронијата е во тоа што токму тие (најнетолерантните) најмногу зборуваат за толеранција. За жал не се ни свесни дека бараат само еднонасочна толеранција. Секако има исклучоци и ваму и таму.
@EvAngelos Ти благодарам на одговорот. Ќе се осврнам на неколку работи кажани од тебе во постов и на претходните неколку страни. Извадоков од учебникот не знам баш како да го сфатам, зошто прво вели хомосексуалноста може да се јави во пубертетскиот период, а после психологов вика: "Хомосексуалец не се станува, хомосексуалецот така се раѓа". Кое од овие две тврдења е точно? Со кое се согласуваш ти? Одиме понатаму. Пишува дека хомосексуалноста може да се јави во затвори, војни кога не може да се најде личност од спротивниот пол. И да, има случаеви каде што машки војници или затвореници се ебат во газ, но тоа не ги прави хомосексуалци. Тие се родиле како хетеросексуалци, цел живот имале односи со жени и ги привлекувале жени. Некој што е 15 години во затвор, немајќи како да си ги оствари сексуалните нагони му го става на некој друг маж за да си се олесни, а не дека чувствува привлечност или гаи љубовни чувства кон истиот пол. И што, утредента тој излегува од затвор, и наеднаш ќе му се "излекува" хомосексуалноста и тој магично ќе стане хетеросексуалец? Ќе дадам и пример. Знам три лезбејки што беа принудно натерани од нивните семејства да се омажат и да родат деца. Но, тоа не го менува фактот дека тие се сеуште лезбејки и дека уште ги привлекува истиот пол, иако имаат односи со маж. За нив може да елаборирам после. За бисексуалноста, во некој претходен пост имаше пишано дека е избор, со што никако не се согласувам. Исто како што ти не избираш да ти се допаѓаат жени, едноставно ќе видиш убава девојка на улица и ќе те привлече или ќе запознаеш/ќе те запознаат со некоја, ќе направиш муабет и ќе ти се јават некои емоции, истото е и со бисексуалците и спрема мажи и жени. И како може привлечноста повеќе да се развие кон полот кон кој повеќе ќе се практикува нагонот? Бисексуалноста е спектар. Може на една бисексуалка 80% да и се допаѓаат мажи, а 20% жени. И она ќе си рече, е сега само со мажи ќе идам, со ниедна жена и така зошто ќе си го негувам нагонот кон мажите тие 80% ќе станат 100% и јас ќе станам хетеросексуалка. Значи, бисексуалец може да бидеш и со еднакво да ти се допаѓаат двата пола или едниот да преовладува над другиот, па и една жена да се омажи тоа нема да го смени фактот дека е бисексуалка. И зошто бисексуалците се бисексуалци? Еве хомосексуалците (читам од твоето мислење) се хомосексуалци заради хипоталамусот, биле сексуално злоставувани... А бисексуалците? За четвртава причина, од експериментирање не можеш да станеш хомосексуалец. Пак ќе кажам пример. Кога бевме основно, се лапавме со другарките, еве моја другарка пострејт што не може да биде се лапаше со мене и уште две девојчиња, од чиста причина еј покажи ми како се мува, се вежбавме за да знаеме како требало, и демек да се оцениме која како се мува. Детски работи. Еве ниедна од нив не е лезбејка денес, и се во долги врски со мажи. И јас не познавам личност што од ваква работа станал хомосексуалец, зошто тоа просто не е возможно. (Освен, ако пред тоа не бил хомо или би, а се прикривал.) За другарите, многу сум заинтересирана за содржината на тој курс, ако можеш да споделиш некои методи или материјали. Односно не мора од тој курс, еве кажи лично според тебе кои се начините за "лекување" на хомосексуалноста, ама посочи ми конкретни примери, кај тој и тој доктор, кај психолог/психијатар, како тече советувањето и терапијата, дали покрај советување има и терапија со лекови? Ако да, каква? Ете, можеш и другар ти да го прашаш некое од овие прашања, ако не ти е тешко. А сега, пак да се навратам на девојчињата од погоре. Како и твоите другари, се омажија, имаат деца, на фејсбук да ги видиш, слики со мажите, мислиш дека имаат идеален семеен живот. А во реалноста, се земаа со плачки под присила, некои од нив продолжија и во бракот да се гледаат со жени, се чувствуваат мизерно и несреќно, и погоди што, уште се лезбејки. На страниве поназад, исто те прочитав дека сексуалните нагони се развиваат во пубертетот, па така и хомосексуалните нагони. А чекај, ти до пубертетот беше празна книга и наеднаш во пубертет сфати дека си хетеросексуалец? Сексуалната ориентација не опфаќа само сексуални нагони кон истиот или спротивниот пол. Тука спаѓаат и симпатии, привлечност, љубовни чувства што се јавуваат уште од најмала возраст. Додека мене во градинка ми бил симпатија некој Филип, на мојата другарка лезбејка и била симпатија Симона. И да, во една прилика ја прашав другарка ми кога знаела дека е лезбејка. Ми кажа, откако знам за себе, значи од најмала возраст. Друго, може ли да ми покажеш некоја статистика дека геј луѓето имаат од 100-200 партнери, а стрејт луѓето во просек 3-4? И на страна сидата, што мислиш уреаплазма, ХПВ, кламидија, гонореја и слично кај која популација се јавуваат и зошто? Какви се последиците од нив?