1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Добро што ги спомна депресијата и самоубиствата :) А што друго би било најголема пресудна причина за повеќе психички проблеми кои можат да резултираат со самоубиства кај хомосексуалците, ако не неприфаќањето и третирањето на тие луѓе како изопачени и ненормални?
    Значи пак стигнуваме до хомофобијата, тоа колку може да е штетна и колку е смешно што се дискутира во круг за некаква си „нетолеранција“ кон истата како нешто лошо :)
     
    На WildMk, Lolo5, ana992 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не, апсолутно не сметам така. Не сметам дека она што не повредува никој е морално, туку дека воопшто не спаѓа во моралната сфера, од самата причина што не претставува закана за нечија добросостојба.

    Многу работи не се природни. Од еден обичен аналгин, преку вакцини, па сè до хемотерапија и инвитро оплодување. Тоа не значи дека се лоши и дека не се корисни.
    Како што веќе кажа @Someonespecial, стерилните луѓе исто така природата (Бог) ги створила да немаат деца. Тоа не е природно, но сите ќе се согласите дека тоа не треба да биде пречка да им биде дозволено да создадат семејство.
    Не ве гледам да им кажувате на нив ,,Ако Бог не сакал да ви даде дете досега, значи не треба ни да имате."

    Не ме сфаќаш, отвори го постот што го имам ставено како хиперлинк погоре. Во случајот на хомосексуалноста, таа воопшто не припаѓа на нешта кои можат морално да бидат разгледувани, исто како на пример, превртување во кревет, правење торта или случаен судир со некој на улица.

    Хомосексуалноста ниту е морална, ниту е неморална. Не припаѓа на сферата за морално расудување. Повторно ќе ти кажам, прочитај ми го постот прво. Ова нема врска со религија.
     
    На Ena05, Lolo5, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека посвојувањето е лошо, јас на пример, сакам да имам свои деца но сакам и да посвојам. И ако немам проблем со стерилитет, сепак сакам да посвојам. Има деца на кои им треба семејство и љубов. И посвојувањето е супер. Но стерилитет е нешто сосема друго од хомосексуалност. Стрејт луѓето сепак знаат што е природно и нормално.
     
    На Marija) и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Веројатно тогаш знаат и дека стерилитетот е неприроден и ненормален. Зошто на тие луѓе им дозволувате да посвојат кога и тие очигледно се ненормални?
     
    На TempTest, Ena05, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не не Битер, ти убаво си кажа во претходното мислење дека неможноста да имаат деца е аргумент кој „доволно си кажува“ колку нормална појава е хомосексуалноста :)
    И мислиш, конзервативните верници знаат што е природно и нормално, така? :D Speak for yourselves, и јас и сите што не се согласуваме со тебе тука сме стрејт, па знаеме и веруваме во нешто друго и пошироко. ;)
     
    На Ena05, WildMk, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа што дозволува? :D
    Не реков дека тие се ненормални поради тоа што не можат да имаат деца. Стерилитетот е вид на болест. Хомосексуалноста не е болест, туку сексуална определба.

    @Someonespecial погрешно си ме разбрала, мислев на тоа дека не можат да имаат во смисла не можат да створат. Да не објаснувам тука за биологија, сме учеле за размножување. :) Во таа смисла е нелогично тоа маж со маж, жена со жена.
     
    На Marija) и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја спомнав и сидата. Еве каква е статистиката:

    [​IMG]

    Погледни ја внимателно статистикава. Иако хомосексуалците се мал процент во општеството (4% во Америка), сепак тие сочинуваат 70% од новозаразените со сида, а хетеросексуалците три пати помалку или 23%.
    Веродостоен извор: https://www.hiv.gov/hiv-basics/overview/data-and-trends/statistics

    Причината за ова веројатно е затоа што хомосексуалците генерално менуваат по десетици па и стотици сексуални партнери во својот живот. Е сега тука може да се постави и прашањето зошто менуваат по стотици сексуални партнери? Зошто повеќето не можат да се врзат со еден партнер и да најдат мир и исполнување во една врска или барем после 3-4 обиди како што е случај кај хетеросексуалците?

