1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    За болдираното, зошто?
    Зошто да игнорираш на пример трансродови лица? Мислиш дека нема да имате заеднички теми на муабет, мислиш дека немаат доволно капацитет да те сфатат, дека имаат некаква пречка или дека тебе ќе те убедуваат дека и ти треба да си смениш пол? Што е тоа што те тера да ги игнорираш?

    Ништо не би направил да се спречи, но излегуваш на контра парада.

    Што значи контра парада? Парада против нешто, против некоја првично организирана парада.
    Зошто инаку да се организира таа поддршка и за традиционалните семејства во исто време со ЛГБТИ парадата? Зошто да организираат парада? Кои права им се ускратени? Дали се вршела некогаш обструкција на нивното право за брак на пример?
    Одговори си ги овие прашања и можеби ќе ја сфатиш вистинската цел и замисла зад контра парадата.

    Првин морам да те прашам на какви виши политики мислиш? Дека некој со сила им налага на луѓето да менуваат пол или дека со сила им налага да се заљубуваат и сексуално да ги привлекува истиот пол?
    Ако мислиш дека е така, не воопшто не е.

    Друго, ти значи се залагаш за оформување семејство и зголемување на наталитетот.
    Супер. Тоа право тебе никој не ти го ускратува. Најди си партнерка спроти себе, со истите желби за деца како тебе и можете да имате и четири деца штом толку сте загрижени.
    Но во никој случај не можеш да налагаш некој да го прави истото како и тебе. Не заборавај дека немаш таква моќ да одлучуваш за туѓи животи и туѓа иднина.
    За оние од ЛГБТИ заедницата тие ќе си одлучат што е најдобро за нив.
    Колку многу деца чекаат да бидат посвоени, колку многу деца се оставени од токму такви лица кои ти ги сметаш за нормални (стрејт лица), колку многу деца би биле среќни да растат во едно хармонично семејство покрај две истополови индивидуи наместо во едно дисхармонично семејство покрај две различно полови лица.
    Нема правило за тоа кој може да не направи среќни Кијану. А земање на преголемо право е обидот за попречување на туѓата љубов со една контра парада без никаква основа и логика во истата.

    Како може да не ги поддржуваш кога истите се борат против хомофобите?
    Ова навистина не можам да го разберам.
     
    На TempTest, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Мислење на ниво, тоа се бара.
    Може утре да продолжиме? Дел по дел, само со тебе. Без огромни текстови.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Малку ќе ја однесам темата во друга насока, да продискутираме еден друг аспект.

    Пред се, сметам дека апсолутно на геј и трансродови лице треба да им биде загарантирана безбедноста и спречена дискриминацијата на работното место. Треба да ги имаат сите услови за пристоен живот како и било кој стрејт човек.

    Немам ништо против геј или трансродови лица. Напротив, познавам и професионално соработувам со неколку такви лица со кои имам одлична соработка и комуникација. И нивниот стил на живот искрено не ме интересира, бидејќи е надвор од нашата соработка.

    Меѓутоа, бидејќи ме интересира психологија, особено развојна (детска) психологија, сметам дека се наметнува потенцијално опасен тренд на воспитување на деца како полово неутрални. Кај нас веројатно не уште, но од тоа што гледам, во странство многу се форсира. Оттаму, деца на 4-5 години кои пројавуваат трансродови тенденции почнуваат да транзитираат уште тогаш. Можете да замислите кои се психо-физичките последици на дете кое не е уште секундарно полово оформено. Статистиките се катастрофални за лица кои рано почнале да транзитираат кон другот пол. Голем е процентот на оние кои во текот на животот сфаќаат дека веќе не се чувствуваат како променетиот пол.

    Мислам дека сосема погрешно се гледа на полот како социолошка, а не биолошка категорија. Полот е неприкосновено биолошка категорија. И не се сведува само на полов орган, туку и на комплекс на физиолошки процеси и хормони. На тој начин, сепак има одреден лимит на тоа што би требало да биде дозволено, а што не. Сметам дека нема основа да се почне со хормонална и психолошка терапија за дете кое денес дошло од градинка и рекол ама јас сакам да сум момче/девојче, кога децата на таа возраст немаат ни јасно дефинирана претстава за пол. Дури и ако зборуваме за тинејџерски години, најголем дел од истражувањата покажуваат дека хормоналната терапија може да направи штета на психо-физичкиот развој.

    Затоа мислам дека сепак се потребни одредени "правила" за тоа што е дозволено за малолетни лица. Други мислења?
     
