Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Дај кажи кај кој исцелител беше, сакам и јас :(
     
    На Ena05, x.Daisy.x, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И не само тоа, децата на Адам и Ева како браќа и сестри се плодеа и множеа и ја наполнија земјата со свои потомци. Така си пишува во Битие.
    Е сега тоа што парење помеѓу браќа и сестри е најтешка форма на инцест е друга ствар. Паднатиот тогаш се уште бил Божји слуга, подоцна паднал, не може тоа да му се припише нему.:devil:

    Дакле сите ние сме тука благодарејќи на масовна употреба на инцест, барем према рисјанската митологија.
    И што сега, треба да ги осудуваме лицата со нестандардна сексуална ориентација?!
     
    На SV1911, Gosh и Lella им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Инцесот не бил присутен на почетокот затоа што проблемот на инцесот (генетски пореметувања кај деца од блиски роднини) е резултат на поклопување на мутирани инфериорни гени кај блиските роднини. Веројатноста за поклопување на мутирани гени кај далечни роднини е драстично помала. Но Адам и Ева биле создадени телесно совршени, без мутирани гени и затоа инцест проблемот не постоел на почетокот. Генетската совршеност на Адам и Ева ја гледаме и во нивната долговечност.
    Од друга страна, инцестот е забележан кај животните, а особено кај шимпанзата кои според Дарвин се наши далечни братучеди нели? :) Така што инцест проблемот не се избегнува ако некој одлучи да верува повеќе на Дарвиновата приказна, со таа разлика што Библијата има објаснување зошто инцестот не бил проблем во почетокот на човештвото.
     
    На Rama и Vitaly им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Само еден исцелител постои душо... слава на Бога! :inlove:
     
    На Petra777, Rama, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Е да, тоа дека Адам живеел 900+ години 8)
    Може тие биле совршени како први луѓе но затоа нивните деца се пареле меѓу себе, децата на тие деца се пареле меѓу себе, децата на децата на тие деца се пареле меѓу себе, не постои генетика која ќе го издржи тоа.:devil:

    Инцестот и проблемите поради инцестот се две различни ствари, според таа митологија ние сме тука како резултат на инцест кој е сексуален однос помеѓу близок род, дали и колку имало проблеми е друго прашање. главно е дека инцестот го практикувале масовно, цело село.
     
    На SV1911 и Gosh им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    @Црна Ружа генетските истражувања докажале дека постојат генетски Адам и Ева, дека всушност сите ние имаме еден женски заеднички предок и еден машки. Порано науката ги сместуваше овие два предци на некои 30-50000 години разлика, ама последните истражувања покажуваат дека е сосема возможно генетскиот Адам и генетската Ева да живееле во истиот временски период. Така да, сакал-неќел сите имаме еден заеднички прапра....дедо и една заедничка прапра...баба.
     
    На Rama, zhap4e и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    На ова мислиш?
    https://en.wikipedia.org/wiki/Mitochondrial_Eve

    Па не е баш дека била само една, тоа е така во популарен контекст, настрана што имала/имале милиони претци пред нив :) не се створени со декрет на некое божанство, ex nihilo како шо кажуваат католиците :party:
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Науката вика дека не е исто. Поентата ми беше дека не сме нешто уау генетски чисти суштества. А и има многу работи што се неточни/неистражени. Дарвин не е апсолутно во право. Самиот тој верувал во телегонија, која ние тука со право веднаш ја отфрливме и ѝ се изнасмејавме.
    Сакав да кажам дека човековата генетика е и многу комплексна и многу неистражена.
     
    На Rama и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Нема докази дека биле две или повеќе жени на почетокот т.е. дека Ева не била сама, а и Адам исто така. Научните факти се дека сите поттекнуваме од една жена и од еден маж. Толку се фактите на популационата генетика. Сите други драми, филмови и режии за тоа дека имало и други евентуални жени и мажи ама ете тие некако не успеале пород да остават, туку само двајца успеале да остават пород и да ја населат земјата денес се во доменот на научната фантастика и очаен обид да се негира фактот дека поттекнуваме од еден маж и една жена.
    А ако почнеш да пресметуваш која е математичката веројатност да не се протне ниту еден предок на другите евентуални жени и ниту еден предок на другите евентуални мажи, тек тогаш ќе си имаш сериозен проблем со науката, логиката и разумот :)

