1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Каде виде дека ми пречи? Каде и како заклучи дека јас си давам за право некому нешто да бранам?

    Пак ќе се вртиме со прашањава во круг ли?

    Веќе одговорив не знам како би реагирала ако се работи за близок со кој живеам. Никаде не напишав дека ќе прекинам контакт, дека ќе му бранам, дека ќе се откажам од него, дека ќе го уценувам.

    Каде виде ти битност или возвишеност? И најбитното каде виде злоба? Навистина?

    Логично би било да реагираш вака ако се изјаснив дека чувствувам омраза, ако повикував на палење, на каменување или ако собирав луѓе да протестираат против. Али ти сето ова го напиша само затоа што изнесов мислење дека според мое воспитување и верување за мене не е природно.


    Зоофилија не ја споменав како оправдување за хомосексуалност- туку како одговор на тврдења дека животни и луѓе не се разликуваат и дека природно е животни да имаат односи со различни видови. Затоа и пишав ако не се разликуваат а природно е да се има секс со различни видови тогаш зошто не е природно да човек има секс со животно, ако веќе тврдите дека сме исти.

    Педофилија исто не ја ни споменав. Само кога членката побара да се даде нешто, пример некок, видео, твит било што каде што хомосексуалци бараат да се смета за нормална зоофилија или педофилија го поставив линкот. И толку.
    Значи педофилија и зоофилија воопшто не ги израмнив со хомосексуалност .
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    Браво Симонче за упорноста за хипотетичко прашање, три дена го отупе, ете ме убеди.
    Следен пат кога ќе ја видам темава за хомофобија, хомофобија ќе ме фати, затоа одам сега да се сокријам под маса. :bandit:
     
    На mode-kristina, DAngel, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    @simoncelicius Нека му се дозволи, никој од овде не рече да не му се дозволи.

    И пак не разбирам како признавањето на ЛГБТ ќе води кон полигамија? Тоа значи ако се признаат геј браковите да речеме низ сите држави на светов, автоматски ќе се признае и полигамијата во сите тие држави заради што некои од хомо и бисексуалците се полигамни? Па и да се дозволи некогаш полигамија во многу држави кај што ја нема, каква е корелацијата меѓу признавање на ЛГБТ и полигамните бракови? Пошто полигамни има меѓу сите ориентации.

    А во оние држави кај шо веќе се признаени полигамни бракови и успат признаат геј бракови, и некои од геј луѓето решат да се во таков полигамен брак, НЕ води кон полигамија самото нивно признавање, таа веќе си постоела таму.

    Значи, ќе потенцирам тука зборувам за твоето: "Признавањето на ЛГБТ ВОДИ кон полигамија".
     
    На mode-kristina и pdb123 им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    На пример низ теков на последниве 10-15 страни? :wasntme:

    Ако не ти пречи, немаше тука да пишуваш постови и постови. Праша прашање, ти одговорија. Што е проблемот тогаш? Што те нарековме хомофоб? Ако навистина сметаш дека не си, нема да се убедуваш. Или толку ти значи што мислат за тебе на форумов?

    Искрено, мислам дека ни сама не знаеш што сакаш и што мислиш. Ваљда затоа си осетила потреба да поставиш такво прашање.
     
    На mode-kristina, Purplelilac, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Душо, бисексуалците се секогаш привлечени кон двата пола истовремено. Исто како што ти си привлечена кон машкиот пол секогаш. Дали ти имаш потреба да се омажиш за два мажи истовремено затоа што „те привлекуваат“? Или и ти минуваш низ фазите на врска, љубов, бирање на животен партнер?

    Полигамијата нема врска со сексуална ориентација... стрејт луѓе, геј не се секогаш моногамни. И не знам зошто се запна со ова затоа што има 0 смисла.
     
    На smooch, dayla, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Еве да заклучиме: не само што сум хомофоб, туку и сум притаен хомосексуалец, кој преку хомпфобијата се обидува да си ги прикрие чувствата. Океј?

    Гледам дека сум тотално погрешно сфатена на темава па не би да продолжувам да не излезе дека пробувам да се бранам.


    И да, мнооооогу, немаш појма колку ми значи што мислат за мене непознати особи на форумов. Озбилно.
     
  7. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Дела, не зборови. :hai:
     
