И јас тоа сакам да прашам, мене на 3ти ден ми беше 16.9 а миниум референтна веедност за тој период е 19.5. Матичната ми рече дека е во ред за тој ден од циклус. Исто гледам за пролактинот пишувате треба да е до 10, мене ми е 20.3 ( во рамки на референтна вредност е, макс. е 29.2) и за ова не ми рече ништо, ми кажа супер ти се хормоните ама кога читам тука ме фаќа паника. Инаку јас проверував без некоја причина, чисто од онака бидејќи сакам да почнам со планирање на бременост па некои контроли сметам дека треба да се направат иако да напоменам дека матичната кога и побарав упат ми збореше дека нема потреба затоа што немам причина ( акни, гојазност, нередовни циклуси...)
Здраво, Ај додека не добијам од матичен одговор некој што ги разбира нека ми каже ок ли се? На 3 ден од циклус. Фала многу
Искрено, ниту матични општи ниту матични гинеколози се замараат со пациентите. Јас исто планирам бременост, си правев испитувања. Најлесно и беше да каже пред да испитам, ако има проблем има таблети. Не сум била кај неа. Планирам да си закажам кај ендокринолог на приватно, сепак тие се постручни за хормони. И ако треба терапија. И јас сум со покачен тестостерон, пролактин, андростендион... Се ставив малку на режим до храната, цел живот внимавам, ама сега малце построго, без шеќери, повеќе вежбање... Тие веднаш за таблети се фаќаат, никаков совет друг.
Здраво на сите, Дали некоја поискусна би сакала да ми каже отприлика што значат резултативе? Ќе одам и кај лекар меѓутоа сега сум настината па се одложува идењето за недела дена.
0.466 ng/ml mi e rezultst progesteron ispitan na 21 den .. Vakov rezultat znaci deka nema ovulacija ?
Зависи за кој град станува збор. Јас денес правев во Скопје (во букурешт) резултати во понеделник ми рекоја. Кога правев во Тетово истиот ден ми беа готови.
Здраво на сите Испитување на репродуктивни хормони, вит.Д и хомоцистеин се прави на Клиничка биохемија со упат од гинеколог? И дали ги имаат сите реагенси
ve molam za mislenje za vrednostive dali se vo red za bremenost planiranje ? dur ne otidam kaj maticnata
Утре треба да испитувам хормони на трет ден од циклус. Бидејќи од вчера имам покачена температура, дали е во ред да проверам сега или да одложам за наредниот месец?
Здраво, сакам да прашам дали може да се испитаат хормони на втор ден од циклус? Јас добив вчера во околу 19 часот и не знам дали да испитам хормони утре или во петок.
ве молам дали знаете да ми го прочитате резултатов испитување преку крв не разбирам ,вчера правев тест се појави една скоро па невидлива линија значи ептен бледа на почеток мислев нема ништо ама покасно приметив кога го гледав да напоменам имам сеуште не ми доцни за 3 дена треба да добијам
Decki, pravev hormoni. Naredna nedela sum na pregled. Dali nekoj razbira neshto da mi kaze dali gleda nesto i dali znae shto e toa? Na 3 den se. Praveni se poradi toa shto radi lekarska greshka go izgubivme deteto i od togash ne sum doobra voopshto, izgubiv 20+kila, pagjanje kosa itn i do sega ne mozeme da otkrieme koja e pricinata.