Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хормони

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од YoungLady, 1 октомври 2011.

  1. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Имам почетна форма на полицистични јајници, така гинекологот ми утврди. Па ме прати на ендокринологија да испитам хормонален статус, му кажав се што ми е на ендокринологот и тој ми рече да го направам тој глукоза толеранс тест покрај хормонален статус. Веројатно поради јајниците ми го препорача тој тест(проблем со инсулинот и шеќерот предизвикува полицистични), а и дека сум покрупна :)

    А, и циклусот ми варира, секој месец или ми подранува или ми касни.. ретко да е точен :?:
     
    На Malinka1$ и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  2. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас испитував хормони поради проблем со акните, и надбубрежната не ми е во ред, DHEA ми е многу високо, 634. Сакав да прашам дали некоја го имала истиов проблем, каква била терапијата и за колку време се средило?
     
  3. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Dali imame hormoni od koi se slabee;)))))))))
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.107
    Пол:
    Женски
    има хормон ,,одговорен,, за килажата, лептин се вика
     
    На EvAngelos, jasmina00 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. Rina1992

    Rina1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво членки. Ако може некоја да ми каже какви се моиве резултати, испитав денес но не стигнав да ги однесам резултатите на лекар и морам до понеделник да чекам, но љубопитноста не ме остава на мира :D пребарав низ интернет за 3ти ден од циклусот, и некаде пишува дека се во ред вредностите..
    ќе ги напишам резултатите пошто кај вредности имаат напишано рачно, фоликуларна фаза, среден пик, лутеална фаза..

    Estradiol 37
    FSH 5.10
    LH2 2.76
    Prolactin 9.69
    TSH 2.0440
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Која државна клиника дава најверодостојни инф. за хормони? Државна, градска, 8 септември???

    Сакам да ода сите хормони да ги проверам, совет?
     
  7. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Појди си на ендокринологија најубаво јас таму ги проверив и има баш стручни лица за да ти ги прочитаат докториве закажи си за таму преку упут од матичен лекар и мене ме кошташе само 450 денари за сите хормони за сите хормони или 550 тука некаде
     
  8. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски

    На приватна ќе ти земат многу пари а исто ќе ти биди на крај како сакаш мене матичната ми кажа на приватно истово ќе те кошта од 7000 до 10 000 денари, а нема потреба да испитуваш на приватно за да ти ги земат само парите и во ендокринологија ќе ти бидат истите резултати
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angie94

    Angie94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Моите резултати од LH и FSH се следниве:
    FSH 5,20
    LH 6,49
    Дали знае некој да ми каже дали се добри?
     
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.107
    Пол:
    Женски
    Види референтни вредности на резултатот вака ништо не може да се каже.
     
  11. Angie94

    Angie94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Според референтните вредности во граници на нормала се. Но тој однос LH/FSH требало да биде 1:2. А исто така прочитав некаде дека FSH треба да биде поголем од LH, а кај мене е обратно....
     
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.107
    Пол:
    Женски
    Фсх и Лх треба да се приближно исти мислам, разликата покажува или изостанок на овулација или полицистични јајници
     
    На Angie94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie94

    Angie94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Еве го резултатот од денеска.
    А минатиот пат резултатот беше многу поинаков - FSH 4,64, LH 22,20. Не примав никаква терапија и затоа ми е чуден новиот резултат. Инаку на ехо, матичнат ми кажа дека на едниот јајник има многу цисти.
     

