Ок дискусијава стана се освен конструктивна и се сведува само на напаѓање. Мислам дека тука би прекинала секаква дискусија со тебе зошто очигледно или не ме разбираш, или само сакаш да наметнеш став, што автоматски не е дискусија. Good luck and all the best in life!
Прашање: Со оглед на тоа што е научно докажано дека транзицијата не ја лекува дисфоријата, и после транзиција не се намалува стапката на самоубиства, зошто го сметате касапењето на сопственото тело како логично (не)решение на проблемот, кога очигледно не го решава? Што стана со "love your body the way it is", или ќе голтаме капиталистички срања за телесни модификации кои прават мал милион здравствени проблеми. Мисџендеринг и заменките се страшна глупост, со оглед на тоа што заменка користиш кога зборуваш ЗА некого, а не кога му се обраќаш директно. Значи полисирање на како зборуваш за некого кога не зборуваш директно со него. Орвел во гроб се превртува сега: Војната е мир Слободата е ропство Игнорантноста е сила Трансжените се жени
Знам дека според Canadian Psychological Association, постојат специјални стандарди наведени од World Professional Association for Transgender Health (WPATH) каде многу јасно и прецизно му препорачуваат на Канадскиот закон да забранува физички интервенции на вакви лица пред 16-годишна возраст. Тие препорачуваат хирургија да се изврши само после 18 годишна возраст и тоа откако поединецот живеел во посакуваната полова улога најмалку две години. Хормоните кои го одложуваат пубертетот често се наменуваат за адолесценти, само поради причината тие да имаат повеќе време на располагање за да го истражат својот полов идентитет пред да ги искусат физичките промени што доаѓаат со пубертетот. https://cpa.ca/docs/File/Publicatio...eet_GenderDysphoriaInAdolescentsAndAdults.pdf Да, и мене ми се доста познати таквите ситуации, бидејќи и јас сум ги искусила, со тоа што мене на почетокот ми беше дополнително страв случајно да не ги навредам тие лица (мнозинството кое сум ги запознала знаат да бидат многу чувствителни и да сфаќаат одредени работи многу буквално) поради фактот што можам кривично да одговарам за обично недоразбирање. И покрај тоа што терминот unisex примарно се користи за да се реферира на предмети, активности, лични имиња или стилови кои се соодветни за било кој пол, односно манифестира полова неутралност, кога станува збор за физички лица, знам дека одредени лица помислувале да им се обраќаат со заменката "it", но повторно се плашеле и тоа да не биде сфатено во навредлива смисла. Реалноста е дека дури и пред изборите во Канада, односно додека се водеа кампањите, Justin Trudeau кај одредени категории имаше сличен ефект како Justin Bieber (што е смешно, бидејќи го имаат истото име и националност). Со други зборови, од мојот град познавав девојки кои тврдеа дека ќе гласаат за Trudeau само поради тоа што, и цитирам: "he is so cute/ he is so hot" наместо да се фокусираат на политиката која ја поддржува и дали истата би била добра за Канада или не.
Жените се вештерки Видовме дека не си способна за дискусија, па по навреди тргнавме? Зарем ти толку ниско да паднеш? Мислам, сфати и самата дека не си способна да одговориш на ни едно од моите мислења? Навикнати се феминистките на навреди, не се секирај.
Не е навреда, само скратен назив на група луѓе. Ова ко хомофобите кога се лутат кога ги викаме хомофоби.
Јас лично не би се обраќала со it. Во мои очи е деградирачки. They/them исто може да е сфатено погрешно. Не ми е пријатно да ги користам и двете и не сакам да навредам никој. Прашување извини кој ти е полот е исто така сосема погрешно особено во професионална средина. Како јас би знаела дали се работи за транс лице или за хормонален дисбаланс на друго лице. А па можам да замислам колку е смешно да си кривично гонет за нешто такво.
