На ГАК и клиничка биохемија е 50 ден. од хормон, значи јас за 5 хормони платив 250 ден. Амх е 250 ден
Се исплати ли пакет испитување на плодноста кај двајцата партнери (FSH, LH, E2, PRL, TSH TST) + спермограм за 4500 мкд? Искуство некој со Генеа лабораторија?
Кај мене се испостави дека подобро е на приватно, и гинекологот така ми препорача, добивав неточни резултати. Некогаш поради неточни резултати може да си накалемиме терапија за цел живот без потреба.
Ги имам испитано следниве: FSH, hlH, Prolactin, Testesteron, estradiol E2, тироидна, инсулин. Кои други се потребни?
Здраво. Гинекологот ми даде да испитам хормони и тоа овие : Дали се доволни овие или треба и други? Ми рече можи и тироидната да ја прегледам, но здравје. Гледам има и за неа хормони. Е сега, нели треба на трет ден. Како се смета тоа? Денес еве имсм болки, и кафено и почнува да пробива полека со крв. Дали да сметам трет ден од денес или ко ќе ми баш пробие. Можеби малку глупаво е што прашувам, но прв пат одам А и малку ми е страв оти ќе одам сама на болница.
Која од фазиве на рез да ја гледам за хормони правени на 3 ден од циклус? И некој што има познавање, да ми пише да му пратам да ги погледне резултатите итно ми е...
А има голема разлика на 3 ден или 5ти од циклус? Зошто ми рекоа на 3ти ден, ама и понеделник е неработен.
Здраво, сакам да прашам дали општиот матичен лекар може да издаде упат за анализа на хормони. Немам матичен гинеколог, одам на прегледи приватно, не можам да најдам матичен што има место за нови пациенти. Препорачано ми е да направам комплетна анализа а тоа ќе кошта доста приватно. Не знам дали да исклучам некои хормони, имам три кои мора да ги испитам но покрај тоа и комплетна анализа. Дијагнозата е секундарна аменореја.