Не можеш леб од пченкарно брашно од продавница (веројатно мислеше на пченкарно, не пченично). Тој е мешан со пченично и има глутен. Можеш да купиш специјално брашно од продавница за здрава храна, па сама да си месиш лепче. На амбалажата има упатство како да го спремиш. Моментално го користам ова, го купувам од Зегин: и конечно сум задоволна. Претходно не ми се погодуваа, кисели ми беа лепчињата. Ова е океј, се јаде и може да се користи во разни рецепти, успеваат за разлика од претходното што го користев.
имаш сигурни брашна Shar B, баш за леб, она што иде кај нас целијакичарите на рецепт, а и многу можеш да најдеш во продавниците за здрава храна. А можеш и пченкарно но внимавај на контаминација
Порано купував на рефус брашно од продавнициве за здрава храна. Сега е пакувано. Најчесто го мешам со брашно од хељда. Фотографии од храна немам зашто побрзо јадеме од што фотографираме )) кај сите безглутенски брашна најважна е маснотијата. Најчесто користам сончогледово масло. Две супени лажици ( мерица- не обична лажица) се доза за 3 шољи брашно. Како најнови рецепти без глутен ми е пире од сладок комир ( портокалов). Еднаква доза на сладок и обичен компир се варат и на нив се додава еднаква доза на млеко и путер ( 100 мл млеко со 100 гр. Путер). Не мора целата течност да се стави. На ова се додава сол, бибер, и две лажици сенф од цело зрно.
@mariz ако сакаш готов леб има во ДМ околу 100 денари, истиот во Веро е 79 или 89 еве овој, сечен на кришки 200 грама Има и лепчиња за хот дог, тие се околу 250 ден 4 лепчиња во паковање. Има и тестенини без глутен и се мноооогу вкусни
Јас ги извадов од употреба производите со глутен и лактоза 4 до 5 месеци и верувајте ослабев цели 8 кг а предходно се мачев со секакви диети па никако не одеше . Пред да почнам се мислев колку ке ми биде тешко да прекинам да јадам леб а за благи работи па не правам муабет ама уствари сето тоа испадна дане ми представува тешкотиа, лебот го заменав со ориз и компири ок можда 1-2 неделно леб безглутенски каснував и се разбира кога ке почнев да имам јака потреба за чоколадо земав црно чоколадо 70% проценти какао .Се осекав посвежо и по енергично се беше ок додека не почнав премногу да се замарам со читања на интернет за безглутенски производи во кое се вели дека колку што помагаат толку и одмагаат пример леб купен безглутенски дека содржи премногу хемикалии ова она што ке го заменуваат глутенот.Па си почнав малце по малце пак со обично лепче па ајде бурече па крофничка и веке се вратив на целата глутенска храна а исто така ми се вратиа и 4 к г плус во рок од 3 месеци , сега засега се јадам и си стојам само на тие 4 кг плус и се надевам ке останат толку, А за тие што имаат нетолеранциа на глутен подобро лебчето даси го исфлат од ишраната и да го заменат со зеленчуци, лично јас си верувам дека купечките производи без глутен содржат премногу хемикалии штетни за здравјето.
Здраво феминки! Нова сум на форумов, нова сум и во сета оваа проблематика со глутенот. Имено се работи за тоа што на мојата ќерка од неодамна и дијагностицираа целијакија. Ги нема оние класични симптоми со повраќање, пролив и болки во стомачето туку многу заостанува во развојот, поточно во килажа (во јули ќе полни 5 години а има само 13kg), висински сме ок, иако и таму сме блиску до долната граница за нејзината возраст. Детето си има апетит и за да биде иронијата уште поголема обожава тестенини, кифли, гевреци, бурек и се што не смее да јаде. Другиот проблем е што морам да одам специјално по набавки до Скопје бидејќи живееме во друг град. Многу читав на интернет за безглутенска исхрана и верувам дека има уште многу да е учи. Дали некоја од вас може да ми пушти список или листа на производи во кои нема глутен (од искуство) како што се чоколади, еурокрем, млечни производи, сладоледи, солени грисини или слични производи кои за жал не се многу здрави ама децата ги обожаваат. За 5 годишно дете морам да ги најдам овие алтернативи за да не посегне по недозволените (сепак не можам да ја контролирам 24/7). Имам многу недоумници и прашања на оваа тема, би била пресреќна ако некоја од вас ми помогне да решам барем дел од нив .
