Храна без глутен

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од awl, 17 јули 2013.

  1. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Не успеав да најдам ваква тема...

    Имам нетолеранција на глутен, не е алергија.

    По сто милиони обиди да го средам метаболизмот, надуеноста, болките во желудникот... во разговор со пријателка (медицинар) ми спомена дека треба да се обидам да го исфрлам глутенот од исхраната, многу е кратко времето за да кажам дека ова е супер за мене, може да кажам за сега успевам, немам тегоби, болки и мачнини.

    Причината за отворање на темава е:

    - За да споделиме искуства во однос на храна без глутен, каде може да се најде (до сега имам најдено брашно, тестенини, оризови дискови- или како и да се викаат) и некои стапчиња од месо на кои има назнака дека се без глутен, како и оризово млеко;
    - Колку назнаките gluten free се точни, како истото може да се провери
    - Колкава е оправданоста да се подлегнеме на ваков начин на исхрана без издржани медицински испитувања (иако во Р.М. не знам кај кој нутриционист би се обратила за ова прашање)...
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.470
    Допаѓања:
    97.427
    Пол:
    Женски
    Целијакијата или нетолеранцијата на глутен не е толку ретка појава, за жал. Многу луѓе не се ни свесни дека ја имаат, затоа најчесто подоцна се откривала, а сега, со напредната технологија се открива многу порано, уште во рана возраст. Подолу имаш текст кој накратко објаснува што се можеш да јадеш, но за жал, безглутенската храна е прилично скапа. Не за џабе безглутенската исхрана ја викаат „царска диета“ (или нешто слично беше, така сум слушнала). Знам дека во Скопје, конкретно во Автокоманда има специјализирана продавница за безглутенски производи, но мислам дека и самата може да си ја прилагодиш храната. Е сега, имам слушнато дека постои здружение на граѓани со целијакија, па може да се распрашаш за тоа, ако најдам нешто, ќе пишам. Тие сигурно имаат листа на храна и производи кои се безбедни за луѓето со нетолеранција на глутен. Исто, може да се тестираш - мал и безболен тест на клиника кој не одзема многу време, ама ќе потврди дали имаш целијакија или не.

    Еве го текстот

    преземено од migusto.mk

    Имаш и македонска страна на ФБ за ова https://www.facebook.com/AlergijaNaGluten

    Се надевам ти помогнав малку.
     
    На Antebellum, LivingGlam и daks им се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ептен ми помогна, во смисла- мислев дека целијакија и нетолеранција на глутен се различни состојби. Слушнав за продавницата, па ќе одам за да видам што има, што се нуди, какви совети ќе ми дадат, зашто некако не ми е верна секоја етикета во маркетите. А за тестирањето сигурно ќе отидам, зашто моите велат дека како дете сум јадела посебна храна и без лактоза и без глутен, ама подоцна не сум пројавувала проблеми (иако можеби сеуште постојат, но јас ги занемарувам). Во секој случај благодарам многу за насокиве!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    84.896
    Да ви пренесам искуство за живот со и без глутен.

    Две недели бев глутен фрее.
    Храната ми беше онаква каква што пишав на една друга тема.
    Изгледа како да е малку, но беше сосема доволно. Ослабев и воедно бев полна со енергија и свежина. Можеби е интересен факт, исто така и природниот мирис на телото ми се промени. Мхм... можам комотно да не користам стик или кристал и мирисам на тревки, чај или што ми вика дечко ми - на свежо и природно (сега ме вика келтска вештерка, ма да може и друго нешто да е во позадина, нејсе).
    Тироидата ми се намали, те малата испакнатинка кај вратот буквално ја снема.

    Си викам, ок, ова е вака, сакам да видам како беше претходно.
    Три дена се вратив на вообичаениот начин на исхрана, со леб. И... еве не можам да ги отворам очите, уморна сум, потечена сум и со покачено некое килце. Се консултирав таму каде што ги правев анализите за нетолеранција на глутен, ми рекоа дека тоа не се килограми во сало, ами отоци на внатрешните органи и задржана вода. Да, стомакот ми е тврд и потечен. Нозете ми потекуваат и не можам да се движам толку енергично како во претходните две недели. И да, кожата ми изгледа уморно. Телесниот мирис е вообичаен како и кај сите нормални луѓе кои јадат глутен и шеќери (да не се разбереме погрешно, знаете за што зборувам, не хиперболизирајте). Секако, тироидата повторно ми се испакна.

