Хорор во Драчево- Го убил со пешкир, па го закопал во спална

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 28 мај 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Под спалната во куќата со број 11, година и половина се криела тајната за исчезнувањето на 40 годишниот Зоран Георгиевски. Неговиот сосед, 30 годишниот Милош Давчевски од Драчево го задавил со пешкир а телото го закопал под својата спална соба- еден метар под земја. Чевекот кој му помагал да го закопа, Стојадин Сталетовиќ, вчера се решил сите детали за суровото убиство и закопаните коски да и ги открие на полицијата.

    -По пријавувањето на случајот, соопшти денеска МВР, М.Д. е приведен и при обавениот разговор го признал делото и изјавил дека откако го задавил Зоран Ѓ. со пешкир, со кого инаку биле познаници и често заедно конзумирале алкохол, ископал дупка во подот (земја покриена со даски – бродски под) во спалната соба во неговата куќа, потоа го ставил телото во неа, го попрскал со вар, го затрупал со земја и ги вратил даските и врз нив ставил ормар, рече Иво Котевски, МВР.

    Драчевскиот гробар живеел со својата сестра. Неодамна починале нивните родители. Соседите му биле чести гости во дворот.

    - Не мис е верува, баш изгледаше како фино момче, вели соседка.

    Никој не се сомневал дека 30 годишното момче на кое неодамна му починале родителите е подготвен за свирепо убиство без речиси никаков мотив.

    Давчевски ќе одговара за убиството. Соседот кој пријави во полиција ќе добие кривична пријава за помагање. За семејството Георгиевски трагично се расветли мистеријата за неговото исчезнување во октомври 2009та.

    Еве и видео... Внимание! Видеото е вознемирувачко!!!
    http://press24.mk/video/makedonija/vide ... -vo-spalna
    Извор, http://www.press24.mk


    Леле жени што ќе беше ова? :o :x :x :x
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hе ми се верува како можел да спиел во куката со мртво тело,и тоа баш в спална :x
    Mи се слошува од вакви работи,до каде се лугето подготвени да извршуваат вакви работи :tmi: :x
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Е не ми се верува, стварно секакви психопати има.
    Инаку сестра му на убиецов со мене во средно учеше. Родителите им се поодамна починати ама сепак тоа не е причина да убиеш некој. Колку што знам тој уште тогаш пред 2/3 години беше луд, ја бркаше сестра му од дома, се занимаваше со дрога и сл.
    Тотален ужас, се згрозив кога прочитав
     
  4. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    :x немам коментар!Луѓево спобудалеле...
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Е стварно дојдоа времиња, кога еднотавно не знаеш што ти мисли тој што пиеш кафе со него секој ден.Па и помош побарал.Само не ми е јасно, дали грижа на совеста го натерала помагателот да пријави или го мачел духот на покојникот?
    Страшно-немам зборови!!!
     
  6. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    А замислете мене ми е комшија го знам 20 години од кога сум родена,сме оделе кај него има и сестра другарка ми е...Он не беше добар имаше некои проблеми ама дека ке направи до волку бизарна работа и после да спие во истата спална е не ми се веруваше.А сме оделе таму кој да знае дека има закопано мртов човек во куќата,а он се нормално се однесуваше ама ете сите сме вчудоневидени од настанов...Господ нека му помогне незнам што друго да кажам. :sweat: :worried: :worried: :worried:
     
  7. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    91
    :x значии луѓевооо
    да ти е страв да си дишеш слободно
     
  8. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Страшно... Значи во каков проклет свет живееме?! Во каков свет ќе ги оставиме идните поколенија?! Во свет со убиства на пријателите... А сестра му загреота девојчето, навистина не знам што да кажам... :x Не можев ни да го догледам видеото навистина е вознемирувачко. Се надевам дека ќе ја добие најголемата и најсуровата казна за вакво криминалистичко дело. :tmi:
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Немам коментар. :x Во каква држава живееме? Човек никогаш неможе да биде сигурен заради секскви психопати кои слободно си шетаат наоколу.
    На какви работи може човек да биде спремен неможам да поверувам. Навистина ми се згрози кога прочитав, се надевам ќе си ја добие најголемата казна.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Додека го даваа прилогов на Тв ми беше страв да гледам, и искрено само слушав. Не можам да се изначудам само , едноставно НЕ МОЖАМ да сфатам какви се луѓе има на земјава. Ме потсети случајов на македонскиот Раскољников (ако се сеќавате). Луѓето што го познаваат викаат дека бил мирно дете... Никој не се надевал дека такво нешто ќе направи.
    Незнам како тој можел да живее, како можел ДА СПИЕ таму.
    И да, сигурно совеста го натерала тој што му помогнал (што човек бил и тој пак да помигне такво нешто) да го пријави случајот. Страшно!
     
  11. babygirl

    babygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    65
    Токму поради вакви бездушни монструми сакам да постои СМРТНА КАЗНА!!!!
    :x Не знам колку треба да си болен и поместен во умот за прво да ти текне а после да сториш вакво нешто.......
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Не смртна казна, туку доживотна робија. Да се мачи во затворот и да посака што побргу да умре. Смртната казна е најмала, во однос на доживотен затвор за вакви убијци.
     
    На IwyDior му/ѝ се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.604
    Допаѓања:
    2.458
    :o :o страшно..
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Бог да чува, човек е безбеден само под земја негде,сам.
    Само така ќе преживееш.

    Не ме чуди ни кај мојов комшија да најдат некое тело,како што е мрднат.
     
  15. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ццц како може да спие во соба во која има закопано некој... Не ми се верува до кај се одат луѓево,нека не чува Господ од такви подалеку :@ :fubar:
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Мене највознемирувачки ми се моментите "беше мирно дете, никогаш не помислив дека ќе направи вакво нешто"
    Од останатите се пазиме на некој начин, ама он ваквите "мирни" дишучки никогаш незнаеме што може да не снајде, страшно. Денес неможеш да веруваш на никого. Замислете дури и без мотив, ниту си згрешил некому и пријателот со кој секој ден го минуваш те убива. Wild wild west
     
  17. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Не му бил пријател,тој беше пијаница и бездомник така некако некогаш заедно пиеја,а никако не му беше пријател...а стварно беше мирен и културен дечко ама ете...
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Смртна казна - не баш!
    Тоа би значело инстантно решение на можното казнување на злосторникот.
    Доколку затворот е институција со посебни, дури и екстремни нивоа на макотрпност, нека му се изрече доживотен. Верувајте, тогаш самиот ќе плаче за смртна казна. Никој не сака да се мачи, подобро ќе му е да го нема.

    Можеби Душанов законик е лек за овие суштества. Украде пари, чао раче. Ми удри клоца, папа ноџе. Ме силува некој, се конфискува алатот. Итн...
    Арно ама, што да му се земе на човеков? :|

    Или Хамураби арно кажал... око за око, заб за заб? :?:
    Ќе речев за малце, среќа што не постојат такви кои за одмазда би спиеле врз туѓ труп, но се сепнав на време. Секако дека постојат. Миракула. :|
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.279
    :o :o :o
    Сега читам за настанот- видеото не го пуштив, претпоставувам какво е, и стварно немам зборови да си објаснам што ги тера луѓето да прават вакви нешта, ццц. :x :x

    А тој што му помагал, како можел да молчи толку време како ништо да не се случило :^) :puke:

    Ах бре, не сме исти со животните, точно- ние сме бетер од нив. :swear:
     
  20. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Леле во каков свет живееме ние? Од ова што го прочитав останав без зборови ... :x
    Значи СТРАШНО!!! |(