Скап е лебот Ана, подобро земи брашно и прави. Се освен Шар или овие новите во Зегин се небезбедни. Сега и зависи за што ви треба нели. Ама лебот е скап, плус никогаш не е свеж, а и не знам како те заситува кога не е налик тунус, ржен, па да заситуваат. И нема само во лебот глутен. Не значи ако го тргнете лебот и брашното и сте решиле проблемот. Тестенините од Кам се добри, на Шар се добри и на Лидл и Еуроспин, ама тие ги нема кај нас.
Мене не ми е @JuLleE оти како што кажав ретко јадам леб. Првенствено мене преодот кон неглутенска храна ми беше за да намалам јадење тестенини и ми успеа планот. Порано јадев по 3/4 кришки леб на јадење, сега едвај две од лебов, а и тоа не секој ден. Плус тестенините од Кам ми се ептен погодени Така што... мене планот ми успеа. Е сега, може понатаму ќе гледам и млечни производи да лимитирам, ама сега за сега ова ми е супер имајќи предвид колку тестенини јадев претходно. А за да месам леб мислам не ми се исплати, не знам колку може да стои месениот леб. Овој од Шар стои долго време отворен, па затоа ми е исплатлив. 3/4 пати месечно купувам леб.
Јас го замрзнувам и си вадам по потреба. Не знам каков им е готовиот леб на Шар, ама од брашното супер излегува. И јас не сакам многу леб да јадам и затоа доста ми трае, од пола кило брашно имам леб за две недели можеби, си го одмрзнувам кога ми треба, и ми е сечен по порција
И јас ретко јадам леб оти ми ствара тегоби, дури и оној од Шар. Можете да си правете и брашно од овес, овесни снегулки во блендер или булет, па има фини здрави рецепти за палачинки, мафини. Галети можете. Да, лебот се исплаќа ако не јадеш често, ама мене ми е стално отстоен. И надвор од Мк сум зимала, и еден друг зимав и не е свеж, а вкусот е ок. Јас зимам рецепти и брашното ми е 116 ден кг.
Извини, еднаш сум почнала да ти пишувам, и веројатно сум морала да се исклучам па отишол и коментарот и паметот мој у заборав Јас по рецептот на Шар на самото паковање што е, го правам лебот. Околу 450мл топла вода (малце помалку ставам, од око) со 500гр брашно, едно пакетче сув квасец, 40мл масло и малку сол. Мешам све со лажица, лепливо е тестото за со раце, го оставам да стаса околу пола саат (сега дека грееме уште дома па брзо стасува на топлото), го префрлам во тава за печење, го оставам уште пола саат да стаса и печење на 220степени. За околу 20-25минути е готов. А која цена е брашново од сликава твоја? И каде го купи? Не сум го видела до сега... ако е поевтино да го пробам
Imate na akcija vo zito market sladoled bez gluten 250 gr za 19 den so cokolado i vanila super e jas go probav.
Здраво. Се сомневам дека имам интолеранција на глутен и лактоза, имам подуеност, често грчеви и болки во стомак и отежнато варење. За каде да барам упат кој можи да ми испита бидејќи во градов не испитуваат ниту приватни лабаратории ? Фала
@kravce Ова е најлошото бг брашно. Немојте. Ни леб излегува. Само Шар, скапо е, ама само со Шар се готви како што треба. И ова со нетолеранција е само пари фрлање. Сами тоа може да го откриете. Целијакија е нешто друго. Исто и алергија. Овесни снегулки има во Зегин и ДМ. Купувајте само декларирани.
И јас се сомневам на истото, пред две недели добив упат и бев на Клиника на Имунологија. Платив 1250 денари партиципација наместо 100 евра во Авицена ама резултатите морам 4 недели да ги чекам. Сепак беа фини и услужливи девојките на Имунологија.
Здраво на сите имам 37 год хипохашимото сум со високи антитела и со многу нус појави, сакам да пробам да исфрлам глутен од исхрана па тие што го имале истиот проблем дали ви помогна исфрлањето на глутенот, дали можам барем овесни снегулки да користам и дали скроз ги тргнавте млечните производи или користевте безлактозни ?Ви благодарам