    Наравоучение - да си се помирам дека сум кај нетолерантна, па и алергична на глутен (овие две работи се различни) и до крајот на животот ако сакам да се чувствувам добро да не посегнам ни по трошка леб... Ама да, глутенот е зло, барем за моето тело. Најголемата болка ми е пивото - ама од него не се откажувам...иако самото тело повеќе ја губи желбата да го пие.

    Од денес се враќам на претходниот план за јадење, со тоа што си купив залиха од безглутенско брашно за да си продолжам со правење на домашни безглутенски пресни земички.
    Да, во претходните две недели слушав коментари - што се лигавиш, што се занесуваш, ништо не ти е, што се занесувате со модерниве глупости, нема врска можеш да си јадеш ОД СЕ ПО МАЛКУ (од ова ми се лоши) или превртување со очи кога седнуваме некаде и јас избегнував било што со глутен или јадев салата. Мое тело, мој избор, ја немав среќата да биде безпрекорно, ама го сакам повеќе од било чие туѓо тело, немам друго резервно, така што фак оф.
     
    На sj *O*, sanjaeva, Antebellum и 6 други им се допаѓа ова.
  5. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Алергична сум на глутен,ова од неодамна открив,не се некои опасни реакции ама ми се јавува чешање и како од комарци да сум искасана,некои да сподели рецепти или некои комбинации на храна за енергија
     
  6. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Лилит, каде правеше анализи за нетолеранција на глутен, знам само за на клиника, ама многу се чека...
     
  7. CirezD

    CirezD Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски

    Повели, девојкава става одлични рецепти http://marsovcinazemjata.com/category/безглутенска-категорија/
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    43.603
    Пол:
    Женски
    @Lilit кое безглутенско брашно го користиш?

    Го имам пробано ова и едно од Грција, и од двете лебот ми беше киселкаст, а другиот ден воопшто не се јадеше. Не знам зошто, по упатство правев. Ако не ти е тешко кажи како ги правиш лепчињата.
    Јас се задоволив со лепињи од чисто брашно од хељда, супер ми се на вкус и ја нема таа ксантан гума што ми е сомнителна.

    Инаку веќе една година сум без глутен, ептен ретко си го дозволувам (на месец-два по еден залак колку да не го одвикнам организмот скроз па некогаш да се шокира). Многу сум поенергична, отоците на очите веќе ги немам, а и витилигото малку се повлече. Плус, имав егзема на рацете - скроз се повлече после некое време без глутен. Сега одвреме-навреме ќе се појави на еден прст, ама не е страшно како што беше.

    И мене ме нервира да објаснувам постојано зошто не јадам торти, пецива. Па кога ќе ми речат - ама ептен малце брашно има во тортава, ништо нема да ти биде. Неколку пати имам каснато колку да не ги навредам, после два дена имам грчеви во стомак. Тогаш ми велат дека било автосугестија. |(
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    84.896
    @LivingGlam ти пишав во порака за брашното.

    Автосугестија мај ес. Тие што така најмногу па ми зборат, не забораваат и да ми речат - еј абе си се поправила? кога ќе потечам целата од глутенот. Абе смешка, да не знаам дали бокс да им удрам или пак да се обидам да им објаснам во што е работата.

    А љубител сум на тестенини неверојатно многу!!! Овие безглутенските ми предизвикуваат киселини ама ептен, од ориз тестенините исто така, ама најдов финта. Ги варам и ги оставам во фрижидер, утредента и да ги подгрејам во тава со зеленчук не ми прават апсолутно никаква реакција, вич из гуд. А веднаш сварени и топли изедени, ми се чини полека умирам три дена по ред потоа.
    http://www.amys.com/images/uploads/special_diets/diet_plan_gf/Amys_Dietplan_Glutenfree.pdf

    Еве ви една диета глутен фрее.
    Јас почнав, ама не бев тука и немав услови да си припремам, па ја прекинав.
     
    Последна измена: 16 април 2015
    На LivingGlam и joy1 им се допаѓа ова.
  10. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    14
    Каде се прават анализите за нетолеранција на глутен?
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.470
    Допаѓања:
    97.427
    Пол:
    Женски
    @Lilit, може тука да пишеш повеќе за брашното? Каде можам да најдам безглутенско брашно (признавам до сега не сум барала) и кое е најдобро, ако ги има повеќе? На што треба да обрнам внимание?
     
