Сега ги зедов резултатите за хормони, кај докторката ќе одам дури во петок бидејќи чекам и други резултати па вака ги гледам и не сум сигурна што треба да видам Значи ги гледам моите вредности а од страна има различни вредности за Нормал, Фол.фаза, средина на циклус, лутеална ф. , постмено и мажи. Крв за испитување ми е земено на 13 ден и најверојатно од тоа зависи кој дел од вредностите се однесуваат за мене, мажи не е секако нели, е сега како што гледав на интернет 13 ден е или фол. фаза или средина ќе му дојде? А што е пак тоа нормални вредности, ако знае некој нешто повеќе во врска со ова нека ми разјасни.
Тироидна жлезда Девојки ова ми се резултатите од хормонските испитувања. Може ли некоја да ми напише дали се ок или не? Спојлер ако не е за овде прашањето ве молам префрлете го Testosteron:0,63 ЖЕНИ < 0,9 TSH: 5,67 0,39-6,16 LH: 23,1 Fol.faza. <20 Ovul. Faza. 20-200 Luten.faza. <20 DHEA-s: 0,69 Жени : <50 год. 0.40-2.17 Жени : >50 год. 0.63 PRL: 31,73 Fol.faza. 1.2 -19.5 Ovul. Faza. 1.2 -19.5 Luten.faza. 1.2 -19.5 E2: 110,2 Fol.faza 9-175 Ovul. Faza. 107-281 Luten.faza.44-196 CORTISOL: 112,3 22.8-217.2 FSH: 15,66 Fol.faza. 3.0-12.0 Ovul. Faza 8.0-22.0 Luten.faza. 2.0 - 12.0
Незнам дали прашањево е во соодветна тема ама ако треба префрлете го..... Сакав да прашам од што може да се зголеми хормонот HCG ???
Вики hCG може да се зголеми само со бременост. т.е. за проверка на тест на бременост преку крв се испитува hCG. еве и линк од рингераја поврзано со тоа http://www.ringeraja.mk/statija/hormon-na-bremenosta--hcg_723.html
Баш вчера ја прочитав статијава од рингераја,ама сакав да прашам пак за секој случај,може има некој феномен па и од нервози да се покачи HCG
хормон андро-стендион денеска земав резултати од хормонални испитувања и ми го најдоа хормонот андро-стендион многу викок колку сто е реална вредност усте двапати повеќе ке ве молам да ми каже некој ако знае нешто во врска со ова ви благодараааам
Дерматологов ми рече да испитам хормони на 3-4 или 5 ден од циклусот. И сеа добив што значи среда ќе појдам,таа ми напиша и упут во Општа Градска болница 8 Септември. Прашањево ми беше треба нешо закажување,чекање , пријатели ова она? :/ Да си знам со повреме
Karenin, на трети ден од циклус ги правеше? FSH ти е покачен, најдобро со гинеколог посоветувај се ако планираш бременост. Исто и TSH многу ендокринонолози би рекле дека ти е покачен и дека треба да се зема терапија за штитна жлезда. И мене така ми кажаа, ама не ги слушав, туку сменив начин на исхрана и TSH си дојде во нормалните граници. во која лаб испитуваше?
Најпрво ти благодарам за одговорот. Испитувањата ми беа направени на третиот ден. Во Павлина, се наоѓа кај Кисела Вода. Прочитав некои коментари дека не им биле баш веродостојни резултатите. Ти имаш некои информации? Од испитувањата дури сега на 25 февруари ми закажаа преглед на ендокринолог. Што мислиш да не ми кажат пак да ги испитам бидејќи доста време помина од тогаш? Знам дека резултатите не ми се добри. Бев кај мојот матичен гинеколог и истото ми го кажа. Ми препорача да одам на ендокринолог. Ми спомна дека и самата таа можела да ми даде некои апчиња, ама поубаво да побарам мислење и од таму. Би те замолила ако можеш да ми кажеш нешто плус за овие хормони кои ми се покачени? Што е опасноста ако не ги доведам во нормала? Како да ги доведам во нормала со исхраната? И дали моите секојдневни главоболки се предизвикани од хормоните? А да, ако може да ми препорачаш за хормонски испитувања од каде си најзадоволна? Фала ти!
