1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хонорарците се бришат од списокот на невработени и ќе плаќаат придонеси

Дискусија во 'Политика и настани' започната од bebaa, 14 декември 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Затоа има протест во понеделник. Не знам во колку часот е, ама ќе видам на фб. Има на информативните портали ќе видите сите.
     
  2. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Значи според законов ако некој е вработен и веке му плакаат редовно здравствено и пензиско,ако работи плус нешто,треба да плака не само данок туку и повторно здравствено и пензиско.Ми нема смисла.Да и на запад е да си плакаат хонорарците придонеси но само ако сакаат и на која стапка сакаат,па врз основа на тоа си имаат одредено што и колку им плака фондот ако се лечат во државното здравство.Јас и мажот ми не сакаме да се лечиме на државно и несакаме пензиски фонд,немаме верба во тоа.А башка што незнаат никој да ни објаснат дали ако парите му доагаат од странство,значи му плакаат од гугал и нема никаков договор,дали и за него важи дека треба да си плака сам а несака.Пошто сигурно неѓа гугал тука во земјава да се заангажира да му плака придонеси.Секој различно го толува законот.Да напоменам дека данок од париве си пријавува и си плака иако и за тоа сите различно му викаа.Но ете овие придонеси едноставно не ни требаат.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ма од мака се различно толкува затоа што Законот не е концизен и јасен.
    Конкретно за твоето прашање, ДА ќе мора да си плаќа придонеси. Дали он сака или не сака никој не го прашува туку прави како што вика Закон. Парите му легнуваат на сметка, до сметката има увид УЈП така да лесно ќе може да се фати. Во прилог, еве ти дел од Закон за тоа кои се обврзници
    Обврзник за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување е:
    1)работник во работен однос кај правно лице, самовработено лице, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба,
    државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје;
    1a)извршен член на одбор на директори во трговско друштво член на управен одбор во трговско друштво
    , односно управител во трговско друштво доколку не е осигурен по ниеден друг основ
    2)државјанин на Република Македонија кој на територијата на Република Македонија е вработен кај странски и меѓународни органи, организации и установи, кај странски дипломатски и конзуларни претставништва,лична служба на странски дипломатски и конзуларни претставништва или е во лична служба на странци, доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не
    е определено;
    3)државјанин на Република Македонија кој е во работен однос во странство, врши
    дејност во странство или е упатен на работа во странство, ако за тоа време не е задолжително осигурен кај странски носител на осигурување, доколку со меѓунаро
    -ден договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено;
    4)државјанин на Република Македонија вработен во странство во држава во која е
    задолжително осигурен, но во која правата од пензиско и инвалидско осигурување
    не може да ги остварува или не може да ги користи надвор од таа држава;
    5)самовработено лице;
    6)носител на семејно земјоделско стопанство од прва, втора и трета категорија согласно
    со Законот за земјоделство и рурален развој;
    7)верско службено лице;
    8)привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување
    во случај на невработеност, согласно со закон;
    9)инвалид на трудот за време на користење на право на професионална рехабилитација согласно со закон;
    10)самостоен уметник кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна постапка и со соодветен акт на министерот за култура;
    11)врвен спортист кој со таков статус се здобил според критериумите, во соодветна
    постапка и со соодветен акт на Агенцијата за млади и спорт
    12)странец кој на територијата на Република Македонија е во работен однос или во
    служба на странски физички и правни лица, меѓународни организации и установи
    или странски дипломатски и конзуларни претставништва, доколку со меѓународен
    договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено

    Овој Закон е мач со две острици а посебна приказна е како ќе биде на шалтерите во ПИОМ и ФЗО. Од една страна ќе се стимулира ,,сива економија,, Зошто? Затоа што работодавците нема да се замараат со М1/М2 туку ќе склучуваат месечни договори на износ од 9 590ден т.е минималец и за возврат на тоа не е должен да ти плаќа регрес, К-15, да ти дава годишен одмор и др. што следува на едно вработено лице по Закон, а разликата можеби и понатаму ќе се исплаќа на рака (ако сака работодавачот).
    Да разјасниме, дали е товар на работник или работодавач зависи каков договор ќе си потпишеш. Во договорот ќе стои Бруто (значи сам си плаќаш) или нето (он ти плаќа).
    Од друга страна ќе се збори по ТВ дека е намалена вработеноста итн.итн. На Запад ова функционира ама имаш 3 нивоа на оданочување за ниска, средна и висока класа а ние имаме рамен данок.
    Лично знам многу луѓе што раб. со договор на дело и немаат никакво осигурување односно не им тече стаж а на овој начин ете, барем ќе направат некаков си стаж. Нека е минимален и 15год. колку да има за пензија (кај нас не постои старосна пензија).
    Убава е замисла на Законот но не е докажана и прецизна. Сигурно ќе трпи уште промени и ќе видиме како ќе заживее после 01,01,2015 и колку ќе опстане (нормално откако ќе искалкулираат колку ја полната касата).
     
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    А
    Ама нема никаков договор он со гугал.Едноставно му прака пари на сметка.Од банката зошто незнаеа како да му пишат на која основа ги прима парите пишаа хонорар без да им покаже договор.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Поголемиот дел од газдите ќе го одбиваат од хонорарот.
    Тие што имаат повеќе хонорари, самите ќе си ги плаќаат придонесите.
    Јас освен платата, работам и повеќе хонорарни работи што кога ќе си удрам пресметка, многу губам.
    Сметам дека не ми требаат дополнителни придонеси и тоа е моја лична одлука и кога би сакала, сигурно дека тие дополнителни средства не би ги дала таму, туку во приватен пензиски фонд.

    Чиста глупост. Уште еден протест после студентскиот, само нека се занесуваат они. Се пофрустрирани сме и пофрустрирани.
    Каква генијалност за да уште се бришат невработени, каква генијалност да се полни испразнетата државна каса. Шала на страна, владава е креативно студио, а не влада, па треба бре да си уметнички креативен за вакви решенија, со еден удар, две муви.

    Беба, одете со враќање на позајмица, нема да плаќа ни данок :D Замисли гугл се зајмил од тебе, хихирику хумор. Шегата на страна, не треба да плаќа никакви придонеси од причина што гугл нема ни претставништво во Македонија и за него нашите (квази) закони не важат! Кога би имале претставништво барем, во тој случај, да. Бидете си раат. Секако, јас би извадила и примери да посочам, ама со нашава влада или креативно друштво, можеби и би оделе против светската практика, правила и прописи...Секако, примерот би бил многу школски и едноставен, ама премиерот има купена диплома и магистратура, па не сум сигурна дали го полагал тој испит за да знае...
     
    Последна измена: 17 декември 2014
    На SV1911, Tanjamm, Anne.B и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    Нова банкнота за хонорарците
    [​IMG]
     
    На fighter, SV1911, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Твојот газда е обврзан да ти плаќа боледување, 13та плата, и имаш платен одмор. Хонорарецот ги има истите обврски како тебе, но ги нема истите права.

    Исто така, државата дава пари за породилно отсуство на вработени жени, а не сум сигурна дали и хонорарците ќе го добиваат ова. Некој ако знае нека дополни.

    Да речеме дека хонорарецот работи еден месец, другиот не заработува воопшто, и така во интервали. Како ќе се регулира тоа? Постојано ќе се пријавува и одјавува од здравствено и пензиско осигурување?
     
