Се согласувам дека зборот е несоодветен. Јас би ги нарекла тие луѓе, хммм... хетеросексуалци кои не се способни да прифатат нешто поразлично од нивните преференци најчесто поради тоа што некој им испрал мозок како мали. Doesn't really roll off the tongue, does it? И да не навлегуваме во непотребна дискусија, приложи ми некој доказ со кој ќе го поткрепиш тоа дека *понекогаш* хомосексуалноста е избор. @Bitter-Sweet Како очекуваш од мене да толерирам луѓе кои шират омраза?
Asshole не е исто што и "non straight луѓето се болни, изопачени". Asshole не е ширење омраза. Секој од нас е asshole за нешто. Ама да се расфрлам со зборот болест - не е баш ширење љубов.
Најди збор да не мора да виткаш јазик, мислам дека и не е толку тешко. Доказ? Ха. Покажи ми ти доказ дека сите хомосексуалци се родени со нагон кон спротивниот пол и дека во ниту еден пример не се работи за...сексуална изопаченост да ја наречам, како што некој би сексал и со коза во криза а не пак во добро парче задник без разлика дали е прикачен на маж или жена. Примери имаш по затвори, после долги години многу од нив стануваат обратни поточно би ајде. Се родиле такви ама тлеела тивко желбата некаде длабоко поттисната? Среќа што во затвор дошле па се просветлиле.
Зошто да ти дадам таков доказ кога воопшто не мислам дека тоа е точно? Ти го тврдиш тоа, од тебе го чекаме доказот. Едит: Луѓето кои се во затвор не би рекла дека се валиден примерок, бидејќи морале да направат нешто што отстапува од она што јас и ти го сметаме за правилно за да се најдат таму. Валиден доказ би бил, на пример, ако ти си способна да одлучиш од утре да имаш секс со жена.
Па штом бараш доказ дека не е секогаш вродено туку понекогаш и избор, сигурно се сомневаш, логиката мене или тебе не ти работи? Еден пример ти дадов, со затвореници, за друг, ќе треба малку сама да размислиш.
Трипати по ред спомнувам затвореници, нешто не е во ред со тебе? Плус, прилично глупаво прашање е затоа што имаш примери каде долго имале интерес кон спротивниот пол, па се префрлиле на својот, па пак на спротивниот, или пак си комбинираат по потреба...не може да не е поврзано со психа а да е чисто "од роџење"
Пак ли ти е досадно па дојде да се праиш пресмешна неутрална царица меѓу нас идеалистите? Ајде те молам, не те обичам ич, ама дека можеш да различиш фобии како психолошки проблем (екстремен страв) од овие „фобии“ што значат одбивност, омраза (обично поради индоктринираност и кхм, игнорантност ) – знам дека си доволно интелигентна Ние не се согласуваме со таа номенклатура, еве сите потенцираме. Патем, нели се оградувавте и не се препознававте во поимите хомофоб, расист итн? Што сега ве навредува цитатов и изедначувањето на тие поими со asshole?
Каде реков дека се чувствувам навредена од зборот -хомофоб? Тоа ти во твојата глава каде сите се поделени само во две групи. Пишав убаво што мислев и не би да се навраќам затоа што сакаш да ме завлечеш во друга насока. Слободно против хомофобија, млад народ има тука, треба да се обликува, ама одвреме навреме надоградувајте се со информации оти досадни станувате.
Стрејт затвореници кои имаат геј секс не значи дека "станале" геј. Првенствено не се во нормална околина, затвор е, that can surely fuck up your brain. Но тоа не значи дека не се "валидни" хетеросексуалци. Постои сексуална флуидност. Оние кои се родени како стрејт може во себе да имаат non straight делче. И оние кои не се стрејт може во себе да имаат стрејт делче. Постои Кинси скалата. Постојат многу објаснувања. Секој за себе си е сопствена приказна. Апсурдно е сексуалноста да ја сместиме in a certain box.
Затворениците имаат малку повеќе психолошки проблеми за да ги сметаме како претставници на хомосексуалците, не мислиш така? Бриџа, бисексуалци. Бисексуалци, Бриџа.
