И мене ми беше покачен андростендион меѓутоа кај тебе е малку повеќе кај мене беше 3.71, ова е машки хормон и се лачи во јајниците но исто така и во надбубрежна жлезда , јас немам полицистични јајници и докторката ми рече дека од надбубрежна жлезда е проблем, и затоа имам акни и на лице и на грб и деколте меѓутоа кај мене повеќе проблемот е на лицето и ми даде спиринолактон да пијам , веќе две недели ги пијам и сеуште нема резултати, на интернет читав дека доста помага за акни меѓутоа за први резултати се потребни барем од 3 до 6 месеци.
Здраво, гинекологот ми даде упат да испитам хормони во 3 ден од менструацијата , за акни во гинекологија и акушерство во Скопје. Тоа е на државно па ме интересира која е цената, ја ќе треба 11 да испитам....
Феминки да прашам дали Клиничка биохемија работи за времен на викенд сабота/недела? За испитување на хормони ми е на трет ден од циклус.
Почнуваат од 8, ако треба да ти испитуваат Кортизол треба крв да ти земат од 8-9 сабајле, тогаш е активен.
Здраво, треба да испитам хормони на 3 ден. Добив Петок околу 9 часот навечер, па да прашам дали како 3 ден да го рачунам Недела или Понеделник,дека доцна во денот ми дојде.
Јас испитував на трет ден и докторката ми рече дека прв ден е првата капка. Значи петок ти е прв ден, сабота втор ден, недела трет ден. На ГАК работат секој ден, од 8 саат сабајле, јас бев таму у 7 сум се изначекала како будала... Ако треба да ти испитуваат Кортизол треба од 8 до 9:30 да си таму, Кортизолот тогаш не активен и веродостоен за испитување.
Има ли гужва многу, колку се чека? И каде поточно е на клинички ова? Секогаш за што и да одам на клинички лутам и барам пола саат, ништо не им е означено како што треба
Хормони се испитуваат во биохемиската, првата зграда десно од долниот влез кај Дајмонд (кај аптеката на Еурофарм, позади кафанчето, одма ќе се снајдеш) и на ГАК.
Dhea mi e 4,21 Visok e i poradi nego mi se javuvaat aknite. Ima nekoj sto ima koristeno terapija za normaliziranje na dhea i dali odma se povlekuvaat aknite ili treba dosta vreme?