    Прикачени фајлови:

  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    135.107
    Пол:
    Женски
    можно е да пукнале за време на циклус или дел од нив па се подстабилизирале и хормоните... Ова ти е претпоставувам на 3ти ден од циклус, од коа ќе ти заврши оди кај докторката пак нека те зирне
     
    На Angie94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SandraPink

    SandraPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некој има користено Спиронолактон бидејќи мене ми го препишаа заедно со Цикло Прогинова веќе 2 месеци одкако ги пијам Спиронолактон и направив тест на хормони тестостерон се намалил малку мене докторот ми даде 50мг Спиронолактон и сум дијагностицирана со поличистични јајници незнам зошто стварно ми ја препиша Цикло Прогинова ( бидејќи тоа се контрацептивни пилули барем така прочитав ) и сега еве завршив со кафеавите пилули и си добив.. Спиронолактонот го пијам 2 месеци а Цикло 21 ден и си направив хормонален тест и естрадиолот ми беше нормален но сепак сеуште покачен тестостерон во крвта тој ми кажа да почекаме 3 месеци пред да ми ја зголеми дозата на Спиронолактонот до 100мг за да не ми дава Андрокур ( тоа е многу поефикасен анти андроген кој е користен за мажи со рак на простата но не смее да ми го препише бидејќи сум 16 години и може комплетно да ја изгаси продукцијата на тестостерон а сите знаеме дека и тоа на нас жените ни треба за да функционираме нормално). Кое е вашето искуство со Спиронолактон?
     
  16. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Јас само што ги почнав Спиронолактон да ги пијам, од 100мг. Исто имам полицистични јајници, и покачени машки хормони, плус хиперинсулинемија. А, зошто не почнеш со метформин? Тие се баш за полицистични јајници, за циклус, и инсулин. Ќе те средат ептен. Јас ги пијам и тие плус, сега заедно со Спиронолактон, па ќе видиме како ќе ми бидат резултатите за месец дена. Мене метформинот ептен ми го среди циклусот, а и инсулинот. Пробај побарај ги да ги пиеш. А, конкретно за Цикло Прогинова, не знам што да ти кажам, не сум запознаена со нив првпат ги слушам.

    Кажи ми, како ти е шеќерот од кога ги пиеш Спиронолактон? Дали ти е покачен ?
     
  17. SandraPink

    SandraPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Значи откатко почнав да го пијам Спиронолактон шеќерот не ми е покачен мислам не ми е драстично покачен а сега незнам за колку е покачен бидејќи 2 месеци го пијам и се плашам за црниот дроб бидејќи е 100мг а мене тоа ми изгледа премногу за 16 години бидејќи во големи дози може функцијата на црниот дроб да откаже што навистина е застрашувачки откатко направив малку истражување на интернетот. А треба да го пијам еве уште три месеци а и се чудам зошто 100мг не ми го намалува тестостеронот но сепак ќе почекам инаку колку месеци го пиеш спиронолактон и колку години си? бидејќи јас почнав во јуни и еве август ќе треба да чекам до ноември или октомври за да направам тест.
     
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Јас само што го почнав Спиронолактон, неколку дена го пијам. Ќе видиме како ќе ми делува, дали ќе ми ги намали машките хормони зошто пробав по природен пат да ги намалам али ништо од тоа. Иначе, 24 години имам. А, метформин пијам веќе 7 месеци. Колку што имам истражувано кај некои спиронолактонот дава резултати малце покасно, да речеме после 6,7 месеци, а кај некои брзо. Се зависи од организмот, индивидуално си е. Не се откажувај, терај пиј ги, освен ако не осетиш некои лоши последици. Тоа за црниот дроб не сум прочитала што како влијае. Јас за шеќерот се плашам да не ми го покачи, зошто може да го качи а имам проблем со инсулинот и затоа се плашам...
     
  19. diana

    diana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојки. Има ли некоја од вас пиено таблети Агнес (Vitex Agnus Castus)? Немам добиено менструација неколку месеци, а и пред тоа добив само зашто пиев Primolut nor. Нема шанси да пијам хормонска терапија, повеќе лошо ми имаат направено отколку добро, а ги имам пробано скоро сите.
     
  20. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Дечки итно ми треба список за да одам да ги проверам сите можни хормони, не само тироидните. Сакам комплетен хормонален статус да направам и ве молам да ми ги пишете сите можни хормони кои може да се испитаат!