  8. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Не ја читав целата дискусија и не знам дали некој ти одговорил на прашањево од баш лично искуство. Ама толку ми збрца во очи, не можам да издржам, а да не ти одговорам веднаш. :)
    Брат ми е геј. Знаев со години, ама никогаш директно не ми кажал. Пред година и пол беше прилично директно. Излеговме со негово друштво во кафана, па продолживме на друго место и таму ми кажа: Дајла, ова е дечко ми Петре. Замисли, знаеш што кажав??? Мило ми е Петре. И не знаеш колку бев среќна таа вечер и колку убаво си поминав, зашто бев просто среќна дека брат ми е доволно комфорен да го сподели тоа со мене. А знаев со години, и тој знаел дека знам, а му требаше да отиде накај 30ка за да прв пат претстави таков важен лик во неговиот живот, и тоа на сестра за која прилично добро знае како гледа на светот.
    И искрено, не знаеш колку ми е жал. Жал ми е што брат ми, и илјадници други живеат во ист свет со луѓе што мислат дека прашањата што ги напиша имаат било каква смисла. Жал ми е што мора да се кријат и дома и пред светот, да бидат бркани на улица од сопствени родители, да бидат понижувани и тепани неретко почнувајќи од најранлива возраст.
    Ако имам деца ќе ги преставам како вујковци. И по тоа каков е брат ми и каков му е вкусот, ќе бидат прекул вујковци. :inlove: Ако имаат деца, ќе си бидат братучеди, а мене најмили внучиња.
    И замисли, од своите деца нема да очекувам внучиња, туку само ќе сакам да се среќни. :)

    И уште ова. Прашуваш дали уште ќе ширев љубов и разбирање?! Не можеш да замислиш колку. И тоа сакам да оставам позади себе, не само затоа што сум нечија сестра туку затоа што сите сме луѓе, со еднакво право до таа иста љубов. Не верувам ни дека нешто посебно ќе допре ова до тебе, ама ги оставам моите 2 цента зашто може некој како брат ми ја чита темава на другата страна, а еден господ знае колку малку поддршка имаат во вукојебинава од која сме ние.
     
    На TempTest, smooch, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Јас сакам @EvAngelos да ми врати зошто веќе втор ден ме игнорира...

    А со @simoncelicius веројатно се разбравме веќе, бар со последново што го пишав.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Јеботе кој мајндфак.

    Абе како и да се осеќате во врска со гејојте, посебно ако ви се од најблиско семејство, аман затнете тоа устите и остајте ги да живеат.

    Не сте фактор да кажувате кој како треба среќен да биде и со кого во животот да биде.

    И да ви е тешко плачете си сами во соба, не им го ебете животот.

    Што отворив, што се истрауматизирав богдачува.
     
    На mode-kristina, candy.cane, pdb123 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    И да ги израмниш, исто е. Во сите три случаи се работи за здравствено нарушување. Проблем е што една група од тие три постојано се форсира како да е нешто најнормално и последните неколку генерации го имаат тоа прифатено и се спремни очи да вадат ако си против нив. Тие споредуваат човек со животни само во ситуации кога нивната прича се поклопува со тоа. На кутре и нога да му пружиш тоа знае да почне да ја секса а да не зборуваме за друго животно или па ист пол. Животни не бираат ниту имаат разум. Во последно време и педофилијата се форсира и верувај дека и тоа ќе биде легално. Имаат групи по инстаграм и слично и баш гледав еден говор и изродот вика па што ако имаме секс со деца доколку тие деца не се против, и нив им е убаво. И чудно е како интернетот врие од такви групи, слики, постови и слично. На инстаграм имаат хаштаг pedosexual и инстаграм не им брише ништо. Додека мене моментално ми бришат постови поради што имав ставено хаштаг skinhead.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Оставени се и живеат среќно. Проблемот и целиов муабет е да си кажеме лично што мислиме. Немам јас право да те терам тебе да бидеш против нив, ниту пак ти имаш право да ме тераш да ги прифатам. Цело време се контрате што одредени луѓе не ги прифаќаат. И тоа е личен избор, секој си знае што е најдобро за себе.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Не.

    Темава ја пратам премногу од блиску зошто примарна цел во живот ми е заштита на деца. Ама да, има деца кои се "океј" и ги поддржуваат ама педосекшуал не поминва. Зато се викаа мапс. Зато ставаа тајни знаци на твитер акаунти да се препознаат. Оти ни една свесна и совесна личност не поддржува педофилија. Сакат очајно да се провнат под ЛГБТ чадорчето, ама не им успева. Јер се наоѓаат онлајн и групираат почнаа да излегуваат од сенките, апсолутно точно. И то е точна причина зошто се суптилни и суптилно мамат деца да ги поддржуваат. Нема возрасни од страна шо се #mapallies туку се манипулирани деца шо се споиле со грешен Твитер профил. И то е с т р а ш н о. Ама светот жестоко се спротиставува. Светот се спротистави за 19 годишна шо излапа 13 годишно дете, а не па за друго. Ова спомнувам како последно и не толку екстремно како други мап приказни.

    За другиот дел шо си пишал:
    Изедначи ги for all that I care, ама не можиш да негираш дека има разлики и тоа огромни меѓу трите. И колку и да ги едначиш, хомосексуалците се возрасни индивидуи кои имаат засебен живот и двете страни ги сакаат тоа. Другите две вклучуваат безпомошна страна која 1) или не можи да кажи шо сака или 2) се смета дека се уште не можи да резонира и ова е начин да се заштити.

    Сега станав по вода и прилегнувам али сабајле ќе ти пратам видеа и статии шо читам за мапс периодов, мапс јер официјално така се викат, јас преферирам да ги викам тоа шо се - педофили.

