Ох, не се нормални. Повеќето работи што треба да се направат и се временски сензитивни си ги плаќа човек на приватно :/ Како и да е фала за информацијата, јас се понадевав дека е месец до два максимум.
Не знам како толку многу чекате ? Со упат од матичен, веднаш те примат, резулатот зависи од лабараторијата, можеш да го добиеш и истиот ден, ако одиш ептен рано за крв. Во државна бев во петокот, резултатот ми рекоа ке ми биде готов во вторник, и тоа понеделник е неработен ден заради денешниот празник. Какви месеци чекање, не давај пари за на приватно, разликата во пари е ептен голема.
Јас не сум закажувала. Се јавив претходно дали ги имаат сите хормони ми кажаа да, отидов ми земаа крв и истиот ден си ги земав резултатите.
Здраво, можеби ќе се повторам со некоја члиенка но немам читано наназад на форумов, Ве молам за инфо каде се испитува ДХЕА но да не е приватна клиника или лабораторија
Ништо страшно, мојот е многу и пијам апчиња па денес чекам резултати да видам дали има подобрување. Тебе ти дадоа ли нешто?
Девојки здраво .. за покачен андростендион хормон кај жени дали знаете која терапија би можеле да ми ја дадат? До 3.5 е нормално а кај мене е 4.33
A moze li peti den of ciklus da se proverat hormoni?I morali u drzavna bolnica da se to pravi ili mze u bilo koja drugs?molim za odgovor