Па јас не знам друг назив за хомофоб освен хомофоб. А радикален феминизам е родно аболиционистички така радикален феминизам фино подразбира каков е ставот за трансродовото прашање давања втор назив за нешто за кое што постои е навреда. Посебно кога се користи во напаѓачка конотација. Како курва кога речеш, се подразбира дека е жена. ТЕРФ кога речеш, се подразбира дека е радикална феминистка. Вака нешто: А да не зборам за "hanging of the TERF" на trans pride, punch your local TERF, kill all TERFs Сигурно ти се добро познати сите овие фрази. Јас не знам феминизам да се повикувал на насилство, ама антиТЕРФ реториката и те како се. Јави ми се кога ќе се научиш да дискутираш како човек. Или кога ќе пораснеш, whichever comes first. @Briar Rose @nightingale околу заменките и нивната употреба, прочитајте го текстов, мислам дека вади многу битна поента. https://fairplayforwomen.com/pronouns/
Се согласувам со тебе дека и заменката "it" е деградирачка, освен тоа познавав една ученичка (вака ја дефинирам бидејќи носеше женска облека) и одеше во истото училиште како мене (иако не бевме во ист клас) која јавно се жалеше дека некој навистина се обратил со заменката "it" и поради тоа се почувствувал(а) како лицето да мислело дека е некакво животно или суштество. Сеуште се сеќавам кога слушав како плачеше во спортската сала зад трибините... Кога ќе подразмислиш за ситацијата, сфаќаш дека не е секогаш возможно од субјективен аспект да бидеш во согласност со нечие мислење или појава. И поради тоа скоро сите варијации на некој начин би звучеле навредливо, што во никој случај не е во ред.
За првото, точно. Токму тоа беше целта. За второто, во ред имаат право да организираат. Тајмингот на истата заедно со „Се гордеам што не сум геј“ е проблемот. Никој не спречува да спроведат една таква парада каде ќе кажат дека се гордеат што се родители или што си основале семејство, но без некаква позадинска намера во истата. Еве можеа на пример во септември месец да ја направат. Баш убаво беше времето за да си излезат заедно со децата, исто како прошетка ќе им дојдеше парадата. Мирно, фино, културно. Ми ја сфаќаш поентата нели? Третото, супер идеја. Само што во пракса нема да функционира така како што ти си замислуваш. За почеток многу е битно да знаеш дека многу од нив токму поради реакциите на кои би наишле, се' уште се кријат зад хетеронормативни заедници. Ако се прашуваш на какви реакции мислам, ќе ти кажам на бљувотините кои ги читавме секојдневно по социјални мрежи во екот на настанот. Е сега ќе речеш, ама парадата помина океј и немаше никакви инциденти. Точно, но за истата имаше и обезбедување. А знаеш ли кај нас што се случува ако геј пар во јавност си разменува бакнеж или се држат за раце во парк, во клуб, во кафиќ? Прво наидуваат на погледи ко да им фали нешто. Ајде да речеме дека тоа може и да се игнорира. Но, има и такви кои би ги исфрлиле од местото или би ги истепале. Верувај дека има. И тоа се најчесто оние кои секојдневно споделуваат шовинистички сра*а по фб и плукаат на се' што не се вклопува во нивната сосема изместена визија за вредности и човекови права. Еве ќе земам и јавна личност од земјава за пример. Ти текнува на Фифи нели? На какви рекакции наидуваше и се' уште наидува од закоравените умови во Маќедоња? На кого му згреши и што згреши? Виде дека тука ќе треба цел живот да го посвети справувајќи се со идиоти, па си замина во Шведска каде таквите идиоти се во многу помал процент. Ама тоа е Фифи која имаше можност да замине. Што да прават другите Кијану? Оние кои немаат таква можност? Како тие да живеат во едно вакво загушувачко општество? Токму затоа беше парадата. Сосем јасно е дека ќе се потребни децении додека нешто се смени, но и ова беше некаков почеток.
Ако ме прашуваш мене, и стрејт пар да се лиже по паркови и кафичи не е тоа тоа...знаеш. За фифи, знам. Уште во 2007ма или 2008ма беше на насловните на неколку списанија и весници. Пред некој период имаше интервју, дали за бекстејџ или други не знам, го гледав интервјуто. Во глобала, сѐ наоколу е некаков си инструмент. Навивачки групи, лгбт, невладини, идеологии, движења,...и сите тие се во некаков меѓусебен судир, зад сите стои нечиј интерес и сите водат кон едно - контрола над колосекот на човештвото. После неколку децении како што викаш, најверојатно ќе биде секојдневие да се дружиме со трансродови лица. До тогаш, ќе се направат и исперат тешки милијарди за нивни хируршки зафати, еманципации, производи итн. Во едно верувам дека се согласуваме јас и ти, а тоа е, никој не смее да спречува нити да напиња никого, како да живее и која шема да си ја избере.