    На flawless_, christinnn, Dentina и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Како либерална личност која е сосема и против трансфобија како и хомофобија, со ова сепак се согласувам потполно.


    Апсолутно да за на децата во претшколска и рана школска возраст да им се дозволува љубопитно и безгрижно да се запознаат и играат со сѐ што самите ќе посакаат, а според традиционалните норми е „несоодветно“ за нивниот пол (на пример - девојчиња кои сакаат да си играат само со коли, се интересираат за типично „машки“ спортови, се чувствуваат удобно во машка облека; или момче кое сака шминка, лакирани нокти, па дури и женска облека). Но, не за автоматско прогласување на тие деца за трансродови поради таа детска љубопитност и експериментирање, уште повеќе за налагање да се подложат на медицинска терапија на таа премала возраст.
    Впрочем, прогласувањето на едно дете дека по дифолт припаѓа на спротивниот пол поради интерес за облека, играчки и области типични за спротивниот пол, е и малку противречно на самата борба против родовите стереотипи.
    Затоа, за хормонски третмани и конечно операција за промена на пол (кои секако поддржувам да бидат достапни како дел од секој здравствен систем), се слагам дека треба да има возрасна граница одредена од стручни и објективни психијатри, кои претходно ќе проценат родова дисфорија кај личноста.


    А и надвор од ова најчувствителното со децата, кој малце се задлабочил, знае дека специфично транс активизмот има свои радикални индивидуи со навистина ниска толеранција кон било каква дебата и истражување на некоја реално дискутабилна проблематика од која се засегнати. Со guilt by association, "cancelling" и на луѓе што се пријатели со некој што рекол нешто *проблематично*, дури и кога се работи за искрени allies со претходна историја на растурање хомофоби и трансфоби со нивните религиозни/политички аргументи за bigotry. Неодамна налетав на таква јутјуб драма, имаше озбилно нефер и вознемирувачки булинг на јутјуберка која имам спомнато дека ја обожавам, сѐ тоа околу видео за прашањето за транс луѓе во спортот од друг јутјубер што ѝ е пријател (да не навлагам повеќе)...
    Друга дебата што повремено се разгорува е за луѓе кои исклучиво не би биле во врска (никаква друга дискриминација) со транс лице заради лична сексуална преференција на гениталии, и тоа од некои се смета за трансфобија. Mind you, тука спаѓаат и геј луѓе кои не би биле со транс маж, и лезбејки кои не би биле со транс жена (некои дури и со трауми од обиди за преобраќање со половиот орган од спротивниот пол). Овој притисок исто така сметам дека не е во ред кон никого, и личните преференци не може да бидат „фобични“.

    За среќа, во овие ситуации сум видела многу повеќе луѓе во самата ЛГБТ заедница, па и меѓу самите транс луѓе - кои се глас на разумот и се спротивставуваат на овие радикалности, апелирајќи да не се земаат такви примери како репрезентација за нивното мислење. И затоа треба да се разграничи сето ова од трансфобија, а и да не се дозволи овие работи да бидат слика за транс луѓето воопшто.
     
    На Purplelilac и RoseRain им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Многу мразам кога ке сретнам некој да шири омраза и да спушта некого за сам да се издигне такви личности ми се бљак сите сме исти и имаме право на избор. Религијата е една главна пречка за луѓето да станат хомофоби и да делат машко и женско некого да возвишуваат а некого да спуштаат за жал луѓето ја многу погрешно сваќаат религијата баш како што нив им одговара... Мислам дека хомофоби се највеке религиозно и тоа болно религиозни луѓе што уште мислат дека жената е направена од ребро и дека украла јаболко и според тоа се водат цел живот и имаат предрасуди мислам ај кју 20 и што кажуваат некој нивен лажен морал. (Неам ништо против за религијата и религиозните луѓе и јас колку толку верувам ама тоа е да ширеш љубов а не омраза кој каков е дали е педер или е обратен...)

    Нека не ти биде фокусот цел живот во пи.... дали тој човек што имал доле мисли за него според степенот на интелигенција, почитта што ти ја дава и др а не цел живот размислувате со долната глава,,
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2019
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако де, игонрирај ги..
    И јас игнорирам луѓе кои не ми се допаѓаат, а ме викаат на кафе.

    Јас сум мајка, и бискескуалка, и бев на геј парадата.
    И сеа?
    Ако си би или геј, или транс, не значи дека си стерилен.. Може да имаш деца.

