истото што и претходно, се слушаше шепот на неговото име кој доаѓаше од сите страни на собата и одеднаш остар звук ја пресече тивката и језива атмосфера, едното од огледалата падна и се искрши на илјада мали парчиња..
Кога Џон погледна во едно од огледалата виде обесено мало дете како стои позади него, но кога се заврте немаше ништо
..но тоа беше позади него, кога се сврте пак напред, пред него стоеше истата кукла но овојпат со ликот на мајка му и крвавиот нож во рака, испаничено се погледна на подот барајки нешто да се одбрани каде го здогледа мртвото тело на мајка си на кое му беше отсечено лицето и.. И дај пуштете малку фантазија да работи, што е ова.. цело време во круг само некој шепоти, се шета низ куќа и ништо не се случува. Хорор приказна ли е или психолошки филм за шизофреничар?
Џон падна на земјата. Кога се разбуди се најде во неговиот кревет и над него стоеа неговите родители и го гледаа
Неговата мајка загрижено го прашуваше што се случило .. А позади неа човек со грдо лице , со крвав нож во раката... Ножот беше вперен кон неа..
А Џон пред да успее да изусти нешто, сигурен дека овојпат не беше халуцинација како претходно.. ножот помина низ градите на мајката и прсна крв врз лицето на Џон..
неговиот татко стоеше до мајка му ако се сеќавам убаво. Нејсе, нека биде така.. дојде татко му и него му го пресекоја гркланот, а Џон од шок скокна низ прозорец и падна на трева онесвестен, кога се разбуди виде дека се наоѓа во болница со лисици на раце и сестра која стоеше над него и во тој момент викна по полицаецот да дојде...
Полицаецот дојде и го праша Мора да ни дадеш изјава ! Зошто ги уби своите родители ? Зошто го уби кучето ? Зошто во твојот плакар чуваш мртво тело ?
Полицаецот : за да ти помогнам , треба и ти да ми помогнеш . Кажи што се случило и нема да те пикнам во затвор , туку ке средам да одиш во лудница .