Ќе побараш од општиот матичен крвна слика со железо, за проблемите со забите. А за хормони кај матичниот гинеколог комплетно испитување хормони, ќе ги провериш на трет ден од циклус. Со здравствено осигурување ако добро се сеќавам ќе те чини околу 500 ден. и се прават на гинекологија, во Јане Сандански и може уште некоја клиника, ќе ти каже матичната.
Гинекологот ќе ти каже кои хормони треба да ги испиташ според проблемот кој го имаш. Како што разбрав последниот пат кога бев, мене ми даде 10 хормона на испитувања кои биле најважни, незнам дали е кај сите така или конкретно кај мене. Оди веднаш на гинеколог и ќе ти каже тој кога да ги испиташ хормоните. Јас бев во приватна амбуланта во Скопје, ми земаа 5.300 ден. инаку се поскапи, ама месецов имаат некои пакети со попусти. Резултатите ги добиваш најкасно за три дена.
Покачени хормони и за нивно регулирање ми даваат контрацептивни таблети(cricea) да ги пијам шест месеци. Во упатството никаде не пишува дека ја нормализираат состојбата на хормоните, туку само дека заштитуваат од бременост. Е сега никако неможам да си ги поврзам овие две работи, а на приватно бев во Ремедика на прегледи.
Пролактин и dhea-s, за пролактинот пијам достинекс иако не ми е много покачен 1 над границата. А DHEA-s ми е 221 над границата и ми ги препиша cricea.
И јас испитував сега Прл повторно зашто ми е 32,4, реф. 3,2-25. Ќе ми ги кажат после резултатите, па ќе видам следнава недела што ќе ми даде др. Многу тешко се регулираат хормоните. За Дхеа, јас пиев едно време зашто исто ми кажа доктор поради слаби резерви. Прочитав за ова што го пиеш дека е контрацептивно, ама чим ти рекле пиј го па види реакција. Поздрав
Достинекес е можеби и најдобра опција за пролактинот како што читав искуства од др. Јас пример и не осеќам поспаност, низок притисок откако ги пијам, некои имаат и вакво искуство. Читав по интернет за тој хормон и никако неможам да сфатам кои се причините и последиците за покачено dhea, докторот го прашав само ми одговори ништо страшно, ќе се регулира и тоа. Мислам дека нема врска, ама да прашам за сигурно. Кога е најдобро да испитам хормони повторно? Докторот ми рече после 3 месеци, ама околу менструација тие денови или?
Ти благодарам многу Се надевам ќе средиме работа, веќе се изморив од мисла. Уште овој проблем ми фалеше, а јас кутрата па незнаејќи и со надеж дека ќе останам бремена се утепав тестови правење
Ми кажаа дека е во граница Прл, 30ка кај мене, а границата 35. Ќе одам кај гин да ми каже што понатака, значи сепак е висок и кај мене.
Пострашно било да имаш понисок пролактин. Јас така разбрав, па со тоа да се тешиме. Јас имам уште денес и во понеделник да пијам од достинексот, па ќе направам испитување.
@tina2018 те советувам да посетиш ендокринолог, а не гинеколог. Мене гинекологот не сакаше да ми даде терапија, ми кажа најстручни за тоа се ендокринолозите. Имам закажано, ќе видиме што ќе каже.
Да, во право си, само не знам кој може да даде упат, веројатно матичен лекар. Дали Прл значи нешто за инвитро? Или има значење во процесот на зачнување?
Дали и најмалата вредност над границата е најголемиот проблем за забременување? Пример кај мене е еден над границата покачен, дали е голем проблем или и не толку причинител за проблем при забременување.
Не можам со сигурност да тврдам, не сум стручно лице но од она лекарите што ми кажале треба да е што е можно понизок. Испитај го повторно, пролактинот е хормон стрес и од најмала возбуда може да се покачи. Зголемен пролактин влијае на циклусот, изостанување на менструација и доцна овулација, а можно е овулацијата и воопшто да ја нема. Мој совет, уште едно испитување на хормонот,па да си одиш на гинеколог да види дали има фоликули и дали постои овулација и со сите тие резултати да одиш на ендокринолог.
Здраво женски, дали ќе може некоја да ми каже колку време се чека за проверка на хормони со закажување на државно? Станува збор за поважните хормони (мислам дека беа околу 10, не сум сигурна).