здраво, прво добредојдовте, е сега вака, во оваа борба со глутенов почетокот е навистина тежок, ако имате facebook, приклучетесе на овие две групи и ке најдете многу одговори сто ги барате : GluteNo i PROIZVODI BEZ GLUTEN. а она што конкретно го бараш евети список : CIPS CACAK(pisuva i na ambalazata :bez gluten) cokolada EUROKREM, plus bas toj EUROKREM , sekoe pakuvanje, SITE PROIZVODI OD EVROPA (znaci osven vafli, neli tie se izraboteni od brasno) cokoladi, krem banancinja, ,,, i red drugi raboti (imate vo oie grupive datoteki ke najdete mnogu odgovori) se nadevam barem malku Vi pomognav
tamara85 фала на помошта, бидејќи читам дека и ти си паталец на оваа тема ќе ти "подосадувам" уште малку. Најдов по групите и блоговите мн производи за кои сум мислела дека содржат глутен (како nutella на пр., пудинг на dr.oetker и ред други). Дали во мк имаме млечни производи кои се без глутен (читав за дел од производите на здравје радово, одговор од бимилк дека повеќето производи се ок (што исто така ме зачуди мн), ете пиши ми што ти јадеш од нив (млеко, кисело млеко и јогурт, павлака, кашкавал, сирење, крем сирење евентуално). Во ср групата читав и за производи од Промес и Пекабеско за кои со сигурност мислев дека содржат глутен. Можам да кажам оти сега сум во уште поголема збунка ама верувам дека секој почеток е тежок во се што правиме
Сите млечни производи на чија декларација НЕ пишува дека содржат сува материја се без глутен. Сите зреени кашкавали на 6 месеци се без глутен. Производите на ПИК Врбовец (шунка, варен бут) и производите на Бачка топола и Ѓурѓевиќ, Грајсингер - сите производи им се без глутен и без алергени се без глутен. За македонските месни индустрии не може да тврдам зашто на пример кога сум пробала се осеќа брашно... Скоро ни еден прашок за пудинг нема глутен - пченкарен е скробот. Оризови дискови - сите се без глутен. Крем сирење - дукатела е без глутен. На сите сајтови само со неа не се јавуваат симптоми при целијакија.
@anataliya ќе се навикнете, не е така страшно. Еве конкретно мислам дека праша за грицки и слатки,еве што нема глутен: Рафалс плавиот( со сол), смоки Стоби Флипс, смоки Хелоу Флипс на Свислион, Нутела, Животинско Царство, на Нестле има многу убави корнфлекси без глутен и по цена од околу 170 денари, ги има во сите маркети. Еве ти линк од сите производи на Подравка што се безглутенски http://www.podravka.hr/proizvodi/?ostale-karakteristike=bez-glutena а еве и од Краш http://www.moja-celiakija.si/wp-content/uploads/2013/02/Kras-seznam-izdelkov-brez-glutena.pdf Од сладоледи Капри и Руменко немаат глутен. Пез бонбоните, овие чоколадни јајца Има многу производи, како ќе ми текнува ќе ти ги постирам. Не знам од кој град си, ако имаш потреба од производи на schär може да се договориме некако ќе се снајдеме дали по карго, дали по некој што патува.
jas gi koristam proizvodite na Bitolska mlekara, znaci sigurni se , a i na Pekabesko ( za Promes neznam) Eve gledam i ostanatite clenovi ti pisale dosta proizvodi, za bilo sto i da te interesira pisi, pobarajne, mozes i vo licna poraka
И јас имам најверојатно.Ама си јадам сепак храна со глутен.Немам ништо посебно освен едни како бели бубулици(ептен ситни) на рацете.Мајка ми прочитала дека е од нетолерантост на глутен. (што немора да значи)
Не јадеш глутен и се исфрла сама. Еве од утре на воена диета се ставам, таа ми е глутен фри и калориски дефицитарна, избалансирана е како за диета со калориски дефицит. Ќе јадам безглутенско лепче и тоа е тоа.
На сим ми му најдоа кандида сега чекаме резултати од интолеранцја на храна дали може да има интолеранција на храна доколку има кандида? Бидејќи нели кандидата се размножува од млечни производи а интолеранцијата е и за млеко? Помош.
Колку штo знам се препорачува диета без шеќер и глутен за лечење кандида, ама не знам за нетолеранцијата... ќе си почекате резултати и ќе ви каже доктор. Еве една листа на храна што се препорачува во такви случаи: https://www.thecandidadiet.com/foodstoeat.htm
@Cacuvche кандида и нетолеранција на храна не се дирекно поврзани и кандидата нема да влијае на тестот за нетолеранција. Но доколку постои нетолеранција на глутен или лактоза доаѓа до намалување на имунитетот, слаба апсорција на хранливи материи и промена на пх- вредноста како во устата така и во организмот т.е станува закиселен и подложен на развивање на бактерии. Ги добивтее ли резултатите од нетолеранција на храна?
Сте забележале дека Schar брашното е чудно во последно време? Двете посленди пакетчиња имаа скроз поинаков вкус, не можев да ги јадам лепчињата. Многу се разочарав Сега купив Rice $ Rice, мислам дека така се вика... Ќе видиме дали ќе е подобро.