    Иначе.. бројот на ЛГБТ популацијата, не е сменат откако се води таквата евиденција..
    Односно, 5%-10% од светската популација припаѓа на таа заедница.

    А порано повеќе се женеле/мажеле, не оти помалку имало геј луѓе, туку оти повеќе се криеле..
    Дада да ти кажи.. Сеуште си се плескаат со партнери од ист пол.. и сеуште си се геј.. само што браковите и децата им се параван.
     
    На TempTest, Cinnamon Bun, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Креирање контра парада, контра кампања, конта- нешто е многу манипулирачки, долно, срамно и е дел од анти- кампања. И ова го велам зошто @Keanu_R.Wick мисли дека е океј во исто време да има контра парада со мамички. Не, не е во ред. Уште во не толку далечниот Јуни имав пишано на ова тема ама ај, не беше тука, нови членови, исти теми. Да беше парадата на мамички неколку дена покасно, независно од геј парадата, едноставно да сакаа да си се прошетаат со дечињата - јас ќе излезев со комшивчето, мачката и кучето. И не си играм мајтап. Ама сега, парадата на мамичките беше за да ја направи помалку важна парадата на гејојте. Тоа е анти- движење, тоа е анти- култура. Од таму, секој кој поддржува нешто што е тука само за да се спротистави на нешто друго е апсолутно против тоа нешто друго. Во случајов - гејојте. Од таму, секој кој ја поддржа парадата на мамичките е тоа што е - хомофоб. Можи да се тешите поинаку ама нема да ви верваме.

    ГеЈоЈтЕ сЕ нЕпРиРоДнИ, аЈ дА пОтСеТиМе За "ВиСтИнСкИ" вРеДнОсТи И дА оДиМе КоНтРа ПоШтО аКо НеШтО нЕ нИ сЕ дОпАѓА нЕ сМеЈ дА пОсТоИ.
    mocking-spongebob-1556133078.jpg

    Од тука, јас сум апсолутно секој да е со тој кој сака. Сакаш цицки? Топ, оди со некој кој ги има. Сакаш пенис? Топ, оди до некој кој го има. Прво, не ме засега лично. Тргам од тоа дека не ми е гајле за лица кои не ги познавам. Лица кои не ги познавам немаат ни трошка влијание на мојот живот. Е зошто тие лица кои немаат врска со мојот живот, јас да мешам прсти во нивниот? Малограѓански, алапачки злобно. Парадите не постојат за вас да ви се гади, постојат да кога ќе врвите на улица и некоја се држи со женската за рака, да не се наведните да посегните по камен јер то било неморално (као вистина?) и неприродно. Само зато се таму. За кога скриени гејови ќе видат дека има други, дека има поддршка - ќе се охрабрат да не кријат веќе кои се, да не потиснуваат нагонот кој го имаат.

    Сега малку за трансродовите лица. Уставено е дека имаат полова дисфорија која се решава со транзиција. Доколку се обидуваме да не ги прифатиме како тоа што се, патем немаме право на тоа - мал потсетник, тоа им влијае ментално и можи да заврши фатално. Е сега транзицијата е стерилизирање и многу често се прават обиди транзицијата да биди со тоа како изгледаат физички (пример маж се повеќе да личи на жена, за некогаш во иднина да има дете), но многу често нагонот за преобразба е да се смени и самата гениталија.

    Апсолутно не треба секој да се дозволи да можи да си смени официјално пол ради многу причини. Дали тој некој почнува хормонална терапија? Дали менува гениталија? Тоа се релевантни прашања зошто јас утре неќам некој набилдан маж, очигледен маж, да ми влези во женски тоалет и да ме силова, ама тоа да е океј оти во лична карта му пиши дека е жена и смеј да е таму. Ама ова се решава со одредени терапии, хормонални меѓудругото, а не самоопределување. Ова чисто за безбедност, не дека ми е гајле дали билдер ќе речи дека е жена, шо сака нека е. И воглаво од тука, мислам дека добра идеја се уште еден трет, неутрален тоалет каде би оделе сите кои не се на официјална терапија ама сакаат да им се обраќаме со полот кој не се од раѓање. Чисто за безбедност.

    Дете пред пубертет е грешно, апсолутно грешно да се учи дека е трансродово само затоа што како дете девојчево играло со количиња и сакало машка облека. Ова е многу подлабоко од количиња и машка облека, ве молам не си ги стерилизирајте децата само зошто наоѓаат играчки интересни. Не машки или женски играчки, туку играчки. Дете не ги разбира овие работи и дете никако не смеј да помини низ транзиција.