    На Tanjamm, Kartman и bebaa им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Ништо не работете хонорарно. Само плата и леб и сол ќе јадеме и така среќни ќе гласаме за вмро.
     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Лошо е ова. Сега се почесто и почесто работодавците ќе нудат хонарарна работа, па бришете се од сите права на работникот :( ни одмори, ни породилно, ни боледување, ни к-15... ништо. Ми е страв да пуштам телевизија во последно време, не знам што следно можат да измислат.
    Прво беше за казните за точаците (возам точак многу често), после за породилното (се трудам да забременам), па за екстерното, за хонорарците (работам хонорарно), и сега најново со академијата за лиценца за професори и наставници (плукни му се на 4 години факултет, сега моето звање професор нема никакво значење без лиценца).
    Никаква корист немам што живеам веќе тука.
     
    На Annath и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    И до кога ќе седиме дома кога се протестира?
     
    На Annath и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    На 22-ри Декември, Понеделник во 12h. Зборно место е Жена парк.
    Навистина треба да се разбудиме и да ставиме крај на ова безумие.
     
    На Lilit, Tanjamm и RainBow им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Го делам мислењето. Oтиде животот наш во аут. Многу лошо за сите.
     
  14. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Штотуку слушам на ТВ изјава дека, цитирам: "Хонорарците ги зафаќаат слободните работни места на невработените." (wtf) ?! Зарем тоа што се борам да заработам и излезот сум го нашла во работа со странство (од причина што во оваа држава може да се просперира само со партиска книшка) е зафаќање на слободно работно место? Овие навистина немаат ни' кочница, ниту осет. Се прашувам што е следно.
     
    На Tanjamm и mariolet им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Мене повеќе ми се свиѓа аргументот - работодавците не ги пријавуваат, а работат полно работно време...
    Демек мислат на работниците.

    Ама ај еве за такви случаи, да разберам, ама човече бре не работам полно работно време, не работам секој ден во неделата, не работам во време на работно време, работам некогаш и од дома, ПО СВОЈ ИЗБОР И ВОЉА ЗА ХОНОРАР, што тогаш? Ниту еден газда не ме злоупотребува, туку ЈАС самата бирам да работам хонорарно за дополнителни средства и сега?
     
    На Tanjamm, darcy, Anne.B и 6 други им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Ништо!!! Ама баш ништо нема да биде. Само ќе бидат наречени опозициски војници, ќе дадат на телевизија некој нивни човек, божем неутралец, и ќе кажува колку е ЗА новиот закон, и пак ќе си го воведат законот :(
    Ама ако, јас сум за протести, иако во државава се неуспешни, барем народот покажува отпор, по долго време молчење и понижување (ехеее, се молчело 20 и кусур години, 'лидериве' наши СИТЕ што биле, троа удрени по главите). Сепак дојде едно ново време на револуција, каде народот си се бори за своите права. А дали ќе се избори, тоа е друга приказна.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Според Сл. весник 180/14 физичко лице кое остварува надоместок од странски исплатувач подлежи на обврска за плаќање, значи мора да има некаков договор (во друг случај работи на ,,црно,,) штом пари му легнуваат на сметка (и под цел на дознака ,,хонорар,,) и тој Договор ќе го носи до ФЗО И ФПИОМ и они ќе му прават пресметка (а овие службено ќе доставуваат до УЈП). Обврзник за плаќање на придонеси е физичко лице само за себе, значи тие пари што му легнуваат на сметка му се Бруто износ. (Има листа на Договори за соц.осиг. склучени меѓу РМ и др. земји сака да каже дека ќе му тече односно важи стаж.)
     
    На Abeja и tessie им се допаѓа ова.
  19. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Фин народ денес.
    Фино се собравме.
    Ама уште луѓе фалат што се со мислата - другите ќе ми ја завршат работата, што ќе одам и јас.

    А Грујо како Сталин, држел состаноци до 4 сабајле. Работи човекот, не спие.

    Си легнувам вчера и на мтв еден оди - Еуизабета до каде сме со пуектот со дрн дрн дрн, и Елизабета, ненаспана, ненашминкана се плетка, линија на отпор - 0. Па така се краде, овај гради држава бре, буквално преку ноќ!!!

    Не бе, супер сме.
     
    На Tanjamm, Annath, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.