Не знам зошто пдма напади. Не реков дека само јас учам медицина (напротив не студирав медицина погрешно протолкува изгледа) ниту реков дека само јас имав професор доктор (повторно, не е професорот доктор, сама извлекуваш погрешни заклучоци) . Намерно посочив на неговиот одговор бидејќи тие што не прифаќаат хомосексуалци веднаш ги сврстуваат во категорија на непрошетани, прости, необразовани и слично. И друга ствар не реков дека се работи за лично мој брат, или дека јас ќе пропуштам нешто туку самп сакав да видам туѓо размислување. Очигледно на темава не може да се води дискусија без напади.
Токму тоа и ми беше поентата. Подржуваат оние што немаат таква особа во своето семејство. Не знам дали има на темава некој кој е во таква ситуација баш би сакала да слушнам лично мислење.
Јас никаде не посочив дека тоа е мое размислување или дека го подржувам тоа што го кажал професорот. Само изнесов она што тој го кажал. Ако сакаш можам да ти дадам број од него па да ти објасни зпшто го кажал тоа што го кажал.
Не ми прави никаква разлика било кој маж или жена (освен јас и мојот парнтер) дали се е*е со маж или жена.
Не ми менва брат ми со кој ќе излегва. На моите тешко ќе им е јер мислат ко тебе. Мене, ич не ми менва со кој се сака нит пак ме интересира шо го задоволва. Брат ми е, најмалку сакам да мислам шо ќе го задоволва. Од таму, во иднина нема да очекувам децата да ми се венчат, ни деца да имат. Нивни избор е, а не очекување за да се радват родителите. И не, нема да ми менва ако е геј. Едино ќе се плашам како околината ќе ми го третира детето.
Мое мислење е секоја чест на тебе ако се споредуваш со животни. Ако одиме веќе така тогаш зошто не се сексаш со маж ти на сред улица како што прават кучињата? Споредбава животни и луѓе е тотално безпптребна
Затоа што не е општествено прифатливо, не затоа што е неприродно. Во камено доба да не гледале строго зад затворени пештери да се сексаат? Јас за среќа не се сметам за надмоќна над животните, иако знам дека општеството ме разликува од нив, а не природата. Споредбата со животни е и те како потребна ако тврдиш дека нешто не е "природно". Животните неприродни се? И пак одби да ми одговориш на прашањата, значи не ни дојде да дискутираш.
А ти си од оние шо се клават над животните ... Како и да вртиш ние сме животни и дел од животински свет и имаме нагони вакви или такви и се си бара свое исполнување. Така да ако некој е геј, али ти упорно го клаваш во стрејт врска јер не ти е сеедно, само штета можиш да напрајш ( читај: фрустрации). И следно, прашањата на @DAngel бар себе одговори си ги. Ќе зборав за општество вс природа али та супер опфати. Makes you think, huh.
@simoncelicius, ние дома на сестра ми само еден дечко ѝ имаме запознаено и искрено мислам дека подобро ќе поминевме доколку дома донесеше девојка, наместо него. Не знам зошто мислиш дека ако си стрејт дека по дифолт ќе имаш совршено нареден живот.
Немам брат (имам сестра), но ќе ти одговорам. Да. Јас и родителите мои не сме иста личност, така што не знам и не можам да одговорам во нивно име. Ама тоа не го негира фактот дека би застанала позади правата на брат ми самиот да си носи одлуки кои само него лично го засегаат, така што би се спротивставила и на сопствени родители ако нивниот став е погрешен. Нема што да им се објаснуваат сексуални и љубовни преференци. Едноставно е врска како и сите други, ништо помалку вредна и ништо повеќе подложна за анализа. Да. Ќе го запознаам. Ако семејството на маж ми има проблем со него, врата отворена, може да си заминат. Ако маж ми има проблем со него, тогаш јас имам проблем со маж ми затоа што сум земала хомофоб/трансфоб. Професорот малку повеќе да си гледа за себе и ич да не ја анализира природноста на туѓите избори.
Професорот таквите гледишта нека си ги задржи за себе, а не да ги пропагира и да ви ги пере мозочињата со такви ср*ња.
@Purplelilac Не пропагираше. Имавме тема за размножување и од еволутивна гледна точка одговори. Значи некој му постави прашање и човекот даде негово мислење. Видииии, не смее некој да изнесе мислење дека сп нешто не се согласува затоа што пропагира или пере мозок. А ако некој подржува тогаш не шропагира и не пере мозок? Темава е за да се изнесат мислења и лични ставови а не некој некому да брани што да каже.
Воопшто не се согласувам дека сме животни. И не не се "клавам" јас над животните, туку некој не класифицирал над животните.Да имаме нагони но за разлика од животните знаеме и да ги исконтролираме, затоа што за се има место и време. Сигурно ако ти се присекса не се сексаш пред мајка ти во дневна затоа што имаш нагон. Животните тоа не го гледаат, општат секаде и пред секого. Не знам како може некој да каже дека сме исто со животни.
Не треба да си професор по физиологија па да знаеш како се размножуваме. Не може сите да ги прифатиме геј луѓето океј. Ама не е во ред да испудиш некој од дома оти се секса со човек од ист пол. Нонсенс е.
Не спомена професорот бркање од дома па што се накачивте. Мешате поими. Мене поентата ми беше сосема трето. Не знам како да поставам прашање поинаку а да не бидам погрешно сфатена. Еве би сакала за 15, 20 години, кога ќе имаш син геј да ми кажеш како си реагирала. Затоа и прашав дали на темава има некој кој моментално има близок (брат, сестра, браручед син ) кој е хомо.