    Ова се горе, беа работи кои морав да ги тргнам од патот пред да кажам дека трансродово лице како трансродово лице ми е еднакво на кој било друг човек. Апсолутно еднакво. Пак би ми била некоја другарка иако лани си го тргнала пенисот. Нејзино тело, нејзино право. Дур и јутубери гледам кои се транс. Џефри Стар ми е гилти плежр и искрено по малку и секси. Блејр Вајт е десничарски ориентирана транс жена, која по прашање транссексуалност е многу при земја и искрено кажва шо ѝ смета кај движењето, а што е во ред и нормално. Официјално ја нема поминато транзицијата, уште има пенис, зошто вика неа ѝ било до изгледот ама неќи да се стерилизира. Прикачив две мислења кои апсолутно вредат да бидат видени од неа.




    Поентата на цело ова мислење е, шо би рекла баба ми, гледајте си го својот двор, комшијата шо прај - прај.
     
    На Purplelilac, Someonespecial и Sejfullai им се допаѓа ова.
  8. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Здраво @Purplelilac, може дискусија но дел по дел, коментарот од синоќа е премногу за да вадиме делови од него.
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    @Keanu_R.Wick

    Океј, еве ќе ти поставам три клучни прашања.
    Ќе го изоставам делот зошто не би се дружел со ЛГБТ лица. Небитно, ете не мораш да контактираш ако не сакаш.

    Прво, зошто мислиш дека контра парадата беше организирана истовремено со лгбт парадата?

    Второ, дали мислиш дека има логика некој да излегува на парада кога не е лишен од ниту едно право (ниту исмеван и психички малтретиран поради еден личен избор), а особено не од правото да избира самиот што ќе прави со сопственото тело?

    Трето, дали имаш друга идеја како да се победат хомофобијата и трансфобијата кај мнозинството освен да се говори гласно против истите? Како лгбт да не бидат тепани, омаловажувани, исмевани, покажувани со прст само и единствено затоа што направиле еден избор во животот кој не ги засега другите, а сепак се казнувани поради истиот?
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема при прво навестување дека машко дете сака да си игра со кукли, неговите да го однесат да смени пол.
    Се изненадив што воопшто се спомнува ова тука, бидејќи најчесто вакви хорор филмчиња произлегуваат од конзервативни трансфоби на кои омилена изрека им е каде отиде светов.

    Дури и да постојат такви родители (не постојат), за да поминеш низ хормонална транзиција (за менување гениталии да не правиме муабет) ти треба дијагноза дека имаш полова дисфорија. А таа не се дава на матичен ради реда.

    Затоа и апсолутно поддржувам деца да поминат низ транзиција кога имаат дијагностицирано полова дисфорија. Зошто? Бидејќи дисфоријата нема магично да ја снема кога ќе наполнат 18 или колку и да треба да имаат за да можат самостојно да почнат терапија. Ама guess what? Веќе ќе имаат поминато низ машки/женски пубертет и транзицијата ќе биде стопати потешка. А тоа ќе се спречи ако дисфоријата се препознае пред пубертет, детето ќе се поштеди од минување низ пекол каде добива уште повеќе машки/женски карактеристики, а ги мрази со цела душа.

    ,,Ама што може едно дете да знае?"
    - Баш така, децата не знаат што им се дешава кога имаат проблем, ама затоа постојат доктори кои го препознаваат проблемот и даваат соодветна терапија. Не верувам дека би го кажувале истото за дете болно од рак кое мора да прима хемотерапија.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    https://news.sky.com/story/hundreds...eking-help-to-return-to-original-sex-11827740

    Имаш куп приказни од млади луѓе, најмногу млади жени, кои почнале транзиција и сфатиле дека тоа не е решението. Ако сакаш линкови и извори за читање и гледање - кажи (знам дека не сакаш) ;) Хормони овие жени успеале да земат за еден ден, во клиники кои се бават со тоа. За само еден ден!!!! Одиш, викаш ми требаат хормони, јас сум дисфорична и ги добиваш.
    Го потценуваш капитализмот и желбата за профит на фармакоиндустријата.
    Плус, сега веќе и научно е докажано дека puberty blockers не дозволуваат правилно развивање на мозокот.
     
