Се расплакав читајќи го ова. Живееме во никакво општество. Им требало јавно бесење на плоштад. Се чудам како можат тие луѓе да го кажат тоа со полна уста, без трошка срам за луѓе што како прво, не знаат ни дека постојат на планетава, а како второ, ништо не им направиле. И тоа имам прочитано. Заради такви луѓе страдаат други луѓе, во случајот хомосексуалците. Не само тие, туку сите.
^Јас заради тоа веќе не читам коментари. Не сакам да си трошам нерви на безмозочни амеби. Плус ако се занимава со тоа, не значи дека е геј.
Ај да погодиме колку од овие си ги удираат децата за да ги воспитаат да не бидат како дечконо...кога ќе помислиш...
По коментариве видов какви мали хомофобчиња има. Нека им е со среќа. Прости деца, прости родители. Ако сака да се шминка значи одма е геј. Војна? Хахахахахах, да. Да има војна овие први ќе се скријат во дупките, ама затоа тука први се за да се врати воен рок.
Ѓоко ќе си собере клиентела, ќе си направи пари, ќе си шминка професионално, топ струка за во Мкд, па и да замине има супер занает, овие што коментираат ќе си останат со прст у нос. Детево на 17 години по портали го има, можат само да си пукнат од мака
Јас затоа не се дрзнав да пишам, не со проста раја ќе се замарам. Башка заборавија дека и Дадар шминка, и дека и Фифи е машко ама тоа е, гладен народ за малограѓански муабети.
И своја шминка имало детево, не сум знаела. 16к следачи, браво. Повеќе има постигнато од сите овие кои гомна му јадат Боли некад тоа што младо дете со визија ги врви во успех неписмени неандарталци, боли
Ме претрка. Ако не чита детево, или ако го познавате пренесете му да не ги зема онакви коментари во предвид, само напред, светла иднина го чека.
Не,кажа во интервјуто дека негативните коментари од мажи му дале мотивација да се изгради повеќе и дека нема поента само позитивни коментари да има. Смета дека не е цел само некој да те фали,мора да има некој да те критикува. Што и реално е така, не можеш на секој да му се допаѓаш, а поен плус е што неговите го подржувале и кажа дека е прерано да се зборува за сексуалната ориентација на 17 годишна возраст. Што значи дека ако има таква професија не значи дека е геј, па и да е па што. Но,момчето не го потенцираше тоа туку кажа дека љубовта кон уметноста го довела до оваа професија. Само да знаеја овие “мажиштава” да разликуваат термини сѐ би било во ред. Знаат само да бидат алапачи бетер од жени,Бог да чува. А,ако го прочитате во целост интервјуто ќе увидите дека тој ниту се спушти ниту се издигна над нив туку остана доследен на својот избор.
Што очекувате од народ кој сака да кака на зелена шоља ? Јас не знам зошто се чудите . Дечкото е супер , па кога ќе видиш колку светски познати мејк ап артисти се мажи , а голем дел од нив се стрејт . Браво за него што со само 17 години има каков таков успех и што знае што сака да биде во животот . Плус , ми изгледа како јака личност , што би можела да стои исправено и да ги брани своите ставови пред онакви амеби , а тука голема улога игра и поддршката од неговите родители . И за нив браво што стојат зад своето дете и го поддржуваат во се што прави . Геј луѓето не се ништо помалку или повеќе од нас . Пред Бога сите сме исти .
Супер за него и му посакувам успех. Точно е дека треба да има и критики. Меѓутоа, критика е едно, а навреда е друго.
Детето е талентирано и поуспешно од 99% од овие што го хејтаат и што на 35+ уште чекаат 100 денари од мама и тато за цигари. Алал да му е, само да не го допираат коментари.