Здраво феминки. Целиот мој живот сум имала нередовни менструации (ги добив пред 11 години), по месец ипол - два месеца ми е циклусот и од одамна имам зголемена влакнатност која секоја година се прави уште полошо. Со години се шетам во гинеколози (сум посетила 4 различни гинеколози до сега), исто така сум била и на ендокринологија, сум направила хормонални испитувања и се. Пред 2 години по препорака од мојот гинеколог сум употребувала контрацептиви за 3 месеци - крипинео, поради кои имав многу лоши несакани ефекти и ги прекинев. Сега во лето посетив еден друг гинеколог кој од ехо конторлата ми има напишано вака: левиот јајник има спорадични фоликули, најголемиот од нив е 11 мм. Другите хормони во граници, односот фсх-лх беше вака: фсх - 5.75 и лх - 6.5. Инсулинот беше екстремно висок, но тој ми предложи да направам уште некои тестови за сигурност. Бев на ендокринолог во септември и си направив хормон. испит. на 15-тиот ден на циклусот (знам дека треба на 2-3тиот ден од циклусот, но инсулинот беше мојата главна загриженост тогаш и не можев да почекам). Инсулинот беше 14.21 (добро значи, нормални граници се од 2.60-24.90) и глукоза во серум исто така добро. Фсх - 8.49 и лх 10.9. Единствениот проблем според мојот ендокринолог беше тестостеронот кој беше над граници, за кој ми напиша Спиронолактон 100 мг и ми рече ако почнувам да ги добивам често да одам за да ми ги прекине или да ми ги смени. Првата менструација што ја добив по почетокот на терапијата со Спиронолактон ми касни само малку (циклус од 40 дена што е супер за мене), а потоа почнав да добивам на секои 2 недели, што се има случано двапати до ден денес, но без никакви симптоми на менструација ни пред ни после добивање, само крварење. Првиот пат кога ги добив по две недели се грижев и бев пак на конторла на ендокринолог, ми рече да направам хормон. исп. На петтиот ден од циклусот резултатите беа вака: фсх - 7.50 и лх 18.92, за кои не ми рече ништо а од истражување знам дека односот не е во ред. Тестостеронот се стабилизирал малку но уште над граница, андростендионот и дихидроандростендионот беа покачени, за кои не знам дали не ги забележа или што но не ми спомна ништо, сè друго беше океј. Ми рече да продолжам со терапијата. Втор пат кога добив (пак по две недели) се консултирав пак со ендокринологот, ми рече пак да чекам до следната менструација. Во меѓувреме, бев на гинекологот каде бев летово. Ги гледа резултатите од хормон. испит. и ми рече дека односот меѓу фсх и лх не е добар и дека треба да почнам со контрацептиви (цикло прогинова), од ехото ми ја напиша ова: двата овариума со фоликули до 5-6мм, со слика на ПЦО. Во врска со спиронолактонот не ми рече ништо. Јас и реков дека контрацепт. таблетки ми се последна опција бидејќи сум имала лоши несакани ефекти и сум слушала за уште полоши искуства од многу жени, а особено по прекинување, пошто нели "цел живот" е долго време за да се знае за сигурност дали ќе ги пијам до крај или не. Тој ми рече дека за него тоа е првата опција, или ќе ги пиеш или не пошто не си здрава без нив. За инфо: инсулинот ми е супер, тсх ми е супер, значи во моментот освен тестостеронот, андрогените хормони и односот фсх - лх се друго е океј според докторите. Лично не ми се допадна што гинекологот не ми предложи нешто друго да пробам пред да почнам со хормоналната терапија или да чекам за ефектите на спиронолактонот, можда и јас грешам но не би бил прв пат што некој гинеколог или воопшто некој доктор би скокнал веднаш кон „најлесната“ опција без да ги разгледа сите други можности и опции. Ако некоја од вас поминала низ слична ситуација, ве молам за одговор или пишете ми на лп, што направивте, ваши искуства, дали тоа што се одлучивте се покажа добро за вас, било што. Ви благодарам многу од напред
Здраво, имам упат за утре да испитам Д-Димери и Ф-ри на хемостаза во државна. Моментално немам здравствени осгурување, би имала за некој ден, е сега знаете колку чини да испитам и дали воопшто ќе ме примаат? Се извинувам ако не е за тука прашањето
Сакам да си ги испитам хормоните на приватно заради повторна појава на акни. Во 2020та бев на дерматолог кај др. Аргон Старова и кажа дека не ми се цистични акните туку само Acne vulgaris и ми препиша терапија која делуваше едно година ипол. Тој тогаш ми кажа да испитам тероидни и естроген, но ми исчезнаа акните и не отидов. Кои хормони треба да ги проверам? Ќе идам преку осигурувањето од работа така да за сумата не е проблем.
Здраво на сите, ми треба помош од вас кој се соочил со истото. Имам 28 години, немам родено и до сега не сум имала никаков проблем со акни, тежина и циклус. Секогаш ми било на време. Гинекологот ме прати да испитам хормони поради тоа што и се десило 3 млади девојки да отидат во менопауза. Моиве резултати се доста лоши ☹️☹️☹️ Дали знаете како да ги средам хормониве на природен начин. ❤️
Јас мислам за ова треба терапија. На природен начин обично даваат елова или црвена мака за регулација на хормони.
Гинекологот ми рече дека нема терапија за намалување на ФСХ. Во понеделник испитувам антимелеров но многу ми е страв многу сум млада за ова и све ми било океј до сега ☹️☹️☹️
Ќе видиш ќе се консултираш со гинеколози, напредна е сега медицината, може да се замрзнат јајце клетки. Али ќе видиш како ке биде антимилеровиот, може па ке биде добар.
И така си имам висок пролактин и висок тестостерон. Утре одам кај матичната. Ах едвај чекам да се средат.
Visok lsh, visok fsk, visok prolaktin, visok testosteron moze li da se sredi nekako imal nekoj slichen problem.
За пролактинот и за тестостеронот има терапија, ќе ти дадат сигурно на ендокринилог, а за другите не знам, може ќе се средат со терапијата.
Истото важи и за @izabela.nik. За висок fsh мора драстична промена во исхраната. Внесот на јаглехидрати треба на минимум да се намали. Шеќер и бело брашно на нула, ориз и компир ептен умерено. Месо, јајца, млечни производи, овошје и зеленчук може во неограничени количини. Во принцип, ориентирајте се кон исхрана наменета за дијабетичари. Во случај да имате и зголемена телесна тежина, слабеењето е задолжитено.
Ви благодарам ми рекоа дека сум во меноауза па се преплашив уште немам родено и во обиди за забременување сум. Ми давате надеж.
А јас си мислам само еден месец да не ми изостанал циклусот па сум била во овуларна фаза и погрешно ми ги прочита резултатите. Само 11 дена ми каснеше. И си викам сум била во период на овулација за нареден циклус. Многу зезнато со фазите. Дека ми каснеше еден месец.
Не, не, штом ти дојде од тогаш се рачуна 3ти ден. Во секој случај можеш на следниот циклус да испиташ пак.
Колку си години? Ехее на колку така во перименопауза па си родат потоа дечиња. Ќе се среди, не грижи се.