Здраво девојки Сакам да ве прашам какви проблеми сте имале за да ви дадат да испитате хормони?или вие сте биле тие што сте побарале чисто онака да проверите иако сте немале никакви проблеми..Имам 31год и немам досега испитано,ни па некогаш ме пратил матичен гинеколог да испитам..моментално сум во Македонија иако последниве 3години живеам во странство па прашањето ми е по што немам матичен гинеколог сеа како да испитам зашто нели ми треба упат за тоа испитување??би ги испитала и приватно ако мора
хормонален дисбаланс има мноогу многу показатели. Во принцип и може да се провериш на твое барање. Отвори на нет има многу статии за симптоми за хормонален дисбаланс за да не ти ги бројам( било какви промени на тироидна што исто така е препорачливо да се контролира на некоја година, опаѓање на коса, нагло зголемување или намалување на тежина, хроничен целодневен замор, отсуство на сексуална желба, и тн. Многу симптоми може да ги занемарува или препишуваш на нешто друго, а впрочем да бидат промените во хормоните. Не е добро тоа што варираат во денови, па може ако одиш денес да се во ред, а после два дена да се случи тој дисбаланс. Така да слободно побарај од матичната испитување кај ендокринолог доколку не си правела скоро ехо на тироидната жлезда а потоа истиот ќе ти даде упат за хормонско испитување. Или пак провери си на приватно доколку не планираш да си земеш некој гинеколог за матичен.
Здраво имам 20години и ми дадоја да испитам хормонски статус сите ми се во нормала освен fsh хормонот кој ми е 14 но докторката ми кажа дека за мој години немало врска не било страшно, бидејќи немам никакви други проблеми и симптоми. Дали да побарам мислење од друг доктор или да како да го смалам fsh на природен начин
Побарај мислење од друг обавезно, баш за твои години е висок многу. Едит: На трет ден од циклус испитуваше?
И дали може да ми биде накачен од стрес, бидејки периодот ми беше многу стресен.. И дали да испитам следна менстеуација еуација пак, меѓутоа на3ти ден
И за петти ден е висок. Мој совет е да провериш уште еднаш на трети ден, ако е исто вака побарај уште едно мислење од друг.
@Taeee А зошто испитуваше хормони?Имаше и друг проблем?Ако да, може е поврзано со тоа. Побарај си и второ мислење најдобро.
Дали чај од ф кантарион го намалува, или суви смокви во маслиново, некоја алтернатива што да пијам или јадам за да се намали Требаше само тироидна да испитам, мо гинеколог ми рече веќе лога испитувам тироидна да ги испитам сите хормони. Вагинално ехо ми направи се беше во ред...тироидната сакав да ја испитам поради тоа што бев анксиозна па да не ми е ради тоа
@Taeee, како што ти кажала @Nade-sunrise fsh е превисок за твоја возраст. Не само што е нормално да е толку, туку никако не смееш да го оставиш така. Колку ти е Lh и дали провери кортизол? Инсулин? Обавезно провери уште еднаш со наредниот циклус, провери ги и овие два што ти ги пишав погоре. Исто ќе те прашам, дали си со поголема килажа, дали имаш голем обем на струкот и дали редовно добиваш. Ако не сакаш тука да пишуваш, слободно пиши ми лп.
Пијам контрацепција Диане 35 вејќе 6 месеци и сега деновиве почнаа да ме болат градите на допир и се отечени и поголеми, а не ме болеа до сега освен во ПМС. Дали е страшно или не, бидејќи знам дека на некои девојки исто им се случувало.
Бидејќи сакам да пробам нешто на природна база што е, ќе барам следен преглед да ги прекинам апчињата.
Маката се пие за зголемување на плодноста, затоа те прашав зашто ти е. Консултација со Др, проверка на хормони и оди кај ендокринолог.
Nekoj dali znae do kolku rabotat na Gak vo sabota i nedela? Za zemanje krv za hormoni I dali rabotat posle 4-5 casot preku nedela?