Девојки ве молам за мислење, пред две недели испитував Тсх Фт4 и Анти Тпо приватно и резултатите ми беа Тсх- 4.75 Фт4-1.2 и Анти-97. По две недели направив повторно испитувања само на државно и рез се следни: Тсх-4.4 Фт4-1.2 Фт3-4.7 Анти Тпо- 19.9 и Анти ТГ- под 20 . Мерните единици се исти но прашањето ми е дали е можно да има толку голема разлила во Анти Тпо и од што би можело да се должи истото?? Дополнително што мислитe за остатокот од резултатите??
LH 2.60 Estradiol 77.50 FSH 6.56 Testoresteron < 20 000 Prolactin 15 90 Tiroiden status FT4. 1 230 TSH 3 090 AMH ne e ispitan. Na 3 ti den od ciklus e ispitano.. Mislenje...
На резултатите има од-до граница, можеш да видиш дали е ок. Ако не знаеш да го прочиташ, сликни го. Параметрите може малку да варираат во зависност од тоа каде е правен тестот.
Јас испитував пролактин на приватно пред една недела, 750 ден ми земаа. За на приватно не треба упат.
Здр ај ве молам, некој добар ендокринолог, каде да се обратам испитував хормони на 4 ден од циклус се е уредно.. Но сметам дека не е не може влакна туку така да искачаат, да потемнуваат, дајтее некој совет ве моламм
На државно не знам дали има термини, јас кога сакав да одам немаше, ама ми беше итно и бев на приватно кај др. Бранкица Крстевска во Срце.
Преглед, консултација и ехо на тироидна платив 3.500, а контрола 1.500 (ова лани). Докторката одредува за колку месеци контрола ако има потреба. И кога бев на контрола ми кажа по потреба контрола. Можеш да и ги однесеш хормоните што ти се испитани.
Здраво, пиев пред некое време кломифен, па од како ги испив ми се јави некоја болка во едната града(десната) , мислев ќе пројде ко ми помина циклусот (за жал, не сум бремена),но и после менструација болките ми се присутни. Дури и во грбот и десната рака чувствувам болка, страв ме фаќа, се и свашта пишува на чичко гугл, дека ако се јавува и после циклус болка симптоми на рак на дојка, мн ми е стресно, нз шо да правам веќе, гинекологот не рече ништо посебно од хормоните ти е, ама еве уште имам болка, на ехо на дојка имам нареден понеделник закажано, коските ми се тресат. Дали некоја имала слично искуство?
Која фаза се чита кога си 3ден добиено? Мислам на тие отстрана што се, фоликуларна, овул. Врв, лутеална, постменоп.?