Zdravo zeni da ve prqsham kaj se pravi test za intolerancija na gluten i dali e mozno za 1 ned da dobijam 3 kg, od postot namaliv 3 i sega za nedela dena gi vrativ iako pak pazan da ne veceram i vezbam nz do sto mi e bas se razocarav da ne ima nekoj slicno iskustvo inace sum hipo i hasi
Може ли некоја од вас да пише пример за 2-3 дена како се храни без глутен? Барем за 3 оброци. Фала ви
Доручек: омлет или лепче од хељда со било каков намаз, плус цеден сок. Ако не правиш сама лепчиња, може оризови галети. Јас јадам и безглутенски овес со овошје, ама на некои им пречи и тоа. Ручек: било која манџа без брашно. Тука има многу избор. Или риба, месо со ориз или компир, многу салата. Значи исто ко и обично само не јадеш леб. Ако не можеш без леб, има безглутенски. Ама не е најздраво опција за секој ден. За вечера може салата на пример. И додал киноа или хељда ако ти треба плус за ситост. Благо - пудинг, темна чоколада... имаш избор ако сакаш да јадеш. Гуглај gluten free meal plan, ќе ти даде безброј идеи.
Каде да најдам безглутенски овес? Последно земав еден од Тинекс што вели има траги, и не ми ствара многу тегоби ама сакам да пробам и безглутенски сакам. @babybubu целијакија имаш или интолеранција без целијакија? Јас второто и нормално јадам сѐ освен производи од брашно и житарки. Од време на време внесувам глутен (еднаш во недела-две мала порција тестенини) за да не направам шок ако случајно внесам по подолго време. Еднаш случајно згрешив така и не се трпев два дена. Инаку другото сѐ нормално си јадам - месо, овошје, зеленчуци и млечни производи кои и да имаат траги помалку ми пречат. Ама зависи колку ти смета.
Имам залиха од странство и последното го трошам. Quaker се, имаат линија и без глутен. Мислам дека @LiliBoz имаше пишано дека има на Хипп во аптеки, ама не сум сигурна.
Штотуку налетав на едно видео баш на оваа тема. Од симптому буквално ги имам сите. Енергија воопшто немам, имам анемија неколку години, бледа сум, имам осипи по грбот, рацете и нешто на лицето, главоболки па скоро 2 пати неделно, меки нокти, brain fog. Јас сум покрупна личност цел живот, а тежината ми варира од ништо, во денови во кои и ништо не сум јадела се здебелвам, а некогаш колку и да јадам дури ми се срамнувал стомакот. Според ваши искуства дали мислите дека на тоа се работи (со оглед на тоа што иако не сум некој голем фан на лебот, нудлите секогаш ми се опција)? Што треба следно да превземам?
Може да е, а може да не е тоа. Замагленоста, ноктите и бледилото се од анемијата. Но таа може да е предизвикана ако телото има проблем со глутенот. Пробај две недели без глутен, ама без никакви грешки, ни најмали. Да видиш дали ќе има подобрување. После тоа пак една недела внеси глутен, да видиш дали симптомите ќе се вратат. Па сама ќе видиш. А можеш да правиш и испитување, за тоа ќе ти пише некој друг зашто јас не го направив. И јас бев со слични симптоми како твоите - кожни проблеми (автоимуни), замаеност, главоболки, анемија цел живот. Само што бев и преслаба, јадев а ништо не ми преработуваше телото. Дигестивни проблеми имаш? Кај мене често се случуваше да повратам одма после јадење, а и не бев свесна колку дигестијата ми беше лоша. Откако сменив начин на исхрана се' тоа се смени. Неколку години сум вака и супер ми е. Последно пред една година пробав да видам што ќе ми се случи ако јадам, изедов две кифлички и повраќав цел ден.
Дигестивни проблеми не би рекла дека се нешто страшни да повраќам но ми се случува некогаш после тестенини. Според твоето искуство колку е тежок таквиот начин на исхрана без глутен?
Тежината зависи од тоа дали мораш да не јадеш глутен или не мораш. Јас веќе година и пол сум без глутен, внимавам на контаминација и сл. На почетокот ми беше претешко дур прифатам дека мора вака, дека немам избор. Сега сум ок. Навика станува.
