Здраво Дали на клиника прават тестови за интолеранција на храна и глутен? Колку кошта? И дали може упат да ми даде ендокринолог
Zdravo, dali nekoj znae dali ima vo Avicena ispituvanje samo za intolerancija za gluten? Ne vidov na sajtot posebno da ima. Za celijakija imase posebno samo. Ili paket nekoj?
Имаше на групер купон за интолеранција за околу 2илјади и нешто не знам дали има уште за во скринлаб кадешто беше вклучена и нетолеранција и на други типови храна. Тестот за целијакија е сосема различен и не оди во пакет со интолеранција на глутен бидејќи се две различни состојби. Кај тестовите за целијакија биди претпазлива има два типа: генетска предиспозиција за целијакија (но само со овој тест не може да се утврди или отфрли целијакија) и гастро панел каде што се вклучени антитела коишто упатуваат на можна целијакија - ги има и во Биотек овие
Не сум правела , но во рамстор имаш веќе готово безглутенско брашно , само да го замесиш и толку , има упатство си пишува.
600г шар брашно, 600мл млака вода, 1 ќесичка квасец, 1 лажица оцет, 2 лажици масло, 1 лажичка шеќер, 1 лажица сол. Се мати се и се остава да кисне мин половина час. Потоа се меша и се прават две векни. Се уклучува рерната да се загрее на 200С и кога ќе се загрее се става плехот и се печат околу 35-40 мин.
Не знам дали знаете ама на Шар има многу убаво пица тесто и за тие што немаат проблем со глутен е супер.
Дали јадете производи кои имаат траги од глутен, еве на пример овесни снегулки, пченкарно брашно, палента, просо, киноа, нели тие се безглутенски ама можат да содржат траги од глутен, или строго мора да се безглутенски.Јас немам целијакија ама сакамда го исфрлам глутенот од исхрана, е сега разликите во цени се огромни, обилни овесни снегулки се на пример околу 35-40 ден а безглутенски се над 180 ден.
Јас сум само интолерантна на глутен, немам целијакија и ги јадам тие производи. Тие трагови мора да се спомнат доколку машините каде што се произведуваат тие производи се користат и за произведување на производи што содржат глутен или се пакуваат заедно и постои можност да се најде некое зрно/остаток и сл. Другите си имаат машини специјализирани само за тоа.
Мислам дека зборува за тоа во Рамстор го има околу 300 денари е некаде, има рецепта на самото пакување
600г брашно 600г млака вода 1 сув квасец 1 и пол лажичка сол 1 лажичка шеќер 3 лажици масло 1 лажица оцет Во голем сад ги мешам брашното, квасецот, солта и шеќерот. Потоа ја турам водата, зејтинот и оцетот и матам со миксер додека убаво не се состави и омекне. Потоа го оставам да кисне 30-40 мин. Правам две векни и додека се загрева рерната тие киснат. Се пече околу 35 мин на 220C. Ова ми е малце досадно, па правам 1кг брашно со 1л вода и зголемувам од другите. Така правам 3 векни. Брашното го има во Рамстор и во некои Жито маркети, ама не во сите.