Jas pijam Fertimilin tamu go ima zaedno so drugive vo kombinacija. Inaku neka pishat drugi od koja firma zemaat samo q10.
Девојки дали некоја од вас имала покачен тестостерон и дали сте успеале на природен начин да го намалите? Не сакам да пијам терапија, сакам прво да видам дали можам некако природно да го вратам во контрола.
Да јас. Дури и нередовни циклуси имав. Од свои 19 години имам хормонални проблеми. Пиев Микрогинон, Крицеа, Јаз, Јасмин. Таман ќе престанам пак се враќаше истата состојба. Меѓутоа после првата бременост веќе не можев да поднесам хормонски таблети, имав тахикардии и многу нус појави. Поради тоа што бев со многу вишок килограми морав нешто да преземам. Почнав многу да внимавам на исхрана и да вежбам во теретана. За некои 4-5 месеци се симна тестостеронот и хормоналниот статус целокупно ми се подобри. И така остана. Циклусите ми станаа редовни. Мора да го смениш начинот на исхрана и да имаш физичка активност. Ама да го прифатиш како начин на живот ако не сакаш да пиеш хормонска терапија. Јас дури и во втората бременост, пазење храна и вежбање не престанав.
Имам и јас вишок килограми, првото нешто на кое се посветувам е да ги намалам, но имам слушано и дека помагал чај од нане и ред други работи. Настрана од вежбање и здрава исхрана, конзумираше ли нешто дополнително?
Конзумирав многу суплементи. Прво овие Фертилимин на Синерџи, меѓутоа многу се скапи, па земав Инозитол од друг бренд. Во процесот на слабеење користев fat burner. Fat burner-от беше со добар состав, со екстракти од билки, и некои витамини, па после малку истражување дознав дека тие екстракти од билки го нормализираат и естрогенот, па нели кога се намалува естрогенот, тестостерон заедно со него се симнува. За 10 месеци симнав скоро 30кг. И не се поправив низ годините ја држев килажата и изгледот под контрола.
Сама не знаев како од почеток. Имав лошо искуство со нутриционист. Скоро сите нутриционисти даваат храна со преголем калориски дефицит (јадење само салати, диети на сокови, јадење премали оброци или гладување). Едноставно намалив килажа, но многу тешко и бев без енергија, килограмите многу брзо ги враќав. А да не зборувам за тоа дека со таква "исхрана" или поточно гладување страшно се забавува метаболизмот и нема вистинско слабеење, само намалување килажа, а изгледот во огледало ужас, висната цела.. Потоа кога почнав да вежбам решив да бидам со фитнес тренер. Добив план за исхрана според моите потреби. Со точно израчунати калории и храна поделена со точна грамажа на масти, протеини и јаглехидрати. Си купив кујнска вага и мерев колку јадам според тоа што ми беше дадено. Храната се состоеше од: пилешко, свинско, мисиркино, телешко, риба (лосос, ципура, лавраки, а кога немав време за тоа можеше конзерва туна). Јадев јајца, палента.. Од јаглехидрати ориз, макарони,шпагети, кус кус, оризови шпагети. Од млечни призводи грчки јогурт, кашкавал, сирење. Буквално се можев да јадам но измерено во грамови и со израчунати калории. Да не надминам ништо повеќе од што треба. Од време на време се частев и со пици, хамбургери, чоколади. Но се што јадев повторно бележев и рачунав. Така што на крајот од денот сепак бев во баланс. Скоро година ипол бев вака со тренер, потоа продолжив сама бидејќи научив како треба. Многумина ги мрзи самите да се замараат и со години плаќаат на тренерите, и тоа е во ред, не е којзнае колку скапо, околу 100 евра мислам кошта, а се добива комплетен пристап персонализиран. Но многу е битна физичката активност, и психички се чувстував многу подобро. Зборувам во минато време бидејќи последната година не го правам сето ова. Поминав бременост и сега имам бебе од 2 ипол месеци, па уште некое време не можам да вежбам заради раната од царскиот.