Прво направете испитување, а после менувајте исхрана. Без биопсија не знаетр на што сте. После полека ќе влезете во шема. Ако случајно згрешите, ќе имате реакции. Инаку овес деклариран има во ДМ. Јас ода таму зимам.
Најубаво така, само што јас имав проблем со матичната што со години ми даваше железо препишувајќи се’ на анемијата, а не сакаше да ме препрати на никакви испитувања. Кога исклучив сама глутен ми се подобри автоимуно на кожа што се смета за неизлечиво. Железото и б12 веднаш Се покачија без терапија. За поспаност ич да не правам муабет. А за сега да треба да направам биопсија треба да вклучам глутен, што искрено не сакам да го направам затоа што знам што ми следи. Па научив сама да си го слушам телото и да следам симптоми. Без или со биопсија, глутен секако нема да јадам. За Најт секако, најдобро е да направи испитување. Ако има разбран матичен што сака да го бара проблемот.
Јас веројатно сим интолерантна на глутен. Велам веројатно зашто немам испитано, но ќе испитам кога малку ќе стивне лудилово со коронава. Во меѓувреме, сакам да го исфрлам целосно глутенот затоа што долг период штом јадам глутен ги чувствувам симптомите, но во последно време се речиси неподносливи. Ја прочитав цела тема, а и општо на интернет, но никако да ја сфатам финтата со лебот. Купив безглутенско брашно и правам се по пропис точно до грам, но лебот е камен. Не се џвака ама ич. Пробав и во апарат за леб на глутен фри програма, тоа бетер излезе. Ако може некој да ме просветли...
Конечно најдов добро рецептче што нема утка. https://glutenbio.hr/recept/domaci-kruh-bez-glutena/ И мене не ми беше убав со рецептот на амбалажата. Финтата е да направиш кашесто тесто, со спиралите од миксерот. Никако не додавај брашно, не треба да биде тестото ко за нормален леб. И си бара повеќе маслиново масло, за да крцка. Рецептот ми е супер ко што е, само намалувам на сол зашто со цела лажичка ми е пресолен. Пробај и пиши. Откако ќе нарасне (многу нараснува) само преврти го во тавчето, без да го сплескуваш никако. За да останат дупчињата. И печи на хартија. Пола замрзнувам за да ми е свеж, другата половина во обичен фрижидер. И тост си направив вчера од лепчево, совршен беше.
Thanks Лебчето испадна совршено по овој рецепт. Исто направив и едно споделено од @irenna во другата тема, исто е преубаво. Сега имам за цела недела.
Дечки, кога пијам јогурт Баланс ги имам истите симптоми како кога јадам глутен, а кога пијам млеко, сирење, кашкавал немам ништо, се ми е нормално. Зошто?
Девојки, здраво. Целијакија или сензитивност на глутен не сум проверувала дали имам, ама поради дијагноза ендометриоза и циста на јајник ми е препорачана меѓу другото и безглутенска исхрана. Купив брашно од хељда и сакам да пробам да направам леб, па дали имате да споделите некој рецепт за лепче од хељдино брашно? Да напоменам дека безглутенско брашно и леб што е како таков деклариран не можам да консумирам дека имам проблеми со инсулинот, а таквиот вид брашна и лебови ми го качуваат шеќерот и инсулинот. Фала ви и поздрав.
Лепчето од хељда не личи на класично лепче, да ти кажам однапред за да не се разочараш. Ако сакаш да испадне ко класично мора да се меша со безглутенската мешавина. Ама мене ми е превкусно само од хељда и многу е поздраво така. Само не земај рефус брашно ако си од МК, мириса лошо. Само пакувано. Немам точен рецепт зашто ги правам од прилика, ама пробај. Еден помал филџан вода (млака) Сув квасец на врв на лажичка. Може и пециво ако од некоја причина нејќеш квасец, но ќе бидат потврди. Маслиново масло 2 мали лажички Прстофат сол 2 филџани брашно Прво мешаш со вилушка, па замесуваш и по потреба додавај брашно. Тестото личи на пластелин. Правиш ко колбавче и сечеш крукчиња, од прилика 9. Ги сплескуваш ко малечки лепињи на набрашнета површина. Не пробувам поголеми, се лепат и кршат. Печеш на нелепливо тавче од 2те страни. Брзо се прават, нема потреба чекање. Не изгледаат убаво ама јас ги обожавам. Спојлер