1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хормони

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од YoungLady, 1 октомври 2011.

  1. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Немој воопшто да секираш штом имаш 29 г.и сите резултати ти се океј. Можеби ќе ти биде тешко да пратиш плодни денови зашто набргу ти доаѓа ,ама не се грижи обидувај се ако е дадено да биди ќе биди. Нека напраи една анализа и сопругот твој (иако на нив мажите ,многу им паѓа тешко кога треба овие испитувања да ги прават) знам од сестрата на маж ми едвај го убеди зетот да појде на испитување...Со лесно.
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Направи и маж ми спермограм и спермокултура, се е одлично. Јас слушајќи многу искуства се решив се да испитам пред да почнеме со пробување. Уште микробиолошки ќе направам и да сум раат.
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  3. redwine77

    redwine77 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Zdravo,
    treba da ispitam hormoni vo drzhavna na klinichka biohemija. Dokolku nekoj ima iskustvo da spodeli, me interesira od kolku do kolku chasot mozham da ispitam (so se kortizol), kolku chini i kolku otprilika se cheka za rezultati? :)
     
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.871
    Пол:
    Женски
    Сабајле иди, чим кортизол имаш, што порано тоа подобро.

    Еден хормон е 50 денари.
    А резултат истиот ден обично издаваат. На мејл ќе ти пратат, можеш да им остаиш.
     
  5. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Феминики да ве замолам за мислење за резултатите од хормоналното испитување:
    FSH - 6.5
    LH - 4.8
    TSH - 4.83
    PRL - 6.9
    Estradiol - 50.9

    Само за напомена се обидуваме за бебенце па чисто во таа насока да ми кажете ваше мислење.
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    TSH ти е многу високо, најубаво на ендокринолог. Прв пат испитуваш хормони? Си имала проблем со тироидната до сега? Не е ништо страшно се средува со терапија. Тироидната смета при забременување, ама пак ќе кажам се средува. Треба под 2 да е.
     
  7. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Не испитувам прв пат, пред 1 година последно и тогаш ми беше ТСХ 4.82.
    Каде би можела да се обратам следно за терапија и дали треба нешто плус за тероидната да испитам?? Нова сум во ова потполно.
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    На ендокринолог, мора да примаш терапија. Гледам се обидувате за бебе, така да мора да се регулира. Членките со тироидни проблеми би те советувале најубаво. Не сум имала проблеми и не знам каде да те испратам кај добар некој. Прочитај низ темата за тироидна кого фалат па закажи си. Другите хормони ти се супер. Ама не се секирај се средува со терапија. Не се плаши.
     
  9. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, дали резултатите се во ред? Се борам со акни на лице, не планирам бременост 17103338817645254188130165004602.jpg 17103339302754695500518826876993.jpg
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
  11. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не, само што ги добив резултативе, дерматологот кај сто бев дури по две недели има термин и сега не знам што понатаму. Мислиш акните да имаат врска со тероидната?
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам, ама хормонски би требало да е. Другарка имаше цисти и тоа и правеше многу акни, па со консултација со гинеколог пиеше контрацептивни апчиња и тоа и помогна. Ама дефинитивно тироиднава ти е за терапија, доста високо е ова, 7,11 Не гледам LH на сликава, не испита тоа?
     
  13. RisMarke

    RisMarke Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу:l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zrca

    Zrca Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2024
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    34.437
    Пол:
    Женски
    А само хормони испита?
    Колку време се обидувате и дали маж ти направи спермограм?
    Дали имаш направено хсг?
     
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    34.437
    Пол:
    Женски
    На ендокринолог.
    За бременост тсх треба да е под 2-2.5.
    Јас испитав и анти тпо, анти тг антитела, инсулин, гликемија, фт3, фт4.
    Тоа по препорака од ендокринолог.
     
    Последна измена: 14 март 2024
    На penelope10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Здраво Дали матичен гинеколог може да даде упут за испитување на инсулин, скриен шекер и кортизол . Имам инсулинска резистенција па сакам контрола д аси направам
     
  18. Hanna..

    Hanna.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Здраво , дали испитуваат хормони во сабота во 8-ми септември? И дали треба стриктно на трети ден да се испитаат или може од трети до петти ден?
     
  19. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    За другите референтни вредности не знам, ама за ТСХ ти е висок за бременост, ако нр ви се брза за бебе пробај со исхрана да го симнеш безглутенска . Ти кажувам од искуство јас имав дкоро 4ка тсх и сакаа терапија да ни дадат пошто викаат дека 2ка е идеално, ама со исхрана само ми успеа до 3,5 да го симнам и да останам бремена. Така да не те кошта ништо ако пробаш и имав време ( ако не сакате веднаш бебе). Мене ми требаа 2 месеца и се потсимна.
    Инаку за ендокринолог одев кај др.Стефанка Ремедика, жената е супер.
    Гинеколог ми е др.Зоран Јовановски - Ремедика- за него се шти ќе кажам би било премалку.
    Јас лечев стерилитет.
    Пошто немав ни овулација ( полицистични јајници имам и отсуство на циклус, со контрацептиви бев 7 години, па правев овариум дрилинг со проверка на матка, потоа следење на хормони, терапија од ендокринолог за овулација и за намалување на андростендион кој ми беше висок, и фала Богу родив синче уште не ми се верува мајка дека станав
    Така да , вистински доктори ти требаат и верба во Бог и мајка Богородица.
    Знам дека се скапи прегледите, ама јас дадов се за да одам таму, не за друго немав време за чекање термини на државно.
    Ви посакувам успех
     
    Последна измена: 23 март 2024
    На Hilari899 и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. mandarinkafinka

    mandarinkafinka Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Мене ми треба информација која од приватните лаборатории има најточно резултати за хормони, пошто се изнамачив минатата година пред бременоста кога секој месец испитував година дена хормони, за да ми кажат дека во Јане С. не биле точни реагенсите , а во другите лаб. скоро секогаш фалеше реагенс за некој од хормоните, па се случуваше дел на приватно а дел државно по сто пати боцкање.