    На nightingale му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    1-Почнувам да се плашам од свое мислење :) мислам дека беше организирана за да се потисне обидот за охрабрување на "скриените" геј и лезбо луѓе;

    2-Има логика, во случајот, алибито беше "имам деца и семејство и се гордеам што не сум геј (претпоставувам дека некоја мала бројка и во нив има со хормонален дисбаланс)". Исто претпоставувам дека следно од хетеро семејствата е слична стратегија како лгбт, а тоа е "мој живот мој избор" и такви појави;

    3-Имам многу едноставна идеја. Да замислиме само колку доктор(к)и, пожарникар(к)и, полицајци/ки и останати службеници, помогнале на еден или повеќе луѓе во разни ситуации. Потоа, иноватори, хуманитарци, па и научници, кои би се изјасниле дека припаѓаат на лгбт, би се намалила опасноста од насилство, во рок од денови, не месеци.
    На пример, кардиолог кој спасил над петстотини луѓе, или, пожарникар/ка кој/а спасил/а над сто куќи и семејства, ако се изјаснат што се и во каков свет сакаат да живеат во иднина, а припаѓаат на лгбт, многу работи ќе се сменат. Само едно ќе остане: нијанси на неподрршка од страна на стрејт населението. Најголемата грешка според мене кај лгбт популацијата е кога ќе се додворуваат на стрејт популација.
    Сепак, јас стојам зад тоа "дај придонес - твојот избор си е твој" кон општеството, со што мислам дека е првиот доказ дека не сум хомофоб. Што побогу, ако сум во животна опасност и спасувачите се припадници на лгбт, би ги спречил да ме спасат?
    Сѐ е во рацете на учените, од нив зависи остатокот од граѓаните.

    :)
     
  13. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Ама ова се случува, не се хорор приказни, ни па тоа ми беше намерата да плашам некого. Сега се случува. Конкретно последно во Канада. И отиде дотаму да се размислува за одземање на родителски права на родители кои нема да почнат психо терапија во најмала рака кај деца кои покажуваат дисфорија, што сметам дека е претерано.
    Но сфаќам зошто ти звучи како хорор филм ;) Не е пријатно во најмала рака.
     
    На Briar Rose, Keanu_R.Wick и DAngel им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе друга работа. Зборам за вистински дијагностицирана дисфорија кај деца. Никој совесен родител не би си го собрал детето да го носи да менува пол из чиста мира. (Ај сега прати ми линк од екстремен случај каде родителите растеле женско дете ко машко, па да свршат сите конзервативци).

    Знаеш што друго не дозволува правилен развиток на мозокот? Самоубиство за време на адолесценција.
    https://pediatrics.aappublications.org/content/142/4/e20174218
    И ајде сега бидејќи на недисфорични личности од некоја причина им било дозволено да имаат хормонска терапија, па си играле мајтап со неа, ќе ги принудуваме дисфоричните деца да живеат низ пекол и да сакаат да се самоубијат.
    Нека им ги одземат. Дисфоријата е страшна работа што наведува на самоубиство, не е машки деца што си играат со кукли. И ако ко родител не ти фуфка што детето твое сака да си излезе од сопствената кожа, тогаш не заслужуваш да си родител.
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Транзицијата не ја намалува самоубиственоста кај трансрофовите лица. И за тоа имам истражувања да ти пратам, ама ти сама се изјасни дека не те интересира читање и дека радо би си останала во твојот затворен свет. Затоа тука завршувам било каква дискусија со тебе.
    Ако сакаш да дискутираш за нешто, потребно е да ги знаеш и познаваш и двете страни на дискусијата, а не да се симнуваш на ниво на култист.
    Јасно ти е дека твоето однесување не е ништо поразлично од она на Евангелос и екстра индоктринираните религиозни потролчиња на форумот?
    Која ароганција, човече.
     
    На nightingale му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека овие настани се само последица откако либералната влада на Justin Trudeau во 2016 година го донесе Bill C-16, а истиот и помина in the House of Commons, и истиот додава родово изразување и идентитет како заштитена основа на Канадскиот закон за човекови права, како и одредбите на Кривичниот законик кои се однесуваат на пропаганда на омраза, поттикнување на геноцид и отежнувачки фактори при изрекувањето на казната.

    Резимето на овој предлог-закон има една цел, а тоа е да ги заштити поединците од дискриминација во сферата на сојузната јурисдикција и да бидат цели на пропаганда на омраза, како последица на нивниот родов идентитет или нивниот родов израз.

