Нема да те вратат,само нема да те боцкаат на Ендо туку ќе те пратат кај токсико....сум правела милион пати хормони и секогаш вака е кога ќе се погоди сабота или недела.
Женски, мислење? Пролактинот и лани ми беше 60 примав терапија па малку се смали и ете ова е од вчера (2 ден циклус се правени) а инсулинот стално ми се движи околу 3.5 3.8 4.0 Понеделник ќе видам што ќе рече гинекологот, што да правам. Инаку примам и за тироидна терапија, може треба и таа да се зголеми не знам, идеално тсх треба да е некаде околу 2, но периодов имав многу стресови, испити, журки на работа, приватни проблеми, не спиев доволно па може и затоа се вакви не знам.
Една недела пред добивање ми се прават големи вртоглавици и нестабилност. Откако ќе добијам ова се стабилизра. Дали некако ова можам да го испитам преку хормони и дали може некако да се регулира? Хормони на трет ден од циклус ми се во ред
Здраво девојки Ми открија полицистичен синдром на јајници, па ми рекоа да правам хормонални испитувања.Сакав да прашам каде е најдобро да одам ?
Дали некој има искуство со црвена мака? Сакам да ја земам за регулација на хормони и полицустични јајници.
Добив вчера навечер(Вторник) , околу 7 навечер,сабајле кога станав само 1 капка имав на влошката а после тоа почна обилно да ми тече, сега како да рачунам 3 ден, да одам утре или во Петок, за испитување на хормони?
Почна да ми се прави перут на главата, сите шампони пробани, џабе. Дерматолог посетен, без резултат. Потење под пазуви, без мирис. Стапалата почнаа да ми мирисаат, да ми смрдат, после кратко време во обувки. Спас немам во ништо најдено. Па си мислам некои хормони да не не се во ред. Но, кои да ги испитам?
Најверојатно тироидните хормони. Штом веќе ќе испитуваш хормони испитај си ги сите, 50 денари беа на Биохемиска или во ГАК.
Ќе ми треба упат од матичен гинеколог, а јас не сум во мојот град. Затоа сакав да испитам приватно, а знам дека се изгор скапи така. Тироидната се испитуваше било кога, не беше поврзана со менструација?
Јас имам испитувано на клиничка со слика од упатот, ќе ги замолиш и кажеш дека накнадно ќе им донесеш упат. Пробај така и испитај ги повеќето хормони. Инаку конкретно тироиден хормон можеш било кога во циклус.
Ај сега да не се расправаме. Со тие пари за еден хормон ваму ќе ги испиташ сите, плус ќе ти останат пари за автобуската карта. За тироидна не е поврзан циклусот и саатот.
Здраво сакам да испитам хормони на ГАК конкретно заради акни. Кои хормони да ги испитам освен TSH, LH, FSH или ако кажам на матичната репродуктивни +ТСХ ќе ги наведе ли сите потребни? Колку е со упат цената од хормон приватно гледав некаде над 4000 излегуваше?