Кои хормони треба да ги испитам за акните? Пред неколку години правев испитување но сега не памтам како беше процесот.. Ќе може некој да ми каже, благодарам
Упат за испитување на хормони можеш да земеш од гинеколог, а ќе добиеш и нај стручно мислење за тоа кои хормони ти се потребни да ги испиташ. Доколку ги испитуваш државно, земи упат за комплет хормонска слика и појди во Букурешт каде има најдобри реагенси. Резултати после 24 часа. Поздрав,
Здраво. Имам проблем со нередовна менструација. Правев ехо кај двајца гинеколози и двајцата ми кажаа дека е се во ред со јајниците, нема цисти. Испитав хормони, и резултатите од хормоните укажуваат синдром на полицистични јајници. Одност на LH/FSH е 1:4, а требало да биде 1:2. Неколку пати ги проверив хормоните и на секој нов резултат се повеќе се зголемува тој однос. Примав терапија Yasmin но тешко ја поднесував и ја прекинав.Доколку некој има сличен проблем ве молам нека ме контактира.
Девојки ве молам ако може некој да одговори. Јас сакам да испитам хормони, причина опаѓање на коса и акни. Инаку имам дијагностицирано хипотиреоза и примам терапија 8,9 месеци. Ги прочитав сите мислења ама не ми е јасно нешто, кој треба да ми даде упат за во државна гинекологот или докторкава што ми ја следи тироидната? И каде всушност треба да одам да ми земат крв на Гинекологија или на Ендокринологија? И би сакала да ги испитам сите хормони кога веќе нели ќе одам бар на се нека се направи проверка. Фала виии
Каков е тој глукоза-толеранс тест? Бев на ендокринолог, ми земаа крв за хормонален статус, и ми закажаа за наредна недела ваков тест. На упатот ми пишува глукоза-толеранс тест и инсулин. За шеќер ли е тој тест? Како се прави? Преку крв или? Не се разбирам ич за ова, прв пат одам
Тоа е тест за толеранција на гликозата во ктвта во рок од 2 часа како организмот ќе ти го преработува шеќерот кога ке одиш ке ти земат крв од вена и ке ти дадат да испиеш 70 гр. шеќер со вода и потоа на секои 15 минути ке ти мерат шеќер од прст на еден час од пиенјето на течноста ке ти покаже највеќе а пота постепено треба да почне да опаѓа веројатно на тестовите преходно си имала покачен шеќер во крвта па со оваа проверуваат исто така треба да ти направат hba1c тоа е исто преку крв но покажува како ти се движел шеќерот во крвта последните месеци не е ништо страшно треба да си гледна кога ке одиш едно 12 часа да немаш ништо јадено поздрав
Каде во Битола можам да испитам хормони по пристапна цена? Треба да испитувам хормони за акните и тироидна, но бидејќи се во прашање повеќе хормони а како што знам еден е над 800 денари, ќе ме фати изгор Во државна не помислувам, ми требаат точни резултати.. Имал некој искуство да ми помогне?
jas prave vo ohrid so sonce rivatna 4150 den plativ..eden hormon 500 den i imav hormonalno poremetuanje zasto mi vavrira menstrualniot ciklus
Јас сакам да си закажам приватно за испитување на хормони и функција на тероидна жлезда, пред година дена закажав кај нас во болница и чекав 4 месеци за реагенси наводно никако немаа и се откажав. Еднаш пред тоа бев испитував и имав нешто за малку покачено TSH и ми рекоа за година пак да испитам. Се мислам дали во Систина или некаде во друга болница. Каде имате добро искуство и како се движеа цените. А во Систина јас не можам ниту да пронајдам на кој одел да закажам.
Еве ценовник за се што ти треба ќе си израчунаш http://www.avicenalab.com.mk/selectedarticle.aspx?cid=5615&scID=5042&l=93 Јас не закажав, премногу итно ми беше, отидов кажав вака и вака и не ми правеа проблем. Јави се и прашај за секој случај
Најсикрено не се сеќавам на точните цени, претпоставувам при тел. разговор би ти ги соопштиле актуелните. Можам да ја препорачам Др. Муратовска од Систина, нуклеарна медицина. Мајка ми имаше преглед и снимање/ехо на тироида кај неа и плус испита хормони. Бевме изненадени дека резулатите од хормоните се разликуваа од оние направени во една локална лабораторија. Впечатокот беше позитивен во секој случај.