1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Храна без глутен

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од awl, 17 јули 2013.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Од микс Б уште не сум погодила леб. По рецепт правам, не ми е убав.
    Готовиот леб од Schar ми е океј ко за тост кога ептен ќе ме фати мерак.
    А веќе не се ни обидувам да добијам безглутенски леб што личи на вистински, сама. Не ми оди. :D
     
    На LiliBoz, do-re-mi и Antebellum им се допаѓа ова.
  2. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.032
    Пол:
    Женски
    Сакам леб! Кога ќе и ги видам лепчињата на Ирена и кога ќе ги видам моите знам дека ПАК сум утнала. :D
    Па уште кога ќе напише преубав е, а мојот ниту куче не го јаде...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Епа на Schar е брашното.
    Јас го правам по упатството и излегува мммх! Ми го јадат по дома. Првиот пат кај моите демек да не утнам сама, ми го изедоа цел од што беше убав, ништо не си однесов.
    Јас место квасец ставам псилиум, а и самото брашно има. И ќе го оставите убаво да стаса и ќе го оформувате тапкајќи го со самото брашно, искача ко селско лепче. Од пола кг брашно многу леб излегува, ми трае 2 недели.
     
    На Antebellum и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    A да ми пратиш по Делко? :D

    Не сериозно, се' правам сама, ама безглутенски леб не ми оди.
    Од Рамстор на акција пред некое време купив десетина пакетчиња. Пробав неколку пати и се откажав. Палачинки ми излегуваат супер од тоа брашно, исто и тортички разни.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    А да ти дојдам да правиме заедно, едно бањање у езеро ќе частиш?

    Најлесно брашно у свет е ова. Ни едно увозно вака не ми искачаше.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Ќе частам, ќе частам.
    Не за друго, ме мотивира да пробам уште еднаш. Ќе му ставам нешо маслинки и семки за да не го осеќам тој вкус на блантаво што ми доаѓа од претходните обиди.

    Патем, безглутенски овес да не знаете каде има по маркетиве?
    Во Биокосмос има инстант со вкусови, ама нејќам таков... сакам скроз обичен без шеќер и други додатоци.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Наводно тие од КАМ немаат глутен.

    Да не забораваш сол да му ставиш па блунтаво?
    Леле сега сакам да ти испорачам!!:rofl:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Ич не сум ги ни загледала нив во декларација, по претпоставка дека сите во маркетиве имаат. (facepalm)

    Абе ставам сол... не знам кој ми е проблемот и јас се нервирам. Ќе пробам пак. А ти да испорачаш од тоа што личи на селско, моево абер нема.

    Од хељда ми се убави лепчињата, иако не личат на класичен леб. Ама барем осеќам вкус.
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш месечно купувам неколку леба готови на шар и килограм брашно за пита. Ми трае 2 недели. Остали денови сум на храна без леб..
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Океј сум јас, веќе отрпнав и не ми треба леб.
    Пита да, супер ми излегува од микс Б плус брашно од хељда.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Пита со маслинки и урда или со кулен мхмхмх. И детево ми ја јаде многу.
    Проја ми стужи.

    Палачинките нормално ги правиш?
    Иначе за овес има без глутен на хипп види во зегин
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Фала ептен за овесот, ќе го видам.

    За палачинки најобичен рецепт. Само брашно ставаш од прилика, за да ти дојде густината ко за палачинки. Исто излегуваат ко обичните.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна има овес на даверт исто така без глутен во веро, на штандот со здрава храна.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.859
    Палачинки јас со микс Б и минерална вода, некако така ги погодив.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    И лино крем мх мх мх утре ќе праам
     
    На LivingGlam и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.032
    Пол:
    Женски
    Цел рецепт да пишеш у темана за Рецепти без глутен затоа што умрев за леб. Ова не се издржува еднаш не сум погодила - еднаш... Ни улично куче нејќе да го помириса... :rofl:
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    А да одиш до тинекс да си купиш еден без глутенски леб, да се најадеш ко чоек па ќе месиш :rofl:
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.032
    Пол:
    Женски
    Ќе мора да идам. :D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Сите зарзавати мора да бидат на собна температура.
    Ставаш 500гр брашно, 400мл млака вода, 50мл маслиново и сол по вкус. Ако ставаш псилиум го раствораш прво, па го ставаш, а ако не раствараш 10грама квасец.
    Убаво размесуваш, како право тесто.
    Оставаш да стаса ама баш фино.
    Ко ќе стаса, правиш облик со набрашнети раце убаво натапкуваш.
    Печеш.
    50 минути покриено со фолија, 40 минути без фолија. Кога ќе фати кора малку, со чепкалка избоди го и така продолжи со печење.
     
    На Bebulleee, Antebellum, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Beautymom

    Beautymom Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Во Тинекс кој леб е без глутен и дали се продава Sch@r
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.