Си ги проверив пак хормоните и овојпат ми искочија добри. Изгледа првиот пат ми дале погрешни резултати. Приватните ординации се катастрофа.
Кои хормони се испитуваа на 13 ти ден од циклус? Јас скоро сите ги испитав на 3ти ден, е сега сакам и на 13 ти ама дали имаше некои одредени или може пак сите?
Здраво на сите. Честопати за секакви информации го разгледувам форумов на фемина и овој пат решив да пишам.... Поради нередовна менструација матичниот гинеколог ми даде упад за испитување на хормоналиниот статус, откако ги добив резултатите гинекологот ми кажа дека накачено ми е нивото на тестостеронот, ми кажа на првиот ден од наредниот менструален циклус да почнам да пијам Диане 35 и терапијата ќе трае 3-6 месеци. Ме интересира вашето мислење доколку сте имале проблем сличен на мојот. Ви благодарам. Поздрав
Дали ќе сакаш после оваа препорака за твојата пријателка да ми пишеш за кој нутриционист станува збор? подолго време се мислам да почнам со правилна исхрана, ми се појави сега и проблем со тироидната и не сакам да одам на терапија со синтетики..те молам за одговор, фала
Здраво. Имам нередовна менструација, а има 5 години од првиот пат кога добив, сега имам 18 години. На мајка ми гинекологот го прашавме и рече хормонски статус да проверам. Е сега читам на повеќе места за 3, 13 и 21 ден од циклусот се проверувало, а јас немам добиено веќе еден месец и неколку дена можеби. Мора да е овие денови или нема врска? Исто да прашам дали некој имал ваков проблем и како го решил? Поздрав.
Јас треба да ги проверам хормоните, заради влакненца на лицето и акни. Ќе може да ми кажете, тоа на гинекологија се прави? Вадат крв така? И ако имал некој како мојов проблем, што препишуваат после, дали има нешто ефикасно?
и мене ме интересира како се прави тоа,кој го прави,упот се зима/дава.., колку би коштало , се закажува,сами си барате или ?
Јас ги испитував на 3 ден од менструацијата. Тоа гинеколог ќе ви каже кога. Се вади крв. Мене ми препишаа Диане-35 исто го имав тој проблем со влакненцата.
Ефект имаат, но имаат и многу несакани дејства. Имам пишувано за тоа и претходно, јас ги пиев диането 3 години на 18 години до 21 и имав рак на градите на мои 26 години... не мора да значи дека е од нив но немам други ризик фактори, ниту наследно, ниту здравствени проблеми некои други. Доктор од хрватска ми кажа дека големи се шансите да е од тие апчиња. Инаку и јас ги пиев поради тие причини и бев на ендокринолог од него ми беа препишани. Ефектот трае додека ги пиеш потоа повторно се јавуваат влакненца. Во многу земји овие апчиња се забранети, па дури имало и смртни случаи, не сум компетентна да зборам но да знаев за маката што ја поминав и доживотниот шок немаше ни да помислам да пијам такво нешто па дури и како мајмунче да одев.
На илјада теми имам пишано и пак ке пишам , контрацептивни таблети НИКАКО па поготово за влакненца, несакани ефекти еден куп, особено па диане аууу гаволски лек , за влакненца помага многу спиронолактон ама тоа мора ендокринолог да ви препише, никако не се согласувајте контрацептиви да пиете а и ништо не помагаат ни диане ни други за влакна, кажувам од искуство нека не ве лажат Цената на хормоните што прашуваше некој е околу 500 денари плус минус зависно од колкав број на хормони се испитуваат..
Благодарам за информацијава, многу ми значи. Не би сакала да си го ризикувам здравјето. Знам дека имам читано за таблетиве ама по име не ги знаев по име, па од почеток не ми текна. Многу ми е жал што си морала да го поминуваш сето тоа, без разлика кои се причините. Се надевам дека си подобро.
Се надевам сега си добро. Иначе на нив пишува дека го зголемуваат ризикот за појава на рак. Освен проблемот со влакненцата јас имав проблем и со менструацијата, проблемот со менструацијата ми го решија а со влакненцата не баш дали дека прекратко ги пиев.
Добро сум, го отстранија, примав хемотерапија и сеуште примам хормонска терапија. Ке биде во ред, благодарам на грижата Инаку и јас имав повеке проблеми и влакненца и нередовен циклус и не беа во ред хормоните кога ми ги проверија и затоа ја примав таа терапија... и мене ми решија проблемот со циклусот и влакненцата но после 7-8 месеца повторно се вракаше се на почеток. Еве ви линкови за тоа што најдов за влакненца на лицето како се отстрануваат природно, немам пробано ништо, но наскоро ке треба па пробајте и вие. http://beautyhealthtips.in/natural-homemade-facial-hair-removals-for-women/ http://www.boldsky.com/beauty/skin-care/2013/scrubs-get-rid-facial-hair-naturally-032095.html
hormoni Neodamna na hormonsko ispituvanje,mi najdoa premnogu testeron.D-rot isto veli,deka bidejki jajnicite mi se so razlicna golemina tesko deka mozam da zabremenam.Mi prepisa terapija so diane-35,3 meseci.Sto znaci ova,bidejki kako sto razbrav tabletite gi davaat kako kontracepcija?I dali e konecno,deka za bremenost mozam samo da sonuvam?So pocit,blagodaram odnapred
hormoni ДУШО и јас мн не се разбирам но мислам дека неможеш да забремениш само за време на терапијата т/е додека ги пиеш апчињата а за јајниците нема веза жени се со еден јајник па по 3 деца родиле ич да не му се секираш со господ напред очекувам наскоро да се пофалиш со убавини
епа девојки вака јас имам редовен циклус и како што прееска кажав и во друга тема порани влакна ама не на лицето на стомакот малку и на градите ( помалку ама има ) мојата докторка се сомнева дека е хормонално и сака да ме прати на ендокринолог или како и да да испитам хормони. Првин во ваква ситуација ме исплаши дека ке ми пораснат на секаде и ред други работи и како што кажав ми ги препорача дијане ако има потреба на што се бунтував затоа што моја другарка а исто и батерфлај од тука ми рекоа да не помислам поради несаканите дејства сакав да прашам за некои поупатени може ли со исхрана за хормонален баланс да го направам ова без синтетички хормони? денес како и да е сите јадеме нездрава храна и во неа има многу хормони сигурно нешто ке ми најдат а несакам да одам жената ми даде уплав ке идам у петок на друг преглед и сигруно ке ми го предложи тоа пак а несакам се плашам од такви апчиња или терапии многууууууу