    Ама нејсе, ова не е прв пат Дарвинизмот да се брани со замислени сценарија. Така што веќе видено кај еволуционистите. Не зборам овде за тебе, туку за критичарите на овие генетски истражувања кои упорно ги толкуваат во рамките на Дарвинизмот.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во време на Дарвин не постоела генетика, морал да работи со тоа што го имал на располагање, нормално дека правел и грешки, сепак Потеклото на видовите е од пред 160 години.
    Нема ништо чисто, фун фацт делиме 70% од гените со обичен компир 8)

    Немам јас проблем со разумот, јас сум аналитичка машина на две нозе :D
    А чекај, ме интересира прво како си мислиш дека се сретнале тие, првата жена така си лутала по тоа саваните, милиони квадратни километри, превозни средства нема...и го сретнала Адам кој исто така лутал наоколу...и се спариле?! :worried:
    Не потекнуваме од еден маж и жена, тоа е креационистичко гледање на работите, потекнуваме од првобитните живи едноклеточни организми, целокупниот живот на планетата има заеднички претци.
    Е сеа креационизмот е друго, тоа е христијански поглед каде што Писмото се зема како документ а не како митологија.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    За сите што мислат дека хомофобијата и трансфобијата како дискриминации се искоренети во 21 век, дека барањето права од страна на овие заедници е „барање преку леб погача“ и со тоа всушност потајно сакаат „да завладеат со светот“, еве извадоци од официјални учебници напишани од универзитетски професори, коишто заедно со ставовите на тие професори се авторитет во високо образование.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Добро прочитавте, еминентни психолози ги учат своите студенти на вакви вредности, а притоа и како научници од областа на психологијата се држат (во едниот цитат) до игнорантниот став дека хомосексуалец „се постанува“, па може туку така сите да постанат хомосексуалци.

    Замислете да сте дел од ЛГБТ заедницата и студент на факултет кадешто предаваат професориве и се користат учебниците. На предавања да слушаш и да треба да учиш за на испит вакви небулози против самиот/самата себеси.
    Па и јас како стрејт личност, кога би била студент на психологија - како љубител на таа наука и со оглед на тоа како ја разбирам нејзината улога, не би можела да замислам некој ова да ми го бара како знаење.
    #КадеЖивееме... :clap:
     
    На WildMk, Lolo5, Црна Ружа и 6 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.869
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial оф да знаеш. :D Влегувам кај еден прфесор на предавање вика дека хомосексуалците, трансродовите лица се дел од парафилии, растројство од нагонска сфера. Одам на следно предавање на кое следен професор ни кажува дека хомосексуалноста не се третира, треба да биди прифатена како таква, дека на такви лица мора да им се посвети исто внимание како на други лица, дека секогаш постоеле и ќе постојат. Оние првите не го менуваат мојот став ама за жал да добијам оценка ќе мора да го напишам.


    Инаку да прокоментирам за "дискриминираните" хомофоби, ако не сакате да сте дискриминирани - не дискриминирајте. Знам дека е лесно да дискриминираш некој, и знам дека повеќе боли на своја кожа. :)
     
    На SV1911, WildMk, BlackAndWhiteSwan и 4 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    10.242
    Пол:
    Машки
    Сите луѓе, без разлика на нашите убедувања за својот или туѓиот родов идентитет или сексуална ориентација треба да имаме еднакви права пред државата. Рамноправноста треба да им е загарантирана на сите граѓани и треба да се толерираме во однос на различните убедувања и животни стилови. Никој не треба да му биде гајле што некои други прават во нивната постела, секако доколку нема насилство, силување или злоставување и е потребно да се заштити оштетената личност.
    Но често знае да се манипулира со зборовите: толеранција, човеково право, дискриминација, хомофобија и сл. Толеранција на пример не значи дека јас мора комплетно и во сѐ да се согласувам со тебе. Толеранцијата има смисла и постои само онаму каде што има несогласување и различни мислења. Ако јас и ти во сѐ се согласуваме, тогаш чуму потребата од толеранција нели?
    Затоа на пример психологот кој верува дека хомосекусалноста е растројство на сексуалниот нагон треба да го толерира професорот што смета дека таа е нормална појава и обратно. Подржувачите на традиционалните родови (маж/жена) и традиционалниот брак и семејство исто така треба да ги толерираат LGBTIQA (Lesbian, Gay, Bisexual, Transgender, Intersex, Questioning and Allies) и да не ги етикетираат со навредливи термини, а и обратно, подржувачите на LGBTIQA треба да ги толерираат луѓето кои сметаат дека хомосексуалноста е растројство на сексуалниот нагон и да не ги етикетираат со хомофоби и сл. Не може ни едните, ни другите да бараат нивниот став да биде доминантен и апсолутистички прифатен од сите. Тоа не е толеранција и на тој начин едните им го загрозуваат човековото право на другите.