    А за големиот процент на депресии и самоубиства меѓу ЛГБТИ лицата има повеќе гледишта. Секако лобито на ЛГБТИ вели дека тоа е затоа што не се прифатени во општеството, но интересно е што дури и во многу либералните земји како Холандија исто така ЛГБТИ лицата во поголем процент патат од депресии и вршат самоубиства.
    И христијаните не се прифатени во многу земји, па сепак нема статистики што велат дека меѓу нив има зголемен процент на депресии и самоубиства во споредба со нехристијаните.

    Постои и друго гледиште зошто ЛГБТИ лицата патат повеќе од депресии и голем процент вршат самоубиства. Кога практикуваш нешто што е спротивно на она за што си создаден, логично е да не можеш да најдеш исполнување и смисла во тоа, бидејќи правиш нешто спротивно од она за што си создаден.
     
    Последна измена: 4 март 2018
    На baba Rada и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ummm no? Причината за ова е бидејќи скоро секогаш имаат незаштитен секс, бидејќи нема ризик од несакана бременост. Најголемиот дел од нив сакаат да имаат семејство, а ако се работи за некоја поголема бројка од онаа кај стрејт луѓето, се должи на фактот што од старт знаат дека нема да можат да имаат така лесно поради хомофобичната средина.

    Работава за депресијата е ваква.
    Хомосексуалци: во депресија сме поради тоа што луѓето нè сметаат за изопачени
    Хетеро паметњаковци: хммм којзнае зошто хомосексуалците се во депресија.

    Игнорантни сте, многу.

    @Bitter-Sweet
    Природни работи: правење деца, љубов, кивање, рак, стерилитет, среќа, силување, зајдисонце, канибализам, бакнежи, смрт, хомосексуалност (се појавува кај животните)...
    Неприродни: вакцини, хемотерапија, компјутер, форум, војна, операција, наочари за вид, електрична енергија, терористи, шампон...

    Има и добри и лоши природни, и добри и лоши неприродни работи. Природноста не треба да има никаква улога во тоа дали нешто ќе го оцениме како во ред или не во ред.
     
    На TempTest, WildMk, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека имаш увид во нивните сексуалните односи за да знаеш колку често користат кондоми :) Најголемата тема на форумов (не земајќи ги предвид темите кај што бројат до 1,000,000) е темата „Дали сум бремена?“. Оваа тема до сега има 727 страни по 20 мислења од страна = 14,540 мислења. Овие хетеросексуалци најчесто имале секс без кондом, па затоа и уплашени дошле на темата да прашаат дали се бремени.

    Еве ти една научна студија каде што направиле истражување и заклучиле дека хомосексуалците користат дури и повеќе кондоми од хетеросексуалците:
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3334840/

    MSM (Men who have sex with men) reported more consistent condom use during anal sex than heterosexuals reported during vaginal sex.

    А тоа дека хомосексуалците менуваат десетици, па и стотици партнери е општо познат факт, барем за тие што малку се потрудиле да направат истражување во таа сфера. Имам пријател кој порано беше геј и ми раскажувал како секоја недела а понекогаш и секој ден имал секс со различни парнтери. Се наоѓале преку mIRC (таму се само хомосекусалците останати, ќе ги препознаеш по никовите од типот: Active37, Passive23, Go Primam cel, maska kurva, Pusam_Jako итн. Пријателов ми раскажувал дека таму висат на канал и чекаат некој „актив“ да ги кликне и одма договараат секс. И он го правел тоа :( Фала Богу веќе не. Тешко дека ќе најдеш толку промискуитетна девојка што со еден клик ќе прифати секс, освен ако не договараш со макро.
    Исто така е познато дека и sexbook.mk е секс збиралиште за хомосексуалци, се разбира и машки кои мислат дека ако стават слика од пенисот дека одма жени ќе им пишат да дојдат и да ги легнат :)

    А еве читај и на Wikipedia: https://en.wikipedia.org/wiki/Homosexualities:_A_Study_of_Diversity_Among_Men_and_Women

    Читај подоле во Summary:
    Nearly half of the males had over 500 different sexual partners in a lifetime, another third had between 100 and 500, and over 90 percent had at least 25 (black gay men were on average slightly less promiscuous than white gay men). Much sex between men took place between strangers, met in baths or bars. 25 percent of white gay men at some time had sex with boys who were sixteen or younger, after they themselves reached the age of 21.
     
