@PEPCE, пролактинот тебе ти е во граници на нормала. И да ти е повисок, има апчиња ама тебе ти е добар. Лх ти е понизок ама не е страшно. Вака репродиктивните хормони ти се океј но би ти препорачала подетално да ги провериш хормоните на тиреоидата, зошто тие исто многу влијаат врз забременувањето.
Имам полицистични јајници, тешко забременив со хормонска терапија. При што влакната на лицето ми се познаваат повеќе од порано. Дали постои некоја терапија тоа да се реши. Средувањето ми одзема мн време, а и покрај тоа пак се познава на дневна свтлина.
Како да ги најдам резз од испитувањето, вчера испитував ми рекоа на страната на мој термин, ај помош не можам баш да се снајдам
Девојки, дали некоја од вас се соочила со нешто слично? Во последно време чувствам некои промени, на пример наеднаш хормонски поткожни акни, а секогаш имам прилично чисто лице, големи подочници, силни пмс симптоми 10 дена до недела дена пред да добијам, што значи многу порано ( но без отекување и болки во гради како што обично сум имала, само стомакот), пообилна и неиздржливо болна менструација, исто така и low sex drive, поспаност... И вие сметате дека треба да се упатам на преглед, чисто да си видам како стојам, не дека може да е нешто?
Ако ти земат крв пред 10 часот наутро, поручек после 17 часот ке можеш да си го земеш резултатите. Ако ти земат крв после 10 часот, резултатите другиот ден после 17 часот.
Здраво, бев на преглед кај гинеколог и ме прати да ги испитам хормоните. Резултатите покажаа дека пролактинот ми е покачен(границата е 23.3, јас имам 24.32), ми даде апчина достинекс да пијам еден месец па на контрола. Денес ми стасаа и други резултати се е во ред, само DHEAs ми е 628.5, а границата е 407.40. Неможам моментално да го добијам докторот дури во понеделник ќе се врати. Што е работата да не знае некој? Неможам да издржам до понеделник без да знам што е
Девојки, дали некоја знае да ми одговори дали постои простор за паника со андростендион 4.12, а границата е до 3.5. Не се разбирам многу од хорнониве, а ендокринолозиве се по одмори. Фала ви.
Препорачајте ми добра приватна клиника да испитам хормони кога ќе се вратам, тука е изгор скапо, а да одам кај нас на државна неам здравствено. Многу проблеми ми се појавија во последно време, посебно ме загрижува ужасното опаѓање на косава, губам по 10тина влакна на секое потегнување на косата, а при чешлање и бањање цела рака, се гледа со голо око дека сум проќелавеана. Сакам стрес хормон да испитам и општо тироидна и сите други хормони, дали има таков пакет за се некаде?
@1209, штом плаќаш, можеш и на гинекологија на државна да одиш. Барем знаеш дека резултатите ќе бидат веродостојни. Сумата мислам дека секаде е иста, околу 500 + од хормон. Планирај дека ќе треба да одвоиш околу 100 евра за основната проверка.
Да не имаш нагло ослабено, да не не се храниш доволно или преголема физичка активност периодот...? Во секој случај не е на одмет да испиташ хормони и јас се соочив така со губиток на коса и тек сега по 2г полека ја вратив во нормала, кај мене поради преголемо вежбање и слабеење беше...
Здраво. Никогаш не сум испитувала хормони досега. Може ли некој да ми објасни кои хормони треба да ги проверам во однос на мојот проблем: Од една страна совет од стоматолог поради проблеми со заби и од друга страна проблематичен месечен циклус, изразен ПМС, тотален колапс пред циклус и за време на истиот, пропратен со анксиозност? Претпоставувам дека матичниот гинеколог ќе ме упати меѓутоа сакав да добијам и тука одговори затоа што сум аут на темава На пример, треба ли да испитам на трет ден од циклус или тоа е само за некои одредени хормони/проблеми? И секако каде сѐ се испитуваат хормони? И која е цената државно наспроти приватно? Благодарам многу!