1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хонорарците се бришат од списокот на невработени и ќе плаќаат придонеси

Дискусија во 'Политика и настани' започната од bebaa, 14 декември 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    http://www.sitel.com.mk/protest-za-...avstveni-i-penziski-pridonesi-za-honorarcit-0

    Дали се здрави...

    Абе не сакам да си плаќам придонеси, сфаќате? Не сакам! Ми плаќаат каде што работам, дури и тие не ги сакам, што ќе ми се? Подобро ќе си плаќам во приватен столб или животно осигурување ако мислам веќе сериозно на иднина и старост, него ли во државна каса да ви го вадам гзот сега, како не сфаќате!!!
    Мој избор е, не е на работодавецот, други суштински проблеми имате, за почеток во главите.

    И зошто одредени работни места се исклучени од ова?

    Ох леле...
     
    На Tanjamm, Annath и SwanMay им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    (facepalm) 500 граѓани... што не пишале два,тројца се бркаа пред влада. Како бре не им е срам, колку само си тонеме подлабоко и подлабоко, пропаѓаме во жив песок. Џабе се вакви протести, никогаш ништо за жал нема да се постигне. Зашто народот не е солидарен, зашто нема кичма. :x
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ви кажав дека на крајот ќе речат СДСМовците протестираа, пу пу не се важи. :(
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мене повеќе би ми се допаѓало да се врати бодирањето за плати (кои според некои, се уште постои, но реално е само една теорија), наместо да смислуваат глупости со хонорариве. Каде-каде постимулативна мерка и поголема конкуретност на пазарот за труд. А со постоечките квази мерки сите се по калап и работодавците буквално се контролираат, па дури и неприродно го контролираат пазарот на труд што предизвикува устојана и бајата економија. Пак ќе речам, Груевски ги скокал тие предавања - што е основата на модерните економски системи освен капиталот те парите?
    Колку пообразуван, толку повисока плата, како и колку поискусен.
    На овој начин и средното ќе си добие повторно на вредност, реално.
    Нема да се џмие по амфитеатри колку да се дојде до диплома. Со ваква мерка две муви со еден удар. И екстерно и невработеност.
    Повеќе ќе се вработуваат и среднисти, секако ако бараат за секретарка со факултет, ќе мора да ја плати над 30.000.Лудо да бараш за секретарка високо образование како што прават, а од друга страна па и толку да ја плаќаш, ќе се подразмислат малку работодавците и нема да седат дома невработени еден куп среднисти чија вредност се деградира и на лично ниво, како човек.
    Плус ќе се направи природна селекција кој до каде е со амбициите. Ако се водиме дека факултет ми е неопходен за да најдам КАКВА БИЛО работа нормално ќе има еден куп со факултет кои всушност и се невработени.
     
    На Daydream, imelda, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Да се допојаснам, пазарот нема толкава моќ на абсорпција на факултетски образувани луѓе, кои од друга страна не би сакале да работат друго заради едноставна работа - суета, која е и логична. Факултет сум учел, кој само по себе не е императив за квалитетен кадар, туку ете умислен најчесто и за жал.
    А парадоксално е што работните места кои се за среднисти захтеваат високо образование, а минимална плата... оди па обвини ги зошто не сакаат да работат, од друга страна среднистите не добиваат шанса ни да се пробаат, а би работеле.
    Повратната спрега е висока невработеност и во услови на новоотворени работни места (ех ова е друга дискусија, онакви инвестиции, овакви инвестиции, нови работни места). Што се однесува до мене на овој наш пазар може комотно да се изврши научно истражување за во економските теории, многу сум сериозна. Да бев во друга насока со магистерските, веројатно ова би го земала како теза за проучување.

    Освен проста економска логика има и психолошка логика, ама ете...

    Партиските вработувања не сакам ни да ги коментирам.
     
