Dali imate probano da mesite bezglutenski Leb so psilijum? Citam deka mu dava lepluvost na testoto. Deteto e so alergija, mu stavav soda za gotvenje ama prestana da go saka lebot bidejki idi temen a i ima kiselkast vkus. Dali so psilijum da probam?
Po kolku klavas pslilium, jas mu mesam so 350gr,brasno 1 lazicka dovolno ke e? I da mi kazis dali ostanuva bel lebot i dali se roni
Nemam tochna merka, stavam od prilika lazhichka, lazhichka ipol na 350 mislam. Na oset kakvo e testoto.. Potoa ostavete go da kisne, izmiksajte go pak, stavete go na pleh i pechete. Vo rerna preporachuvam da stavite sad so voda do plehcheto zatoa shto dobro mu vlijae vlazhnost i nema da e tvrdo i suvo. Mene nikogash ne mi se krshi, a eve 28 godini sum na bezglutenska ishrana i go jadam samo domashnoto lepche
Девојки сакам да почнам со безглутеинска исхрана за да намалам антитела, инаку имам хашимото 4 години. Дали смеам да користам јајца, млечни производи и брашно од бадем? Леќа, грав, месо, овошје, зеленчук смеам?
Кое безглутенско брашно е најевтино? и каде можам да го најдам?.. Ништо не ја бива кај мене, очигледно дека сум чуствителна на глутен после секое парче леб, болки во стомакот...Не верувам дека сум алергична но дека има тешкотија има...
Здраво нова сум во ова група и сакам да го исфрлам глутенот од исхраната имам проблем со хиопотериоза и хашимото и инан качено 15кг . Дали овој начин на исхрана ви помогна да ги намалите кг и што се не треба да конзумирам од исхраната
Специјални се тие без глутен, или во поголемите маркети во секција без глутен или во аптека да прашаш, обично тој од Schar го имаа (ова од пред 2 години инфо)
Го има се уште од Schar. Во сите поголеми маркети. Околу 100 денари е. Јас се обидувам да исфрлам глутен (колку можам) и се навикнав на лебов, супер е, една кришка најадува.
Кај нас освен Schar јас не успеав да најдам друг безглутенски леб. Сигурно има по продавнициве за здрава храна, ама јас не барав. Иако ценава на прв поглед изгледа голема, долго трае лебот, оти мала количина заситува. Друга опција ти е да купиш брашно, па сама да месиш. На schar брашното е некаде 250 ден (ако не се лажам) половина килограм. Јас најдов едно во една продавница за здрава храна за 160 ден, половина килограм, ама леб се уште не сум правела со него.
Од шар, само микс Б за месење, се друго е невозможно. И засега само кифли правам, не дека не би можела и леб, ама кифли со сирење се повкусни. Многу вкусни. Квасец коцка, кај мене коцката е без глутен.
@An-na едно кило е толку на Шар, 230-250ден, и да, најдобро е за леб а и за се останато. Јас во сите рецепти го менувам обичното со ова и секогаш супер излегуваат. И палачинки и пирошки и пица...
Така е, јас згрешив. И ова дома што го имам е 1 кг. Леб не правам, ама го додавам и јас како тебе во се место пченично брашно. И супер излегува.