    Последна измена: 4 март 2018
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Во ред, што треба ова да значи? Хомосексуалците се најголемиот порок on God's green Earth? :D Може слободно стрејтовите да почнат да користат заштита и така заканата од посидирани геј машки и женски курви не ќе може да ги стигне. :)

    Патем, твојот (претпоставувам) оженет екс геј пријател сè уште е геј, само што влегол во калап за да ги задоволи своите пријатели, како тебе на пример. Сигурно си многу среќен за него.
     
    На TempTest, WildMk, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Од моја генерација знам тројца хомосексуалци. Кој од кој поголема drama queen и трачарка. Никој не ги закачаше ниту на училиште, што останува денес. Други деца беа исмејувани - ниските, сиромашните, осамените, недружељубивите... гејовите не. Предмет на булинг се претежно оние кои не знаат да се одбранат и немаат грб од други, а тоа дали бил геј, сиромашен, од друга националност, физички неугледен, може да послужи само како повод, но не е причината.
     
    На Dentina, Feminka22 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    17 мај е интернационален ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата. Инаку, на овој ден во 1990 хомосексуалноста е официјално тргната од листата на ментални заболувања на СЗО.
    :d: to all open minds! :bow:
     
    Последна измена: 17 мај 2018
    На Ena05, WildMk, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ајде една лекција од Лили и за хомофобите, после расистите и сексистите :wasntme: All hail the queen! :l: :bow:

     
    На Cinnamon Bun, VoodooGirl, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Сега, во 21ви век не знаеш дали некоја топ девојка ќе ти извади пендрек од меѓу нозете или некој фраер ќе извади клиторис :puke:
     
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Од кога електричната енергија стана неприродна? И тоа што си го видела кучето на комшијата како скока на друго машко куче да го онади не значи дека и кај животните се јавува хомосексуалност туку тие немаат разум, имаат само нагон па некад се дешава и нога ако им пружиш и на нога тоа да го прават.
     
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Прво, одлично што конечно си ја нашол соодветната тема за да ги сместиш твоите мислења. Иако и за тука не е соодветно едно вакво деградирачко мислење, сепак сосем здраво е тоа што стануваш свесен дека имаш фобија.

    Кијану, ти како „фантастичен“ проценувач на андрофобични луѓе, веќе знаеш дека фобијата е нешто неразумно. Фобијата е ирационален страв или попросто кажано страв без причина.
    Како што и зборувавме во твојата тема, фобиите можат да се надминат со помош на стручни лица (психолози). Не го сфаќај ова како навреда, затоа што посетувањето психолог е нешто што го прават разумните луѓе кои се свесни дека се соочуваат со некаков проблем.
    Сега, кога јасно и на виделина ја изнесе својата трансфобичност (а веројатно си и хомофоб), треба да си исто толку свесен дека треба да го надминеш тој страв (тие стравови).

    Зошто?
    Па еве вака. Ти Кијану дојде на форумов бидејќи сакаше да се дружиш, сакаше да учиш нешто од девојките тука и да споделуваш мислења кои воедно очекуваш да бидат одлично прифатени.
    Значи, ти бараш да бидеш еднакво почитуван, слушнат и прифатен како и сите останати индивидуи тука.
    Епа слично е и со трансродовите лица и хомосексуалците. И тие бараат еднаквост под ова небо, и тие треба да бидат почитувани, слушнати и нелинчувани од општеството, бидејќи за разлика од твоите деградирачки мислења, тие со својот избор за сопственото тело не наштетуваат никому.

    Значи, иако е поразително во 21-ви век да читаме се' уште мислења како твоето, сепак ајде ќе повториме.
    ЛГБТИ лицата се еднакво здрави психолошки, емоционално и физички и заслужуваат еднаков третман како и сите стрејт лица.
     