Веќе ако почнуваме, сите луѓе се потенцијални бисексуалци. Се е тоа во главата и се таложело низ годините, какво сексуално однесување ќе манифестираш кога „ќе пораснеш“.
Какви претставници? Конкретно кои психолошки проблеми? Не се сите таму за исто злосторство поточно со иста дијагноза па да кажеш дека таа дијагноза баш има влијание некакво кон преобратување на сексуалната желба. Да не се правиме наивни. Католички свештеници и хомосексуалност и педофилија? Све од роџење. Леле бисексуалци Таму пак мислам дека уште поголем избор е на личноста отколку порив некаков вроден кон двата пола.
Исто онака како што ти очекуваш од мене да толерирам неморал и изопаченост. Едит: И пак се лизна, пак прстот вперен во другиот. Хомофобите ширеле омраза а вие ич.
Сите се таму бидејќи извршиле сериозно кривично дело, за што треба да имаат пореметен мозок. На тоа додади 10-15-20 години меѓу четири ѕида и добиваш психички нестабилна личност, што ги прави невалиден пример. Некако да го поткрепиш тоа? Ти кажав, не мораш мене да ме убедиш. Ти сама за себе си знаеш дали можеш од утре да избереш да станеш геј или бај. Абе Битер, не сакам да сум напор, ама што да правам кога сама вмешуваш морал во работава. Повели сè уште чекам одговор зошто хомосексуалноста е морално погрешна кога логички не може да се стави на морална дебата? Те молам одговори ми со твои зборови овојпат, Библијата сите ја имаме читано. Гледам и @EvAngelos нешто морал спомнува во другата тема, еве и двајцата сте добредојдени а приложите објаснување. Можете да се консултирате меѓусебе ако сакате.
Има една работа полоша од хомофоб и тоа е хомосексуалец хомофоб. Па тоа ти е толку длабоко искомплексирано суштество и секако нели, може од се да се избега освен од себе. За да си ги смири своите внатрешни фрустрации почнува да малтретира се околу него, прашан или не. Е затоа се бориме да се намали хомофобијата. Зборовите болат, многу. Јас лично никогаш не би сакала свесно некому да му предизвикам болка.
Ама @Lella чекај малце, како што ти си упорна дека Господ не постои така и они не прифаќаат хомосексуалци и тоа е тоа.Зашто се расправате уопште не знам?
@Lella Дека е пост, не ми е волја да влегувам во пожестоки дискусии. Еве ќе се изразам најмлако и наједноставно: Ти ако на моралот гледаш како нешто што се прави и притоа не повредува никого, јас на моралот гледам како нешто што е правилно, нормално, природно и не ги преминува тие граници. Хомосексуалците можеби не ги повредуваат другите луѓе, но тоа што го прават не е природно. Како што кажа @Vitaly во другата тема, 100% се согласувам со него дека со самото тоа што не може да дојде до размножување меѓу нив, доволно си кажува. Посвојувањето не е исто што и нормален, природен полов однос и создавање потомци. Мажот и жената се создадени со цел и совршено створени. Ако било ок да стапуваат во врска или брак истополови личности, ќе постоеше еден пол. Ама тука нема никаква логика па има два пола.
А што правиме со стрејт луѓето што посвојуваат зашто не можат да имаат деца? Што кажува тоа за нив и тоа како се „створени“? По вашиов таканаречен аргумент и таканаречена логика, треба и со нив нив нешто да не е во ред и да се „ненормални“...
Нема причина зотшо јас со битер да се консултирам, но секако дека ти можеш да се консултираш кога веќе имате несогласувања Христијаните и атеистите имаат различен морален вредноснен систем. Она што е морално за атеистите, не нужно е морално за христијаните и обратно. Оттука нема простор за дебата, бидејќи моралот е различен во тие два различни светогледи. Она за што може да се дискутира е како одредена постапка или животен стил се одразува во општеството, по здравјето или психичката состојба на личноста, да се дискутираат веродостојни статистики на порастот на сидата помеѓу хомосексуалците и хетеросексуалците, или за процентот на депресии и самоубиства меѓу хомосексуалци и хетеросекуалци. За овие и едните и другите се убедени дека се лоши, така што тука има простор за конструктивна дебата.