1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хонорарците се бришат од списокот на невработени и ќе плаќаат придонеси

Дискусија во 'Политика и настани' започната од bebaa, 14 декември 2014.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.594
    Јас мислам дека е добра идејата, ама не е разработена доволно. Има и други земји во кои хонорарците ја имаат оваа обврска, но мислам дека кај нас треба да се разработи малку.

    Прво, се сложувам со тоа дека оние кои заработуваат месечно повеќе од една плата, дека треба да плаќаат придонеси. Причината е поради тоа што тие се водат како невработени, па оттука, истите земаат и социјална помош можеби, а секако користат државно здравство, а за кое сите вработени плаќаат. Значи, сите делиме од платата за здраветвено осигурување, а оние кои заработуваат и не пријавуваат, не плаќаат, а го користат.

    Добро е и од аспект на тоа дека се обезбедуваат и за во постари денови, т.е плаќаат за пензиско. Оние кои работат на повеќе места, и повеќе плаќаат пензико, нормално, кога ќе отидат во пензија ќе земаат поголема пензија.

    Лошо е следното - вработените, кои работат и хонорарна работа, два пати плаќаат здравствено за иста услуга.
    Лошо е што за еден саат хонорар за кој заработувам по 10 000, ке ме пријават како вработена за тој еден ден во некоја фирма која ме плаќа, па во ист ден ке бидам на две места вработена. Не знам колку е ова нормално.
    Лошо е што парите од пензиско, ке ги плаќам на државата - можеби сакам да ми одат во друг столб. Овде нема можност за бирање.
    Добро е што ке се знае колку луѓе работат непријавено, змеаат хонорари, а се жалат како немаат пари и лапаат бесплатно здравство. Лошо е што сите ке имаат увид во тоа кој каде работел и колку пари зел - оној кој ве плаќа има обврска да ве пријави во УЈП ЈАВНО каде сте работеле и колку сте заработиле.
    Лошо е што не е електронска постапката - 100 000 хонорарци во Македонија (ова го кажаа на едно предање дека 100 000 луѓе во Македонија земаат хонорари кои никогаш не ги пријавиле, замислете кои пари се тоа) ќе треба на 31 во месецот да одат пред фондот и да чекаат ред да пријават дека овој месец заработиле цела плата. Ќе чекаме со саати сите, освен ако не направат некој магичен изум до 30ти месецов.
    Лошо е што обврската за да ти плати придонеси ја има фирмата во која си работел хонорарно, а ако си работел во 2 фирми во еден месец, тогаш сам си ги плаќаш надоместоците од парите кои си ги заработил. Затоа ке има и помала плата ако работиш на две места. Ако си во една, само добиваш, не губиш ништо. И ова ги засега оние кои по малце од секаде заработиаат. Оние кои лапаат по 5000 евра месечно од договори на дело, нема да имаат проблем. А има и такви, ке ги видиме следниот месец на УЈП.
    Мене лично не ми смета тоа што ке си плаќам екстра пензиско - ми смета што ке плаќам екстра здравствено.И тоа што не е електронско пријавувањето. Супер е што најпосле ке се види колку многу луѓето заработуваат и се вработени, а не се пријавени. Фирмите ке го искористат и она дека за лица под 29 (или 27 не знам колку) ако ги вработат, нема да треба да им плаќаат придонеси, па подобро ке им биде да ги вработат отколку да ги имаат како хонорарци.

    Инаку Ан на :) Уставен бутна супер закони на оваа власт, наметна обврска да се плаќа за трето дете и кај што не треба, да не учат децата веронаука, па веројатно тогаш мислеше дека Уставен се од сдс. Нема веза, тоа е друга тема.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас ја подджувам само во делот каде има вработени во фирма и дел им се плаќа како хонорар, а на многу мал дел им се плаќа пензиско и здравство. Овие луѓе губат и кога се на боледување, породилно бидејќи само мал дел им е пријавен. Оваа категорија толку лесно може да се фати и да се реши. Трагично е што мерката не е насочена кон оваа категорија вработени.
    Е сега, за мене спорна катеторија се оние од странство и вистински хонорарци. Оној што добива пари од странство не гледам зошто да плаќа пензиско и здравствено. Има луѓе во оваа категорија кои приватно си.штедат и се лечат. Зошто да плаќаат и тоа САМО во државен пензиски фонд?? Очигледно е дека позадината е полнење на дупката истиот.
    Други хонорарци, дј, фотограф, преведувач.. кој мој да плаќа? Непотребно се отвара работа на и така неефикасната администрација.

    Едит. Нек ти ги префрлуваат парите кај некој пензионер во фамилија. Они се изземени.
     
    Последна измена: 7 јануари 2015
    На bebaa, Orthophill и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Која година беше тоа? Од тогаш скоро цел Уставен е сменет. Или грешам?

    Гледам дека упорно зборувате дека хонорарците се воделе како невработени? Ете и да се водам како невработен (а и сум невработена, ако размислите подобро) никакви привилегии немам од тоа. Имам приходи кои се поголеми од 90 000 годишно и се сама си плаќам. Така што тоа не ви држи вода.
    Второ, со законов јас ги имам истите обврски кон државата како било кој вработен, меѓутоа ги немам истите привилегии. Повторно ќе бидам невработена. Ако сакам да земам кредит, нема да ми дадат, на пример.
    Трето, јас работам на проекти кои не се редовни и немам секогаш исти и константни примања. Не ми е јасно во тој случај како ќе ми се води пензиското. Еден месец имам, три немам, па пак во круг. А да не зборувам за здравственото. Тие во фондот и до сега беа една изгубена багра, сега можам само да замислам што ќе се случува.
    И за крај... Фала и на државава што се “грижи” за мене и за мојата иднина. Арно ама, јас сакам ако може сама да си одберам како ќе си ја обезбедам иднината.