Karenin, јас каде веќе не испитував хормони. Најдобро според мене е да ги провериш во поранешна Воена болница, сега се викаат 8ми септември. Прво, најефтино ќе поминеш, и како второ, добро се снабдени со реагенси. Барем така беше јас кога испитував пред некоја година. Државна клиника е за никаде. Ќе се изначекаш, па после ќе испадне дека немаат реагенси и за џабе ти отишол денот! Во приватните лаб, сум била на многу места, не можам да издвојам подобри или полоши, во главно се скапи. Имам чуено дека наводно најточни се лаб испитувања на Авицена, као не штеделе на реагенси како другите, па имале точни резултати. Таму немам отидено и не знам дали испитуваат TSH, FSH... Во секој случај испитај ги повторно и следниот циклус да бидеш сигурна во резултатите, и обавезно испитај антитела на штитната жлезда и ЕХО. Многу не очекувај од ендокринолог, хаха... Тој веднаш би те ставил на терапија со синтетички хормон за тироидата, а можеби тоа не ти треба. Твојот хормонален статус е многу сличен на мојот од преклани. Јас TSH го вратив во нормала со промени во исхраната. Ендокринолог сакаше да ме стави под терапија, ама не ме посоветува ништо за исхраната, па реков прво сама да преземам нешто. Се информирав добро што треба да јадам, а што не треба и моја пријателка нутриционист (не е ни Цвета, ни Тања), ми ја одобри диетата. За 2 месеци се вратив со нормални вредности за тироидата. Единствено, кај тебе пролактинот е покачен, а кај мене беше нормален. Да, вообичаено е да те боли глава поради пролактинот. Ќе ја прашам пријателката што е препорачливо во тој случај. FSH најважниот хормон на оваа листа ако сакаш да останеш бремена. Јас не планирам повторно бременост, па затоа овој хормон не ме ни загрижуваше. Дали можеби имаш нередовни циклуси, цисти на јајниците, паѓање на косата, сува кожа, вишок килограми околу половината...?
До пред три месеци многу ми паѓаше косата. Сега е во ред, дури ми е и згусната. Исто имав и рапидно зголемување на тежината. Се здебелив едно добри 8 кила. Ми се исфрли лицето како никогаш претходно. Секој месец редовно добивам, ама многу малку ми тече. Секој пап тест и секое ехо до сега ми биле одлични. Главоболките се многу чести. Повеќе пати во денот знае да ме заболи главата, и од напред кај челото и од позади доле. Ќе те послушам и ќе си закажам преглед во Воена. Дали мислиш дека е можно да ми се поремети ле хормоните од пиење апче за ден потоа? Јас се си мислам дека ми е од него. Поздрав и фала! Моментално и јас се обидувам да ја поправам мојата исхрана.
Јас имам упут за 8-Септември општата градска болница,треба среда да идам,ми рекоа 3-4 или 5 ден од циклусот. Така да среда ми е 4 и тогаш ке идам,ама незнам што и како е таму.Имаме ние пријатели во Државна и ми рекоа извадиси упут и дојди ваму ке влезиш со врски одма и резултатите одма ке ти ги дадат. Сеа прашањево ми беше да не има некаква разлика за испитувањава во болнициве?? Јас се распрашав онака малку ми рекоа разликата е во гужвата,во Државна имало повеќе гужва а во Градска Општа помалку и се тоа ради чекањето било затоа упутот ми го дале за 8ми Септември. Ваше мислење? Не сум од Скопје па затоа сакам да знам
Знаеш дека може да е од тоа? Колку време помина од апчето до испитувањето на хормоните? Бегај од синтетички хормони како ѓавол од крст. Јас ништо добро не сум видела од хормонски бомбони. Само преку правилна исхрана. И ова да не заборавам. Испитај ја питуитарната жлезда. Ако се е во ред со неа, тогаш пролактинот ти е покачен поради штитната жлезда, односно зголемен TSH го зголемува пролактинот. Во тој случај тироидата и пролактинот ќе ги средиш со исхрана. Мора да знаеш и дали имаш антитела или не, за да знаеш дали може да внесуваш храна што содржи јод. Иако јодот е потребен во секојдневната исхрана, додека имаш антитела на тироидата, не треба да внесуваш храна богата со јод, се додека не се смират антителата. Друго, внимавај на т.н. гоитрогена храна, која ја попречува работата на тироидата. Со среќа! Талита, прашај ги пријателите дали кај нив ги има сите потребни реагенси, да не испадне чекање цел ден, а пола од реагенсите фалат.
А каде се испитуваат тие антитела и питуитарната жлезда? И како да гласи упутот за таквите испитувања? И пример за гоитрогена храна? Навистина не се разбирам воопшто од ова па затоа и волку прашувам .
Во секоја лаб треба да се испитуваат антителата. Побарај од лекарот кој ќе го напише упатот за хормонален статус, да стојат и антителата. Не знам каде се испитува питуитарна жлезда, но ќе го прашаш исто лекарот. За гоитрогена храна имам пишувано во Тироидна жлезда овде на форумот. И здравата храна може да биде гоитрогена во момент кога тироидата не функционира најдобро. Пр. брокула, прокељ, зелка,... потребно е да се свари за да не ја попречува тироидата. Понатаму, кикирики, пиво, крушки, јагоди,... Кога има антитела, се што содржи глутен (пченица) смета на тироидата, бидејќи структурата на глутенот е слична на тироидата, па антителата напагајќи го глутенот што сме го внеле со исхраната, ја напаѓаат и тироидата.
каренин хормониве ич не ме бендисуваат, прво да те прашам дали утрото кога ги правеше беше гладна и жедна?