@Keanu_R.Wick Знаеш за какво разменување на нежности зборувам. За она кое ти е вообичаено кај хетеросексуални врски. Треба да ти е вообичаено и кај другите. Само уште нешто ќе ти кажам за крај. Се' додека не вршиш физичко, психичко или емоционално насилство врз хомосексуални и трансродови лица, нема да бидеш нарекуван ниту трансфоб, ниту хомофоб, ниту било што друго. Во мигот кога ќе напишеш дека ти се гади затоа што за една личност наместо со тој треба да се обраќаш со таа, тогаш веќе имаш многу против.
Она од кое треба да нѝ се гади е карактерот, однесувањето од некого. На пример, многу повеќе ми се гади некој што фрла ѓубре во парк или на улица, или ми се гади некоја на форум што ми става гифови каде што плукаат и ми менува пишани мислења, отколку од некој или некоја што се декларира како што сака. Порано да, бев хардкор хомофоб, но сега не сум. Но не сум ни "за". Од пусти страв да не почнат да ме сакаат повеќе од пријателски
Кои критериуми треба да бидат исполнети за да можеш да се декларираш како “за”? Не ми се јасни ваквите луѓе. Или ги прифаќаш и ги третираш како што би третирал и хетеро човек, или си против. Игнорирање, ”””неутралност”””, и поддржување на контра паради ти е чиста хомо/трансфобија. Колку сакаш маскирај ја со тоа, “знаеш не сум хомофоб али не ги поддржувам”, продира. Со женски што не се твој тип исто така не се дружиш, “од пусти страв да не те засакаат повеќе од пријателски”?
Чекај, чекај, чекај малку... дали ова значи дека ти веќе си сосема против транзиција и операции за промена на пол на било која возраст, и правото кое го имаат транс лицата на истите? Тука веќе не се работи за деца, ниту за екстреми во транс активизам, ниту за nitpicky ствари како misgendering и закони со кои се криминализира истото. Зарем треба да зборуваме и со тебе дека самоубиствата дури и по транзиција „можеби“ се случуваат поради булингот и никогаш неприфаќањето на тие лица како посакуваниот пол од многу луѓе, како што се случува и со хомосексуалците? Флешбекс мач?! Правиш gate keeping на феминизмот каде ќе стигнеш, на млада девојка ѝ велиш да порасне, мене неколкупати од високо ми се обраќаш дека сум наивна и дека ми сметал твој „феминистички дискурс“. Не сум знаела дека во феминистички дискурс спаѓа ваков однос кон биолошки девојки, само зашто не се согласуваат 100% со твоите радикални ставови. Баш ми е жал, ама ова е последно што ќе ти се обратам и не сакам веќе никаква асоцијација со тебе, и размисли малку колку си ти токсичната во случајов.
Ова ти е како хомофоб да каже на активист за права на хомосексуалците дека прави гејткипинг. Не е феминизмот мој или присвоен па да кажувам јас кој може да биде феминист, а кој не. Ама или си феминист, или не си. Нема тука многу филозофии. Феминист кој се бори против жените не е феминист. Феминист исто не е оној што смета дека треба помалку да се зборува за феминизмот затоа што повредува нечии чувства. Феминизмот никогаш не бил удобен и фин. Па очигледно ти смета, штом ми се обраќаш да смалам со феминизмот.
Ти и тоа како кажуваш кој е феминист, а кој не. Ти си таа која веќе ги премина границите и почна да се бори против ЖЕНИ кои се сѐ само не антифеминистички настроени, да ги навредува и да им ги повредува чувствата. Феминизмот е океј да биде неудобен и бескомпромисен кон опресори, предатори и сексисти... а не кон буквално сите што не се радикални феминисти. Не кон сите жени што не се согласуваат потполно со тебе, не кон сите мажи што буквално имаш речено дека ниеден не може да биде навистина феминист (било стрејт или геј), и најмалку кон цела најранлива група од ЛГБТ заедницата - транс луѓето. Нема да се спуштам на тоа ниво да користам slurs со кои навистина се шири говор на омраза што никогаш не би го оправдала кон никого, но дека твојот феминизам е ексклузивен на многу нивоа - тоа е факт.