    Немав намера да коментирам пак за педофилија ама ете. Линковите ќе ти пратам или ЛП или во тема за педофилија, сигурно има. Не можам во моментов да се сетам дали има.

    Добра ноќ. :D
     
    На dayla, blueeparadise, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Па не ги прифаќај, плачи си у соба. Зошто би ми требало твое прифаќање кој ми дава оралка и со кого живеам?
    Не прифаќам верници, ај сеа Витали престани да бидеш |(
     
    На Biljarkata, 1209, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Зошто да плачам ти дали си нормална извини вака? Си се запнала плачете па плачете. Тоа што сум против одреден вид на содомија и деструкција не значи дека треба да плачам. Не прифаќај ти кој сакаш, не допира до мене тоа, како што до тебе не треба да допира тоа што сум против содомии.
    И да ме читаш од почеток ќе знаеше дека не ме интересира ни под разно кој кому дава оралка се додека тоа е во 4 ѕида. Единствено што ми смета е што се форсира меѓу нормални луѓе да го прифатат тоа, И паради,
     
    На simoncelicius и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Па еве на @CameliaMiller ако и сметаат верници. Ај сега сите верници да се само дома верници, надвор никако да нема верски настани и слично. Спомнување на Господ? Ау не може.

    Сфаќаш која е сличноста?
     
    На TempTest, Ena05, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа може да се случи во држава или место каде минорното население е религиозно. А онаму каде што повеќе од 80% се религиозни сите да ми кажува одредена мала група луѓе дека треба религиозен само дома да бидам? Нема логика.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Која сум јас , да мислам нешто за геј паровите ?

    Тоа е нивен избор , нивни чувства . Ако се среќни со човек од ист пол , за мене е ок . И син да ми е , и ќерка да ми е , ако тие се среќни во геј врска , тогаш ја имаат мојата поддршка .

    Јас на пример , би ја споредила хомосексуалноста со желбата за замонашување . Ако син ми сака да е монах ( имав прилика да гледам замонашување на 18 годишно момче во Бигорски еднаш , не знам дали монасите имаат право да стапат во брак , но мислам дека немаат ) , крајно би го поддржала . Исто и ќерките . Не очекувам ниту да ме гледаат на старост , ниту внучиња да ми раѓаат . Ако одлучат да ми родат внучиња , секако би била пресреќна . Ако се во геј врска и посвојат деца , повторно би била пресреќна .

    Кога сте кај педофилија , никогаш нема да ми биде ок односот на возрасен човек и дете . Особено ако е малолетно . Дури и да му е преубаво на тоа дете , според мене нема да е ок . Доколку се работи за мое дете , особено ако е под 18 , би го тужела тој човек . Исто важи и кога се работи за син ми . Не ми е воопшто нормално жена од 40 да има односи со 17 годишно дете ( па и помало , знаеме од кога почнуваат сексуалните нагони кај момчиња и девојчиња ) . Сметам дека повеќето тинејџери не би можеле да го разликуваат она што е во ред и она што не е ( не се сите исти , има и такви што знаат што е во ред а што не е ) , и повеќето деца прават грешки во текот на тие " луди години " . Ќе им бидам поддршка да излезат од тој зачаран круг и ќе им простам за грешките , бидејќи секој жив човек греши . Ќе гледам да извлечат корисна поука и животна лекција од своите грешки .
     
    На dayla, GrimTheReaper и mode-kristina им се допаѓа ова.
  19. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    Постојано пробувам да им објаснам на луѓево .. воопшто немам фобии ..напротив мислам дека тие се најискрените луѓе.Коментари негаитви имаат само не едуцирани луѓе на кои им препорачувам да прочитат учебник биолгија за 5-6 одд и да видат што се случува со тие луѓе и толку.
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Се сетив на една случка. Еден дечко што бил геј, од помал град од кај што потекнува снаа ми си пукаше во глава на 18 години. Зошто? Зошто цел живот се криел и потиснувал дека е геј, одел само со женски со цел никој да не дознае зошто менталитетот ни е ужасен и еден ден признал на некого, почнале да го заебаваат, омаловажуваат, да го вреѓаат, се раширил муабетот низ цел град, трпел тортура од негови врсници и општо од сите, на крај кога останал сам дома се убил. Оставил писмо набројувајќи ги сите што го малтретирале. Со брат му седев во кафана можеби година дена подоцна, луѓе знаете дека човекот не беше присутен таму, гледаше само надоле и ниеднаш не се насмеа. Знаете колкава болка чувствуваа неговите и дека никогаш не можеа да си ја простат неговата смрт? И после хомосексуалците никој не ги малтретирал, а само јас знам колку хомосексуалци се тепани и навредувани и омаловажувани. Гледате ли колку само еден збор може да повреди некого и неможноста за слободна експресија на она што си што може да направи? До ден денес ми е жал за дечково, нека почива во мир...
     
    На 1209, Purplelilac, CrazyGirl15 и 9 други им се допаѓа ова.