    Поради ова, при еден случај, Канадски судија дозволи да се преземаат вакви интервенции и покрај тоа што таткото на 14-годишното дете се спротиставуваше на ова. Следствено на ова, не ми се допаѓа многу тоа што од истиот судија било одлучено дека ако на детето му се обратиш со погрешната заменка, истото ќе се смета за child abuse според одредбите во Семејно Право, што ми звучи малку екстремно.

    https://www.nationalreview.com/corner/canadian-judge-strips-transgender-childs-parents-of-rights/

    Многу Канадски државјани ова го сметаат како форма на нарушување на слобода на говор, бидејќи се плашат да не бидат кривично гонети во сопствената држава, а и самите можете да претпоставите колку високи се трошоците за судски постапки, дури и според Канадски стандарди.

    Особено во стејтот каде што живеам, по донесувањето на Bill C-16 сум забележала колку само е пораснат бројот на психолози кои нудат Transgender Therapy and Counseling.
     
    На DAngel, Someonespecial и nightingale им се допаѓа ова.
  17. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Мислам дека црно-бели ги гледаш нештата. Јас лично мислам дека е покомплексно од тоа. Има начин да се биде од поддршка за децата ии адолесцентите, без тие да почнуваат со конкретен процес на транзитирање, особено во млада возраст, додека не бидат сосема сигурни дека тоа е тоа што го сакаат. Добро ти пишаа погоре, истражувањата покажуваат дека самата транзиција не е директно поврзана со стапката на самоубиства, за жал.

    Па и не е далеку од вистината. Ми се случило професионално да се запознам со транс лице за кое не беше очигледно физички дали е маж или жена. Името со кое се претстави беше unisex.
    И искрено не знаев како да се обратам, особено што требаше да искористам his/her дури зборував. Како би знаела јас како ќе бидам сфатена? Не велам дека имав проблем со конкретната личност, ниту имам до ден денес, но се надевам ми ја сфаќате поентата.
     
    На theowndemon, Someonespecial, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Briar Rose дап, и цела Канада е лута на Трудо затоа што не направи ништо за никого освен фамозниот Bill C-16, а и да не зборувам за blackface скандалот што го стресе во средина на кампања.
     
    На theowndemon, Briar Rose и nightingale им се допаѓа ова.
  19. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.956
    Не ги прочитав сите мислења до крај , ќе ги, но не знам за какво одржување на наталитет збори Киану. Планетата Земја нема проблем со наталитет или морталитет или морбидитет на луге, има со ресурси.
    Зашо би раѓала 2,1 деца во хетеро брак кога не сакам? И геевите се излезени од такви врски , и не , не се отпадок.
    А му се грози кафе дека мисли дека ќе го стартуваат и дека ќе му се допадне.
    Нај нај нај хомофобните деснокрилни политичари се геј ин дизгајс често, или обожаватели на проститутки или дефинитивно имаат таен живот контра од прокламираниот. Хомофобите се плашат дека хомосексуалноста е заразна.
    За трансформација на транс деца не сум сигурна за мојот став, иако во друга тема пишав 2 примери на мајки со транс деца. И двете не го избрале тоа за нивните деца, но ги прифатиле и им се поткрепа. Тоа е вистинска мајка. Не мајка шо ќе мафта со господ, кој не постои ама и да постоеше баш ќе го бригаше дали Чарли сака да носи фустани оти да му беше гајле, ке го направеше Чарли да не сака фустани или со гром ќе го спржеше.
    Не сум хомофоб, сум глупакофоб. Оти глупи луге се поголем проблем за светот од неколку проценти транс и хомо кои се исто толку проблем колку и ние хетеро или би. Стварно, ама стварно сум среќна што не живеам веќе во мк, каде Стојна наставничката ќе диктира што е пожелно и кого треба да бесиме. Фуј простото која треба да едуцира...(facepalm)
     
    Последна измена: 5 октомври 2019
    На Someonespecial, Purplelilac, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Океј и што е целта сега? Самоубиствата не зависат од транзицијата, тогаш нека си седат сите со тоа што им го дал Господ, да не испадне после дека ќе се каат.

    Ќе прашаш. Ако не ти се прашува, ќе се обратиш со them/their. Морам да признаам, вистински талент е меѓу трбе и транс личност што морала да помине низ убавините на дисфоријата, ти да испаднеш загрозената бидејќи не знаеш кои заменки да ги користиш.
    Без гајле, законот во Канада е насочен кон биготи кои намерно мисџендернуваат луѓе, да не можат без последици да поминат. Тебе ко поддржувач на транс луѓе, нема ништо да ти биде.
     
    На Sejfullai и Dentina им се допаѓа ова.