    На пример, јас не би и го ограничувал правото на оваа жена да си верува дека е мачка. Но ни таа не смее да бара од мене да ја третирам како мачка, да и се обраќам со „мац, мац“ или да бара сите психолози и сите професори да мораат да зборуваат и пишуваат во учебниците дека Catwoman е нормална работа, а не само глумица во филмот Бетмен :) Во тој случај е одземено моето право, не се толерира моето мислење за тоа што е човек а што мачка и дискриминирана е мојата интелигенција.
    http://www.telegraph.co.uk/news/new...s-she-is-a-cat-trapped-in-the-wrong-body.html
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.199
    Пол:
    Женски
    Ајде, религиозните да имаат тивка резерва некоја кон хомосексуалците, ги разбирам. Сепак, се работи за поминување на вечноста во пеколот, а тоа не е играчка. :D
    Проблемот е кај онакви кои од лични фрустрации повикуваат на дискриминација, шират параноја, лаги, невистини, употребуваат навредливи зборови, дури „заплашуваат“ со линчови. Не за друго, досадни се. Не дозволуваат ништо да им биде објаснето онака како што е навистина, туку се мора да се прилагоди на нивната ограничена логика. Кога неоснован бунт не останува назад во тинејџерските години и индивидуата продолжува со изразена нетолеранција после 20-тата, веќе може да се изведе заклучокот дека во прашање се ликови со слаб интелект, одгледани од родители со низок степен на образование, со потекло од лошо ситуирани семејства. Затоа и хомофобијата е најзастапена во сиромашни земји, каде јадници не можат да се соочат со својата мизерија, па, полесно ги голтаат своите фрустрации и комплекси, верувајќи дека треба да се отежни постоењето на се што живее, мрда и прета околу нив.

    И уште нешто, вам на кои не ви се допаѓа хомосексуалноста како појава, начинот на кој хомосексуалците самите се дефинираат, зошто ви пречи да бидете наречени хомофоби? Хомофоб не подразбира личност која манифестира паничен страв од хомосексуалци и се крие од нив, аман од буквално сфаќање поими.

    Се што напишав за хомофобијата, важи и за трансфобијата и останати фобии кон слични групи (ако имаат називи воопшто), само ме мрзеше да нагласувам на секое :D
     
    На Ena05, SV1911, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  15. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    IMG_20180304_125215.png
     
    На Ena05, SV1911, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Интересно е што никако не сакате (ти и твоите истомисленици) да има омраза меѓу луѓето и поделби на било каква основа а види, хомофобите биле assholes. Двојни аршини. :wasntme:
     
    На Petra777, Marija), zokystanoevsky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Да бидеш хомофоб е твој свесен избор (за разлика од... еве не знам, бидувањето геј). Можам слободно да си извлечам мислење за тоа каков човек е некој базирано на некој негов избор.
     
    На stranger2, SV1911, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  18. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Инаку да прокоментирам за "дискриминираните" хомофоби, ако не сакате да сте дискриминирани - не дискриминирајте.
    By @theowndemon

    Simple as this.
     
    На stranger2, WildMk, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    Фобиите не се бираат како што знам, а штом сте го нарекле -фобија тогаш малку повеќе разбирање треба да имате :!: Во спротивно, најдете друг назив.
    И бидувањето геј може да е свесен избор во одредени примери.
     
    На Petra777, EvAngelos, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Јас зборам за двојни аршини. Не сакате хомофоби, не сакате расисти, не сакате верници кои се оградуваат од неморалот, не сакате патриоти, имате за нив погрдни зборови како овој - assholes. И какви уште не луѓе ги мразите и не сакате да имате во животот ништо со такви, никаква допирна точка, а се фрлате во одбрана на хомосексуалци, проститутки и останати категории велејќи дека не треба да има поделби меѓу луѓето. Иронично. Многу лицемерие. Поделби имало и ќе има, дури и меѓу вас кои велите дека сте против поделбите. ;)
     
    На elenaxbbg, Petra777, Marija) и 4 други им се допаѓа ова.