    На daylight, An-na и Annath им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ^ ^Во јавни и државни институции се зема плата според вредност на бод. Се знае колку бодови се има со средно образ. колку со високо, колку со м-р колку со д-р. Се знае кој може да биде раководител на сектор (тој што е м-р), кој помлад кој постар асс. односно се има јасна систематизација и според неа се зема плата.
    Во приватен сектор неможе Влада да меша прсти и диригира систематизација. Не можеш на приватен сектор да му кажуваш кој колку ќе зема плата, освен минималната плата која демек ја договара ССМ и Влада. Така е сега кога коеф. за сите (средно, високо, вишо) е ист 1, за разлика од порано кога се знаеше за средно 1,3 коеф. за високо 2,4....итн, откако во 2008 се пристапи на нов начин за пресметка на плата.
    Кај нас има друг проблем, поголема е понуда на раб. сила од побарувачка а тоа оди обратнопропорционално со плата т.е се намалува плата.

    Tуку во петок пак протести закажани за во 14 часот.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Затоа реков - некои тврдат и - во теорија. Јавен сектор не е реална економија.
    Во јавна администрација важи, ама во приватен сектор - НЕ и тоа е тој момент за кој треба да се погрижат, а не да се фаќаат за хонорарите кои се сламка за спас токму заради ниските плати, а високото образование, па уште и тие да ти ги земат.

    Твојот заклучок е истото кое што јас го напишав, плус психолошкиот момент и нивото на образование. Не е само едноставната економска логика на понуда и побарувачка...затоа би било парадокс и би биле случај за опсервација...
     
    На ForeverYoung, Night Rider и Annath им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ама неможеш да се мешаш во приватен сектор и да кажуваш кој колку ќе зема плата, кај е тука демократија.

    Ова со хонорарите има друга позадина што мислам дека нема да им успее и ќе падне во вода Законот после некој си период.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Позадината е иста - да те држат на раб на егзистенција затоа што така даваш помал отпор.
    Мешање е и одредување на минимална плата, не гледам како е ова поразлично? Со тоа што би било воведено задолжително пресметување на плата по бодови, затоа што не сме сите исти, покапиталистички и демократски момент, амин. Колку повеќе вложуваш - толку повеќе добиваш, а не да стагнираш како што се случува во приватниот сектор, а работодавецот да се однесува како робовладетел. Веќе кога и онака се мешаат каде стигнат, барем нека се замешаат со нешто како што треба.
    А друго е што тие го направија овој хаос на тоа поле стимулирајќи високо образование и задолжително средно училште што завлече многу, многу поглеми проблеми.
     
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Најдобро би било да се воведе саатница како во сите цивилизирани земји, минимална плата по работен час без разлика на сектор бидејќи вака како што е сега минималецот е бесмислен. Иако и да се воведе такво нешто повторно ќе биде само мртво слово на хартија :(
     
    На DraTilHelvete и tessie им се допаѓа ова.
  11. Florenca

    Florenca Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    10882275_10204110620860720_7197103464666942681_n.jpg
     
    На mariolet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Дали некој знае да ми каже дали треба да се плаќаат придонеси и за парите заработени како freelancer што се земаат преку странска картичка, а не преку некоја од нашите?
     
  13. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Супер ќе ми почне Новата година,со 35 посто помалку од хонорарот кој што го земам...а бе мераци една цела кирија ќе ми замине во државната каса. Аххх леле зошто се родив тука
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    На предавањето од ССК во вторникот се постави вакво прашање, госпожата рече дека во овој случај - НЕМААТ обврска да плаќаат придонеси и дека си го носиш на своја одговорност и се е ок се додека плаќаш данок за тоа.

    Иако морам да признаам дека беа страшно не спремни со одговорите, одговор на конкретно прашање е - оди прашај си во институцијата одговорна за тоа... а не знае да ти каже која институција е одговорна и на тоа добиваш одговор, па владата... и ај сега?

    Патем, по ова прашање треба јасно и гласно да се изјаснат и професори од економскиот и правниот факултет, а не само засегнатите страни. Не е прашање кое засега само луѓе кои работат и можеби живеат од хонорари. А исто така и сметководителите на фирмите си молчат, а како што знам прилично имаат став по ова прашање.
     