    Последна измена: 4 октомври 2019
    На 1209, Dentina, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа мислењето но ти имам забелешка.
    Не сум хомофоб.
    Точно е дека има во мене нешто што ме тера да, како да се изразам, да ги игнорирам тие луѓе но, прво не би ги игнорирал кога би им требала помош на пример, второ, би ги игнорирал кога би ме викнале на кафе. Е сега тоа не знам како се нарекува.

    Кога правеа парада, јас бев против, да. Но ништо не би направил за да се спречи.
    Истовремено, инсистирав да се направи т.н контра парада (мајки татковци и деца) каде излегоа само мајки и дечиња. Целта не беше хомофобија туку истакнување на она што на таа група ѝ вреди - семејство, поколение, право на избор. Слично како правото на избор на другата страна. Но зошто сето тоа, на планетарно ниво?
    Претпоставувам дека, појавата на хормонален дисбаланс на природен начин во сѐ поголем процент (а може и вештачки, којзнае) и, развивањето на медицината со што се олесни промена на пол, доведоа, не до морталитет (теории за чистење на население) туку до минимален наталитет.
    Ако порано, 100 машки и 100 женски стапуваа во брак, и вкупно имаа 300 деца, тоа се 500 луѓе.
    Денес, 100 машки се геј а 100 женски се лезбејки и стапуваат во брак или врска, тоа се 200 вкупно. Ги нема тие 300. На овие бројки да додадеме уште по две три нули и ете ти контролиран наталитет, од природата или од виши политики. Сето тоа значи дека јас и останатите стрејт единствено што треба да направиме е да живееме со нив, без хомофобии, без чуда, иако со по некои игнорирања, во обид да се одржи хармонија, слобода и право на избор.

    Сум против хомофобијата, но не поддржувам лгбт.
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick хомофоб си и трансфоб, со тапија. Да не поддржуваш геј луѓе (што и да значи тоа) е хомофобија, на контрапарадите целта е ништо друго освен хомофобија. Правото на избор на оние што им вреди хетеронормативно семејство и поколение, никогаш не им било чепнато.
    За жал, друг поим за ова нема, па се користат поими во иста форма како оние што означуваат ирационален страв кој е реален психолошки проблем и од кој најмногу страда тој што го има. Иако за разлика од она за што ти проба да збориш - страв спрема машкиот род најчесто поради некоја сериозна траума; хомофобијата и трансфобијата се ирационална нетрпеливост и омраза кон групи луѓе поради чиста игнорантност и држење до застарени идеали, религии, теории на заговор (ко контролираниот наталитет од виши политики што спомнуваш) и слично.
     
    На TempTest, dayla, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Гајле ми е. Ептен ми е гајле кога некој шири омраза и не прифаќа луѓе само поради тоа што се нешто што не ни одбрале да бидат.
    Затоа што другар на сестра ми на 28 години се самоуби поради што конечно излезе од шкафот и кажа дека е геј.
    Затоа што една од најдобрите другарки сака да учи вонредно пошто у школо сите викаат дека е “дебелата лезбејка” бидејќи некој сељак ја видел како се бакнува со девојка и’.
    Затоа што професорка во средно училиште јавно пред сите рече “фала богу нема геј бракови кај нас”. Друг професор рече дека “тие” треба да се обесат.
    Затоа што јас лично сум била маргинализирана и навредувана, поради мојата нација, нешто што не го контролирам и бирам јас. Нешто што не е релевантно и битно, и не кажува ништо за тоа каква личност сум.
    И милиони други примери, кои не ги знам лично.
    Ете, затоа. Затоа ќе се контрам, ќе се инатам, ќе напаѓам и ќе бидам упорна.
     
    На TempTest, 1209, Dentina и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Ова јас го викам нивна трагедија (сочувствувам) и твој комплекс.
    Имам братучед за кој знам многу повеќе отколку неговите. Детето е геј! Гимназијалец е. Го прифаќам какво што е, се правам дека не знам ништо, од страв д не си нанесе штета. Ги делиме стравовите од тоа да не им се случи нешто, затоа, замолувам смирено на форумот, нека не ве напушта културата.