На државно отприлика 50ден од хормон. Упат од матичен гинеколог. Не. Зависи од тоа кој хормон е надвор од граници. Матичен гинеколог, контрацептиви обично даваат, ако се покаже дека е хормонски проблем. Сепак посети и дерматолог.
Дхеа-с пред 3 години исто беше високо, тогаш пиев некоја терапија, не знам ни дали беше соодветна препишана. Спиронолактон, контрацепција и на останатите не се сеќавам баш. Потоа ги прекинав, затоа што другите доктори кренаа узбуна зошто пијам таква терапија. По неколку месеци косата почна да ми опаѓа премногу, дури сега почнува да ми се нормализира колку толку, ништо не остана од косата што ја имав тогаш. Во меѓувреме имав многу стресни периоди, па претпоставувам и тоа си влечеше. Деновиве ќе одам кај матичниот гинеколог да видам што ќе ми препорача, исто така планирам и кај дерматологот повторно да отидам за второ мислење (ординација Старова) бидејќи и тие ми препорачаа да проверам хормони повторно. Во меѓувреме секое мислење ќе ми биде добредојдено. Искрено, мислам дека не би се нафатила повторно да пијам контрацепција од страв за косава, таман почна да ми се враќа малку од малку во нормала. Веќе добива густина, а ми беше толку ретка колку едно мало праменче кога ќе ја фатев. Ако некој може да ми даде било каков совет би било супер.
Јас користев контрацептивна заштита (нува прстен) и лани во март го тргнав и се здебелив околу 8кг. во еден месец и добив многу акни. Во декември решив пак да го земам прстенот да видам дали ќе ми се подобри лицето но ништо и за еден месец пак го тргнав. И од тогаш добивам нередовна менструација (два пати месечно) и сум многу депресивна. Бев на гинеколог минатата недела и прашав дали е можно сето тоа да ми се случува од хормоните и таа рече не, што многу ме изненади. Килажата не можам да да ја намалам и не знам ни како воопшто се здебелив 8кг. а не јадев повеќе дури повеќе вежбав. Мислење?
Девојки денес ќе одам да испитам хормони, 3 ден ми е, но сношти до кај 21 00h конзумирав алкохол (вино) и јадев пица. Заборајв дека денес ќе проверам иначе ќе си внимавав. Дали тоа е проблем ако е ич да не одам ?
Јас требаше во недела да испитам на втор ден, ама дека недела се падна, приватно не работат недела. Мене ми кажаа цел пакет хормони што е да испитам. Кај мене се испитува поради анксиозноста и напнатоста која ми се јавува во ПМС пред или потоа, во поголема мера. Дали некој за ова има испитувано хормони и кои точно, или сепак е најдобро да ги испитам сите што спагаат во тој пакет на хормони
Сакам да ве прашам кои хормони се испитуваат во рана бременост? До сега пиев Dostinex бидејќи имам аденом и го немам испитано пролактинот 1 година, требаше сега да ги испитам сите хормони. Во меѓувреме останав бремена и докторката ми рече ако останам бремена да ги прекинам Dostinex. Пред да одам на прегледен освен пролактинот и HCG кој друг хормон е важен да го испитам?
Бев на терапија со Диане 35 9 месеци и сега правев пауза од 4 месеци па пак анализа на хормоните и DHEAS ми е многу покачен 663 ми е а граница за жени е 460(пред ми беше 359)... Тестостеронот ми е во ред а андростендионот ми е 3.8 (над границата е но спуштен ми е, ми беше 4.5 пред терапијата). Сакам да прашам некој со накачен DHEAS да ми каже искуство, дали ќе треба сега нова терапија да земам или ? Како и да е ќе одам на ендокринолог, само ме интересираат искуства
Здраво..дали знаете во ЈЗУ УИ за Клиничка Биохемија во државна болница од колку часот вршат испитувања на луѓе заболени од корона ..утре треба да одам да ги испитам хормоните па да знам кое време да отидам..Ви благодарам однапред
Како се рачунаше кој ден од циклусот е? Добив вчера накај 17 часот, па дали денес се смета за прв ден или вчера да го бројам како прв ден? И исто дали на 3ти или на 4ти ден се испитуваат хормоните?
Дечки денес сабајле добив, имам упат за испитување на хормони во државна. Дали да одам утре на 2ри ден или по понеделник на 5ти ден? И колку е цената ако знае некој? Дали работат во сабота?
Decki, dali Koga se proveruvaat hormoni mora poedinecno, na primer samo tie hormoni sto ti trebaat ili moze celosno da se ispita hormonalnata sostojba? Nikogas ne sum proveruvala I Sakam onaka rutinska proverka na celata sostojba.. I ako moze, kade e najdobro da si Proveram I kolku pari e otprilika?