    Инаку @Cka ако сакаш да ми кажеш во кои други држави има ист или сличен закон?
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.594
    Хрватска има сличен закон, ова ми е кажано од експерт по трудово право, немам време да го прочитам, а судиите се менуваат по истек на мандат. Има судии од 2008ма сеуште.

    Ке бидеш вработена за тие месеци кога заработуваш повеќе од 9500. За тие ке плаќаш придонеси. Оние месеци кога се помалце од 9500 немаш обврска. Ти имаш во просек 7500 месечно, така што од тебе и од оној кој те плаќа ќе зависи и како ке те плаќа месечно.
    Ме интересира како си плаќаш здравствено и пензиско од 7500 месечно? Во кој столб и по колку месечно?
     
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Не плаќам пензиско, само здравствено.
    Јас, бидејќи имам поголеми годишни приходи од 185 000 мислам дека беа, си плаќам фул здравствено според просечна плата за таа година. Во моментов тоа е некаде околу 2300 месечно. Има опција за тие што имаат годишни приходи од 90 000 до 185 000 да плаќаат половина од оваа сума, а тие што се под 90 000 државата им го покрива здравственото.
    Не би да навлегувам во дебата за Уставниот суд. Се знае во 2006 под чие влијание беше, а се знае сега под чие е. Ништо ново.

    Тешко дека ќе ме натераат да плаќам пензиско со сила. Ако треба нека ми блокираат сметка, ништо чудно од вакви диктатори.

    Сеуште никој не се осврна на фактот зошто функционериве и спортистите се ослободени од оваа давачка? М? Имаме различни категории на граѓани, или...?
     
    На Candid, Psychen и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Во истото интерву погоре што го спомнав министерот кажа дека било депласирана информација за политичарите. Демек и тие подлежат.
    Јас те поддржувам. Тука не се работи тебе да те заштитат, туму дупки да пополнат. И тоа е тоа..Зошто парите одат во државен фонд само? Како што кажав оваа реформа е добра само за оние кои до сега добиваа пари на сметка како хонорар од фирмата каде се вработени. Ама газдите и за ова ќе најдат дупка и сигурна сум дека нема да им јљ згилемат пријавената плата. Сега пари во кеш ќе се делат. И што не најдат начин да го намалат тоа плаќање во кеш, него удри таму каде е нај лесно.
    Се е испомешано тука.
     
  7. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    https://www.google.com/webhp?source...on=1&espv=2&ie=UTF-8#q=bulgarian income taxes
    http://www.kik-bg.com/en/payroll-calculators/payroll-calculator-gross-to-net.php
    Почни да ја повторуваш мантрата" edin narod dve drzavi " :D
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.251
    И јас во новата 2015 влегов песимистички. Се нервирам. Читам на интернет, барам опции за заминување во странство. Платата не е доволна, а ако работам хонорарно и ако давам 35% на државата, џабе работам.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Не е џабе, утре пензииче ќе си лапнеш (ова ако постои уште државниот фонд). Мала шала :D
     
    На Tanjamm и DraTilHelvete им се допаѓа ова.
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    за какво предавање се работи?
     
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
  12. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Ми изгледа како голема манипулација ова, уште една од многуте. Не е за нас добро, тоа е факт.. Државата премногу пари даде за премногу работи кои не беа приоритетни. И сега, мора некако да го полни фондот. Како? - Преку хонорарците, ама не сите, оние на кои секако им е најтешко. Во ред е да плаќаат придонес оние кои имаат постојано вработување и кои + заработуваат хонорарно. Но, што е со они кои живеат од тоа? - 35% е премногу и на така малку заработеното.
    Како и секогаш, најмногу ќе страдаат оние кои и така најмалку имаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    не успеав да најдам каде да прашам, па овде ќе го поставам прашањето, некако најблиску ми се гледа. колку се плаќаше персонален данок до сега? значи за примања по однос на договор за повремено вршење услуги т.е. договор за дело. поточно ме интересира за преведувачки услуги. лани користевме преведувач и сега од сметководство нешто негодуваат, не требало 10% туку 11,11%. кога се плаќа 10%, а кога 11%? јас за договор за дело си плаќав до сега 10%. фала
     
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Добро ти кажале од сметководство, персоналецот се смета 11,11%, е сега не знам од кога е така, ама за 2014 сигурно треба вака да се пресметува. Веројатно следната година ќе добиеш известување за „мањак“ персоналец,(односно ангажираниот хонорарец ќе добие) па ќе се доплати тогаш. Само не знам дали пресметуваат камата, консултирај се сепак.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не сум премногу упатена во темата, морам убаво да прочепкам што сака да каже авторот и на овој преку ноќ донесен закон, само сакав да го постирам ова, како зборува правник пред се, професор на факултет за почит.
     
    На daylight и do-re-mi им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Бев денес. Доста народ имаше. Одиме до крај :)
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Одговорот е многу едноставен. Приходот кој се остварува дали е нето износ или бруто износ.. тоа одредува дали се пресметува со 10% или со 11.11%.
    Пример. Сте диговориле да ве исплатат 100 денари бруто (значи данокот е содржан во овие пари). Плаќате 10 денари данок. Нето за вас 90 денари.
    Сте договориле 90 денари нето (да ве исплатат 90 денари, а данокот паѓа на товар на исплатувачот на парите). Данокот се пресметува со 11,11% и е 9.9 т.е.10 мкд. Вкупно бруто износ пак е 100 мкд.
    Се надевам ви помогнав.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали доколку си вработен со решение, можеш да потпишеш договор на дело за хонорарна работа? Ќе имам ли некои давачки јас.. Не сум доволно информирaна па ако некој знае и ако сака нека ми објасни поубаво. :!: