Океј, нормално не сум против апдејтирање книги, ама што точно се открило за да има радикална промена во пристапот?
Се променило тоа што како психијатриска дијагноза не може да биде нешто што не предизвикува егзистенцијални проблеми на личноста, нити и штети ниту на таа личност ниту на некоја друга личност од нејзината околина. И нема никаква потреба да се лечи било како, нити да се третира. Кому смета и каква штета прави хомосексуалецот?
Би прашала пак, али не сум во контакт со професорката веќе една година. Ама можда конечно паднаа во линија со APA и ќе биди предолго мислење зад што стојат APA зато ќе изоставам. Како шо кажав, ова е муабет од пред 2-3 години и точно толку време кажвам дека книгата не е во употреба и точно толку време книгата на секои неколку месеци се користи како некаков „доказ“. И не стојам зад како и зошто, само кажвам едно исто и го поворвам. Има апдејтирана верзија. То е се шо велам. Ако некој сака да се држи до статистика, истражувања и докази, тогаш истите мора да се апдејтирани. То е буквално се шо велам. Моментално, конкретната книга е апдејтирана. Во иднина ако ми е прикажана статистика, за која има понова верзија, ќе го донесам то до знаење. Така и со книгата. Буквално, то е се шо велам. Ништо поќе. Ако некој сака да принесва докази, мора да се нови, а не да се одбира кои одговараат на личноста да ги прикажи, а тие кои не одговараат да се скријат. И по некој месец пак истото ќе го кажам, зошто по некој месец од кога ќе стивни темава, пак се активира и пак магично сликите од книгава никнуваат.
Куп истражувања има дека најолемите хомофоби само се или антихомофоби или ја поттиснуваат сопствената сексуалност. Кое си ти, @EvAngelos?
Има и трето, поврзано е со второто шо го предложи. Не е дека се хомо туку толку многу им е страв да не случајно се, и се несигурни во својата сексуалност, шо буквално хејтаат хомо. А уствари не се, само пусти страв ... Апдејтираната верзија само ја имам читано, ја немам физички пошто не ми се исплаќаше да ја земам и неа од кога завршив со студии. Можам да се распрашам кај можи да се најди ако те интересира тебе или некој друг воопшто ако сака да ја набави. едит. Пратив еден мејл, ако не добијам одговор ќе пратам друг. Познавам и студенти „од помалите“ шо ја користеа новата верзија па ќе прашам ако можат да ми сликнат.
Тоа со проблеми...индивидуално е.Ако направиш анкети, истражувања, сигурна ли си дека ќе наидеш само на позитивна состојба кај луѓето? Тоа што била претходно ставена како растројство валјда произлегува од фактот што се зема нешто како норма(во случајов хетеросексуалност), а останати поретки состојби се карактеризираат како отстапка. Не мора да значи дека тоа е лошо само по себе или дека претставува закана за луѓето наоколу, барем јас не го сфаќам зборот растројство толку трагично.Зашто да, самото постоење на човек хомосексуалец не е штетно и без разлика како ќе се означи не имплицира дека треба да бегаме како ѓавол од крст. Има многу работи што се означуваат така или отстапуваат од физиологијата па сепак не прават некоја штета на човекот туку едноставно си постојат.Само не се карактеризираат како норма. Значи сепак не исклучуваш дека може да се работи за менување под притисок и нема некои значајни научни откритија? Spoiler Знам дека се нервираш
Се легализираа бракови во некои земји, посвојуваат деца, сосем нормална работа станува, секако ќе се смене во книгите. Скоро и во учебниците се смени она дека жената е домаќинка и тие стереотипи така и ова.
Јас не исклучвам ништо. Али дека немаше притисок скоро и сум сигурна јер темава ја зборавме на широко и на тесно на предавања. Во иднина можи и ова ќе се докажи како грешно и пак ќе се смени. Промените не се лоши, реално. Не можиме да негираме нешто само зошто сметаме НИЕ дека не е така, а и понатаму сакаме да прикажваме докази како поддршка на аргументи. Ти пробваш да напрајш книгата да не е легитимна, јас ти викам та е апдејтирана и претходната не можи да се приложи како доказ. Можи едитираната е грешна, ама то само иднината ќе го кажи. И во иднина нема да можам јас да се потпирам на сега новата, тогаш стара едиција, само зошто мене ми одговара. На ова ми се заснова муабетот иако сфаќам кај одиш. И зато само истото го повторвам, оти то е то шо го пишав во првото мислење и то е единственото релевантно нешто.
Светот не е ист. Еволуира секоја година и мислењата, законите, принципите на луѓето се менуваат со овој развиток, што научен, што општествено-социјален. Пред 5 века во книгите пишувало дека земјата е центар во универзумот, па сега знаеме дека не е. Пред 5 века, се палеле луѓето за овие прогресивни идеи. Денес пак, рамноземјашите служат за зафрканции и мемиња. Исто е и со хомофобите.
Абе идев накај тоа дека не мора да значи дека секоја промена е оправдана...негде е нејасно што и како се случува.На пример мене тука не ми се разјаснува како се апдејтираат книги без добра основа.На пример, има добри докази дека земјата не е рамна, не е сѐ уште предмет на истражување. Тебе те разбирам што кажуваш, океј е
Дали доказите ги спречија рамноземјашите да тврдат дека Земјата е рамна? Епа истото е и со хомофобите.
Извини ама кои цврсти докази ги имаш за темава? Ајде размисли и нема потреба од мешање работи што не се за мешање.
Нема да наидеш само на позитивни, никаде нема саппо позитивни. Ама во тој случај ним не им е проблемот тоа што се хомосексални, туку куп друго проблеми меѓу кои тоа што лушето како тебе не ги прифаќаат. Значи тие самите за себе не се проблем, ниту создаваат проблеми некому, ама има луѓе кои ним им создаваат проблеми. Кој треба да се лечи во овој случај? Има и за тоа збор, хетеронормативност. Значи хетеронормативност, конверзиона терапија, фино си кажавте за што се стоите
Искрено не ни знам што точно е и што опфаќа конверзиона терапија, ниту пак сум НИЕ.Моите ставови се мои, не на други членови.Заклучоци немој да си вадиш. Хетеронормативност?Па на што се заснова животот?Што е основата? Сум за прифаќање и интеграција, не знам каде виде да речам дека ми смета некој, ама не сум за менување на факти и убивање на здрав разум само за да биде задоволен еден дел од популацијата.Слично како и дискусијата со транс жени и вистински жени, нели, се сеќаваш?Или трансфобија(според субјективна дефиниција) ти е океј, ама тука никој ништо не смее да пише? Веќе и јас заборавив што сакам да кажам.Ај доволно е, ми се здосади.
Извини ама имаш доказ дека баш поради тоа ја едитирале книгата? Можеме до бескрај да се контрираме. Вашите индивидуални мислења се потполно небитни. Среќна сум поради тоа што сè повеќе и сè почесто слушам за примери за успешни љубовни приказни помеѓу луѓе од ист пол. Љубовта победува сè Имај убав ден.
Не ја читам темава и нема што да разглабам. Кој што сака нека си праи со тело. Ок тоа, но ми смета една работа. Споредување на животни со луѓе. Побогу, имало хомосексуалност меѓу животни па ок е да има и кај луѓе. Имате инсекти кои си ги убиваат партнерите после секс, па ај и ние да ги убиваме нашите а? Веќе коа идеме по таа логика... Муабетот ми е, не го споредувајте човекот со животните. А сега продолжете со дискусијава.