Имам одено на ендокринолог и во мојот град на државна болница 100 пати, и во Скопје еднаш, и сите ме препраќаат на гинеколог повторно а всушност на гинеколог испаѓа дека се е во ред.... Денес бев кај познат и стручен гинеколог, ги погледна хормоните, рече дека се сосема во ред сите, освен ТСХ, ама за него примам редовна терапија еутирокс со години, ми рече дека не ми е погодена терапијата, а и сама си осеќам, нема никакво подобрување сите овие години, ама кога одам на ендокринолог и на интернист, не ми ја зголемуваат терапијата, туку ме препраќаат пак на гинеколог, а имам сменато повеќе гинеколози... Знам дека нема да можам да забременам ако немам циклус, не ми е за скора иднина тоа во план, сакам да имам циклус бидејќи без него целата сум отечена и се дебелеам, лесно се раздразнувам и слично. Новиот гинеколог денес ми даде Циклопрогинова да пијам, рече да ги земам еден месец по шема, ако ми предизвикаат циклус и ако немам нус појави, да ги пијам 6 месеци и дека ќе ми се среди циклусот. Како што пишав и погоре, не ми ја зголемуваат дозата на еутирокс, 100 пати им реков и не сакаат, а и гинекологот денес кажа дека не ми е погодена дозата, и сама си осеќам дека не е.... Хормоните излегоа дека се сосема во ред, со исклучок на ТСХ, знам дека не ми се проверени на добиено, ама морав да ги проверам вака, бидејќи одамна немам добиено циклус за жал... За тироидната одам во државна болница во БТ, имам бидено и во државна во Скопје и еднаш во Филип Втори. Вредноста на пролактинот е до 530, мене ми е во ред.... Женски фала ви на сите за советите, се надевам не бев офтопик, темава ја најдов кога пребарував за хормони, ама не видов дека е во бременост ЕДИТ: Вчера општата матична рече дека Естрадиолот не е во ред, а гинекологот рече дека е во ред, и ај сега кој да се верува
@Rama А бе тебе шашма ти го направиле мозокот, еден вака, друг така, трет онака Ама ако имаш симптоми од тироидата мора да ти дадат терапија, бог да чува Сум чула дека во Тиреодијагностика се добри, имаат и сајт, ѕирни. Приватно е, но ги фалат, па ако си во можност оди. Хормоните на тироидата треба да ти ги средат, да ги избалансираат. Се надевам дека од Циклото ќе се регулира и ќе си провериш асално хормони на трет ден, па тогаш Естрадиолот да се види дали е или не е добар.
ај помош девојки, мене стварно не ми е јасно испитувањево со хормониве. како прво колку вкупно хормони се испитуваат? општо за цел хормонален статус? Мора на трет ден од циклус? како ќе темпирам со упатот за 3 ден од циклус
Ако треба темпирање со циклус упат ќе си бараш од гинеколог за во државна во лабараторија (зградата пред ендокринологија). Најубаво кога ќе ти дојде да го земеш упатот оти мислам дека макс.една недела трае. Не е со термин. А за на ендокринологија скоро е невозможно да натемпираш едино со приоритетен ама и со тој ќе влезеш после 12часот (ако нема гужва) и во 13часот треба да те боцкаат и треба да си гладна поради инсулинот што мислам декс е измачување и не би дало точен резултат.
МАтичниот доктор или матичен гинеколог ќе ти даде упат на Ендокринологија.САмо нз со мојтермин има многу гужва дали ќе го погодиш денот на цикулус. ЈАс бев 5ти ден од циклусот и ендокринологот ми рече дека можи да проверам. Зависи и како ќе ги проверуваш дали на 7ми, 14, 21 ден шо е три пати месечно. На приватно е многу поскапо, ептен. А со приоритетен нз, еднаш другарка моја со приоритетен не ја примија, оти не била итна со таков упат, па сега не знам.
Ако одиш на Ендокринологија, ендокринологот ќе ти даде интерен упат за во нивната лабораторија кој важи еден месец, така да си чекаш дома и на 2-3 ден од циклус одиш да ти извадат крв. Мене ми испитуваат петнаесетина хормони, антитела за тироидна, ако треба кај нив ти проверуваат и шеќер, триглицериди, холестерол, се со едно боцкање.
аа епаако може така супер. А од кај да земам упат на ендокринологија? ако не бива ќе ги испитам на приватно - околу 5000 ќе ме фати.
Ендокринологија е терцијарно здравство, значи мораш прво да одиш на интернист а потоа тој да ти даде упат за ендокринолог. Јас мислам дека и самите интернисти можат да ти дадат ваков упат за хормони кој би важел цел месец, ама не можам да тврдам.
Мене гинеколог ми даде за Ендокринологија. Инаку, за хормони испитување гинекологот ми дава упат кој важи еден месец.
Ако отиде над 20 е загрижувачки, вака си е сосема ок, и соодносот со lh e 1:1, што е идеално. И естрадиолот е добар, значи комплетно си е таман резултатов, нема простор за загриженост.
Фала на утеха,пролактинот знае да ми рипне...некој предлог што друго да испитам од хормони или било што би можело да биде пречка за бременост?!
Андрогените хормони задолжително, андростенедион, тестостерон, SHBG, инсулин... Тоа е од хормони, а за други испитувања најдобро информирај се во подфорумот "Совети за оние што сакаат да забременат", јас не сум баш информирана.
Zdravo.Nova sum na forumov no ve sledam dolgo i ste od golema pomos. Jas sakam da stanam mami4ka po vtor pat ali nekako tesko odi. Progesteron nizok (drugite hormoni vo red)narusen ciklus ovie 4 meseca , prethodniot mesec imase samo eden folekul do 13mm i iscezna. Cekam za HSG vo plodnost valda, uste se mislam. Nekoj od vas iskustvo i kolkav e problemot, stvarno ne sum svesna?????