Јас вака знам дека лице со автоимуна не смее да користи никаков препарат за имунитет. Не знам дали и твојот е тоа. Вит Д зимај го како Д3 и провери си што ти е друго ниско. Кај мене ниски се Калиум, Калциум, Железо... Пиј и б комплекс и фолна за да се врзуват витамините. На нас ни фалат Б витаминот оти не го внесуваме преку бг храната.
Мислам дека препаратот што го спомна @Biljarkata не е тоа што мислиш @JuLleE. Баш кога имаше пишано изгуглав, нема многу информации но имунорегулација е надежно нешто кај автоимуни. Не е исто со ехинацеа, матичен млеч и други за стимулирање на имунитет. Само за конкретниот препарат не најдов ништо. Само за имунорегулација прочитав нешто, немав многу време да одам во длабини. Уште се истражува во областа, ваљда ќе видиме некаков напредок. Пошо си имам четири автоимуни на број се заинтересирав.
Имуномодулација ми е следен проект за длабоко копање, за некој месец ќе се јавам белким со некое сознание. Инаку @JuLleE фала. Знам дека треба се да испитам, ама само Д стигнав да проверам дури бев во мк, овде секоја клиника и лабораторија имаат башка политика и баш Д не проверувале. Ама ич никој не се замара со контрола на витамини и минерали.
Затоа и пишав дека тоа што го спомна не знам дали е тоа. Јас знам за стимулирање и читам по групите луѓето бараат вакви препарати па ставот е да не се зима ништо освен одредени витамини. Секоја нова информација е добродојдена особено се што е врзано за автоимуни.
Не памтам цени Mислам не се поскапи од Шар, тука-така се. Купив Шар ама уште не ги пробав за да споредам. Засега Венециане ми се врв. Исти се ко обични тестенини. Не се тврди. Бисквитите од овој бренд се исто така прекрасни. И солените грисини со чиа. А има и лазањи ако обожаваш, и такви ко губи за во супа, и ѕвездички за супа. Супер производи, само ги нема нон-стоп по маркетите.
Не знам зошто до сега не сум начекала ништо од ова.. Јас во супер тинекс кај бриколаж одам. Иначе пробај ги чоколадните наполитанки на шар. Скапи се да, ама поубаво благо не сум пробала.
Ги пробав, супер се! Само некогаш се бајати кај што купувам (во Зегин во мојот град обично ги наоѓам). Венецианево барај ги убаво во Супер Тинекс, треба да најдеш. Има бисквити, крекери, шпагети и макарони обично. Во Биокосмос ги носат и лазањите и тие за супа. Штом има кај мене, во Скопје сигурно ќе најдеш.
Био космос ми е далеку. Јас во моринга во аеродром редовно одам има се и сешто. Ако некад те носи пат да знаеш.. Еднаш зедов леб на шар од зегин и гадно се зезнав. Не го видов рокот. Поминат 3 месеци. Од тогаш во зегин такви производи јок. Или дм или маркети..
Макарони и на Дивела има. Инаку најубави се од Лидл. И најефтини. Јас ништо не можам да начекам во мојот град, па јадам само тоа што дома ќе си зготвам. Треба да правам контрола, а јас со симптоми да не кажам иста. Отоци колку душа ти сака. И така, уште да откријам која е втората автоимуна која ме ремети. Секако целијакијата си оди во пар.
Во КАМ има глутен фри работи ,виршли и кечап и смоки ,може има и други ама засега само овие сум ги приметила.
Дојдов да мрчам. Не купувајте ништо од Меџик. Зрнести производи (кикиритки, бадеми, ф'стаци), па ни кокос, ништо. Купив многу производи и само тоа ми беше ново во исхраната. Не ми беше добро со денови, истите симптоми од глутен. Заспана, замаена, потечена, подуена и со лошо варење. На декларацијата не пишува брашно, дури ни траги. Се распрашав, затоа што фирмата е во мојот град. Ставаат брашно во се', а никаде не е декларирано. Во кокосот ставале брашно или шеќер во прав за да заштедат - тежи повеќе и кога ќе додадат неколку килограми на тон кокос, заработуваат. Идиоти. Ако некој знае каде и како да ги пријавам, нека ми пише. Иако не верувам дека функционира пријавување во вукојебинава. Отсега не купувам никакви зрнести во амбалажа, ќе си кршам ореви и лешници сама.