Се јавив на Клиничка биохемија ми рекоа ако е за испитување на хормони не може за викенд!? демек дека може од 3 до 5ти ден да се проверат, да си испланирам во работен ден, сега не знам за каде да земам упат. ми се паѓа да испитам во викенд, Дали клиничка или да одам на ГАК, одамна немам испитувано и не знам сега баш како е редот
Каде во приватните има пакет за реородуктивните хормони? Во Авицена нема. Или некој што правел да ми сликне кои влегуваа во пакетот, одамна не сум правела.
Кој ден е најдобро да се испита? Претходно мислам на 21 ден го испитував, не се се сеќавам точно кога.
Проверував хормони и испадна низок под долна граница. Иначе последниве месеци не осеќам болка во јајници при овулација што претходно сум знаела кој ден точно овулирам и скроз ми е намалено крварењето. Исто пмс симптоми немам никакви, што не било случај до сега.
Според референтните вредности од 0.95 до 26.6 мене ми е 9.7 прогестеронот. Матичната вели дека е добар, јас мислам дека е низок. Колку треба да биде идеален за телото?
Девојки на ГАК работат 24ч Ако имаш за испитување кортизок само од 8.30 до 9ч сабајле Тие информации ги добив Само не добив одговор дали може да се плаќа со картичка Дали знае некој?
дали на некоја што пиела Спиронолактон и се десило да добие циклус 2 пати во еден месец? првата доза ја испив веќе втора почнав, ми заврши циклусот пред 10 дена како што требаше да ми дојде редовно и сега добив пак веќе 3 дена имам крварење, не обилно но исто како редовен циклус .. дали е ова нормално почнувам да се плашам?