Здраво. Најсоодветно ми е тука да напишам. Пред 5 месеци имав стомачен вирус со хронична дијареа 6 дена. После тоа започна тортурата. Болки во желудник,гасови,грчеви,болки во цел абдомен како со нож, болки во грб и половини...постојани,секојдневни. Притоа останав бремена веќе 4ти месец, па сеуште се борам со оваа. Лек немало. Интернисти,гастролози, гинеколози,матични, све поминав. Не смејам гастроскопија ниту колоноскопија да праам сега, како ќе издржам до 9ти ќе полудам психички.. Ме советуваа да пробам да тргнам глутен и лактоза да видиме. Цел нет го пребарав стварно не знам што чудо ќе да е. Ве молам со некое искуство. Очајно барам.
Здраво Дали можеби имаш испитано хелико бактерии? Може да се од таа бактерија тие симптоми... Најубаво ќе биде да си испиташ хелико бактери па да видиш дали тоа е причината, ако е од тоа за да не пиеш антибиотици ќе си земеш јапонски сливи од продавница за здрава храна и ќе си јадеш 7 дена по една на ден,и ќе помине. Иначе избегнувај премногу зачинета храна, тешка храна што е тешко сварлива, млечни производи намали ги, пи повеќе чаеви и течности... И ти посакувам најбрзо да ти помине
Здраво дали може да ми кажетевие што имате дијагноза за интолеранција или за целијакеја каде, кој доктор ја направивте? Знам дека се два теста преку крв и преку ендоскопија на тенките црева, но каде конретно дали има некој доктор на приватно кој сезанимава со оваа проблематика, искрено 6 месеци само се вртам во круг. Благодарам
Правев тест за интолеранција на глутен и се покажа висок процент на нетолернтност. Веќе еден месец се хранам без глутен, но бидејќи не смеам и јајца и млеко многу ми е тешко да јадам разноврсна храна. Може предлог некоја страна со рецепти или готови производи (освен шпагети и макарони).
Дали некој знај дали во смоките од Витаминка има траги од глутен? На некои производи пишува пример од Штарк а на од Витаминка нема податок. Не сум алергичен но го избегнувам.
Дали си алергична и на козјо и овчо млеко? Ако не си можеш да правиш лепчиња од козјо млеко/овчо млеко и овесни снегулки. Рецепти имаш на нет многу за ова. Можеш да јадеш мусли/овесни снегулки со растително млеко. Можеш да јадеш било каква варена житарка (овес, ориз, хељда) со овошје. За ручек се стандардно си јадеш без леб и тоа е тоа веројатно.
Здраво да прашам дали при автоимуни заболувања треба да се јаде без глутенска храна? Ако има некој совет или има вакво заболување ке ми биде од корист
Јас имам автоимуно заболување и се покажа дека сум интолернтна на глутен. Колку е тоа поврзано не знам. Веќе неколку месеци се хранам така и можам да кажам дека забележав голема разлика бидејќи не сум веќе подуена и откако ќе се најадам не ми е тешко. Исто така изгубив килограми веднаш. Имаш безглутенско брашно, тестенини, колачиња...ако навлезеш во тоа ќе видиш дека не е така страшно.
Можно ли е од глутен да ми излегуваат акни на лицето ? Други симптоми како што читав на интернет немам ништо од тоа.
Јас го правев на приватно во Авицена бидејќи за на клиника треба да ти даде упат специјалист а и ретко имаат реагенси. Има и во Биотек и Синлаб.
Јас правев тест за интолеранција на храна ама немаше специфично тестирање за глутен, испаднав нетолерантна на пченица, квасец, кравјо млеко, јогурт, грашок, бибер, лук, какао, свинско, телешко и јунешко месо, лешник, ајдамер, гауда, пармезан,суво грозје, соја.Делумно нетолерантна сум наинтегрална и дива пченица.На просо, рж, пченка, овес и ориз сум толерантна.Дали со тоа што сум нетолерантна на пченица значи дека сум нетолерантна на глутен?Инаку кога внимавам на исхрана спрема ова ми се намалуваат тегобите, а ако јадам еве тесто или леб на пример одма имам болки, вкочанетост, подуеност и проблем со стомак и столица, умор.Дали да доиспитам толеранција на глутен? Може ли тоа да се испита на клиника со упат, би сакала да проверам за глутен и за млечни производи.
Не можам да тврдам за сите состојби, ама обично едно автимуно по себе си влече и друго и затоа е препорачливо да се јаде без глутен, да се елиминираат тригери на автоимуни реакции. Инаку појма немам какви се тие тестови за толеранција, ако збориме за автоимуно целијакија се испитуваат антитела за целијакија. Каде и што се испитува во Македонија, не знам.