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Брашното го има во продавници за здрава храна, а го има и пакувано во поголемите маркети, има ознака на него "gluten free". Доплнително на тоа брашно додавав и 1/2 шоља брашно од хељда, ептен убав вкус му дава на лебот.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    84.896
    Јас не го зимам од тука, си го носам од надвор, ма да имам видено во биокулт и слични продавници.
    Исто така го мешам со други семенки и други типови на непченични брашна, како хељда и така натака.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ани 74

    Ани 74 Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdr na site
    da go spodelam i moeto iskustvo, mozda ke mu pomogne na nekoj
    Od pred mesec dena imav dijagnosticirano Hashimoto-avtoimuna bolest na tiroida-so izrazeni otoci na celo telo ( oci,lice,noze,kolena). Prethodno 5-6 meseci se borev so razni poteskotii kako umor,nesonica, depresija, glavobolki poteskotii so disenje
    Od togas veke 3 nedeli sum na bezglutenska hrana, megudrugoto ne konzumiram i seker i mleko osven kefir. i moram da priznaam sostojbata daleku mi se podobri .Nemam otoci na noze i bolki vo kolena samo nautro imam mali otoci na ocnite kapaci no toa e neznacitelno vo odnos na ona sto go imav kako problem.

    Mislam deka vredi sekoj sto ima nekoj vakov problem da proba so bezglutenska hrana.
     
    На LivingGlam и awl им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    9.210
    Пол:
    Женски
    Ме замисливте сега. По овоие ваши муабети и симптоми, си викам, можно е и јас да имам лоша толеранција на глутен :^)
    Се испитува тоа некаде?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.470
    Допаѓања:
    97.427
    Пол:
    Женски
    Се испитува. Само не сум сигурна каде. Прашај матичен лекар, може да те упати.
     
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    На клиника се испитува со упат од матичен лекар.

    Само како инфо ако му треба на накој: Видов во Адријалаб дека има испитување на толеранција на храна. Таму сега имаат испитување на толеранција на сите видови храна, кое чини 12 000 денари и ти даваат табела означена со бои што му годи а што му штети на твојот организам како и предлог исхрана за одреден период. Како што ми кажаа аналлизата на примерокот се прави во Германија. Во моментов многу пари ми е ама може да се размисли за во иднина.
     
  18. tamara85

    tamara85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Zdravo, eve i jas da se prijavam vo ova "drustvo" od pred mesec dena mi e potvrdena celijakija e sega toa i nee tolku loso kolku sto nasava drzava ama ic ne misli na nas, a samite proizvodi i te kako se skapi. Spodelete ve molam sto tocno jadete, koi proizvodi... osven sto imam podatoci za proizvodite od podravka, nutela, kinder... drugo neznam... na primer cips, nekoi cokolatki, prasak za pecivo, .. neznam kazete vie
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.297
    Допаѓања:
    43.603
    Пол:
    Женски
    Тамара, од сладоледите Сникерс е без глутен :)

    Ќе внимаваш на црвен пипер како зачин, не купувај од пазар. Зачинот од Алева мислам дека е безбеден.
    [​IMG]

    Друго - јади многу хељда. Киноата е доста скапа, ама многу хранлива, малку ти треба да додадеш во салата за да се најадеш. За мешано брашно не можам да ти дадам препорака, уште не сум нашла добро. Јас си правам лепчиња само од брашно од хељда, многу ми се вкусни.

    И тоа, мојата исхрана претежно се базира на хељда. Е сега, јас имам нетолерантност, не целијаклија, па ти ќе треба да бидеш многу повнимателна и да избегнуваш и производи на кои пишува "може да содржи траги од глутен". Сирењата не се секогаш безбедни. Внимавај да читаш состав. Ако пишува средство за згуснување - најверојатно има глутен.

    Пудинг од др. Еткер можеш. Исто и пудинзите од Кам Маркет немаат глутен (не пишува на декларацијата па барав на интернет - безбедни се).
     
  20. tamara85

    tamara85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    eh, da ama mene mi nedostiga sirenje, kaskaval,,,, potoa nekolku slatki raboti,,, ili ako ne prasak za pecivo,vanilin seker, pa domasno blago nesto ama koe??? i koe mleko e bezbedno?? nikoj nema siguren odgovor ;(,,, do sega izbegnuvav se, gledav samo da vnesam mnogu ovosje, zelencuk, i meso , najdov i dobro brasno za leb vo prodavnicata vo Avtokomanda Anni di vita, no jas sum od Tetovo i do sega tri pati sum bila specijalno samo po brasno.
    iskreno koga mi najdoa celijakija mi bese cudno malku, site mi velea ee ima se i sesto, a odi do market nema nisto :(...