    На DraTilHelvete и SwanMay им се допаѓа ова.
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Еве баш сега заседава и вонредна ректорска управа со новогодишен коктел во рака по повод законските измени кои стапуваат на сила од 01 Јануари.
    Исто како и за државен испит, факултетите не ни беа прашани туку доведени на свршен чин, а ректорот си се огради од мислење, така да и сега ќе биде исто сценарио.
    Сметководителите треба да лупаат глава од зид како и по која варијанта ќе прават пресметки а работодавците нека му ја мислат како ќе плаќаат. Уствари и нема што да мислат, даноците ќе бидат на товар на работникот и ќе си земат помал хонорар и крај на приказна.

    НЕ
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    http://plusinfo.mk/vest/10318/prido...-poradi-kupishta-odredbi-sprotivni-na-ustavot

    Не сум оптимист. Сите знаеме под чие влијание е Уставниот суд. Ама ај, да се искористи и оваа законска можност.
    Граѓанска непослушност и протести му е мајката. Ништо друго со ваква диктаторска власт.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Во упатството и законот јасно пишува кој плаќа придонеси на хонорар. Парите добиени од странство се хонорар и подлежат на оданочување. Нема тука право на избор.
    Имав прилкка да го слушам министерот на канал5, каде објаснување и фино лепо човекот објасни и уште и пример даде - сетнал во рамстор некој човек кој му се пожалил зошто да плаќа придонеси. Наводно човеков претставник во Македонија бил на странска фирма, со плата од 1000еур. И министеров го прашал како се лечи, овој одговорил, па пријавен сум во аврм како невработен и имам здравствено.
    Е ваквите го манипулирале системот, ем 1000 еур плата, ем невработен. Така дс и на пари од странство се плаќа, си пишува во упатството.
    Е сега најзагрозена категорија се оние кои нит се водат невработени, нит сакаат државно здравство и си штедат во 3 столб?? Кој сака у ова никљкво државно здравство да се лечи??
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    ^
    Ај преиспитај си ги информациите.
    Јас работам со странство и примам пари од таму. Не се водам тука како невработена и сама си плаќам здравствено осигурување и персонален данок 10%. И да сакам, не можам да земам здравствено бесплатно т.е можам, ама кога - тогаш ќе ме фатат дека не ги пријавувам парите.
    Е сега, за ова горенаведеново не се бунам, ама.... со сила бре да ме тераат да го финансирам трулиов пензиски фонд т.е да им ги финансирам главните гласачи!? Нејќам бре! Мој избор треба да биде дали сакам да имам пензија или сакам животно осигурување или пак да си штедам во банка.
    Плус... јас до сега не чув некој да се изјасни што ќе се случи со нас кои веќе плаќаме здравствено. Со новиов закон уште еднаш ќе плаќаме. Тоа затоа што имам големи приходи де. Битно функционериве нема да плаќаат ништо. Каква праведна држава!
     
    На Tanjamm и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Што.одма на карање ги терате муабетите?? Јас го имам правилникот од фондот. Значи на парите кои ти доаѓаат од странство одиш во фонд и они ти прават МПИН. После си плаќаш се. Значи комплет, персонален, здравство, пензиско. Како фирмите.
    И госпожа нервозна, ако добро го разбра мојот пост не ја поддржувам оваа " реформа" бидејќи денес има милион опции, приватно здравство, 3 пензиски столб..
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Според твојов пост друго мислење стекнав. Ама не е битно...
    Нервозна сум и тоа како. Имам право да бидам. На крајот ќе бараме дупки во законот, барем јас. Одбивам да го финансирам пензисков фонд и лудостите на оваа власт.
    Или... ќе ме натераат да се отселам од тука. Ќе плаќам ако треба и 50% данок, ама да знам дека државава и нејзините институции функционираат беспрекорно и дека ме третираат како човек, а не како ѓубре. Да знам дека моите пари се трошат правилно.
     
    На Tanjamm и DraTilHelvete им се допаѓа ова.