Kade se naogja brasno bez gluten, bidejkji ocnav so tonus lebot ama ne odi, ne se custvuvam dobro, ako ne jadam nesto so gluten super e nema otoci, ispadna i promena na kilaza i celata naduvanost na organizmot mi e od glutpen. Znam oriz moze da se jade, jadam i kompiri, riba, zelka sto pocesto ama sepak nekogas sakam i leb, a od site loso mi e potoa.
Во сите продавници за здрава храна Биокулт,биокосмос,виталија дури има и во маркети како веро рамстор итн. http://www.biocosmos.mk/product/category&path=82
@SunnyGirl2 секогаш во рестораните постои ризик и безглутенската храна да е контаминирана со глутен. Најчесто ја обработуваат на иста работна површина со други намирници. На иста површина прават и плескавици со брашно и вешалица и друго месо така што може да се контаминира со глутен. Во еден ресторан мм јадеше безглутенска пица ама после имаше проблеми со стомакот. Зарем имаат посебно сукало, посебна даска, посебен сервис? За солена храна сепак е полесно, салата, чисто месо, риба....потешко е за десерти, се е со брашно. @Outlook во сите маркети и продавници за здрава храна има безглутенско брашно, прогуглај ќе најдеш многу рецепти за леб. Како за почетник би ти препорачала да почнеш со мафини, леб во калап, палачинки. Овие се полесни за правење, стандардниот леб е малку потежок, многу зависи и од квалитетот на брашното а и си бара искуство. Ако не јадеш многу леб имаш во Веро и Рамстор безглутенско лебче 200 грама околу 70 денари. @LivingGlam со сите безглутенски брашна го имам приметено тоа, не знам дали е до влагата или до квалитетот на состојките ама секоја серија има различен квалитет. Последново што го земав од Schär има некој мирис, и секоја серија различно згуснува, ако се водам по рецептот за палачинки ништо нема да излезе, се е од око. Туку почнав да користам псилиум и многу е помеко лебчето, и не се рони толку , добива темна боја и малку на вкус е како интегрално. Ме интересира дали има кај нас ксантан, никаде не можам да најдам?
Vo restoran pekarski kompir, rizoto I salata, a mozes I cisto meso ako mesas hrana, ne e strasno, a ima restorani pekarskiot im e ekstra.
И Баунти и Сникерс чоколатцата се без. Во сладоледот Баунти има глутен (јачменов слад), во сладоледот Сникерс нема.
Мене почнаа на лицето да ми се појавуваат мали брунчиња, стомакот да ми се дуе и имам тегоби, па ќе пробам без глутен некој ден да видам дали е тоа. Бев кај матичната ама не се разбираме она ми вика може да е циклусно иако јас имам многу години циклус не добивам првпат... Сепак ќе пробам да намалам со глутенот а ако можам и една недела скроз да изржам да не го консумирам па ќе видиме... Сега ми е полесно што гледам дека има доста работи без глутен.
Ако само намалиш, исто ти е ко да не си намалила. Количината не игра улога. Ако има проблем, и од едно залче глутенски производ ќе се залепи за цревата и имаш проблем. Значи, пробај една недела скроз да издржиш. Не е тешко, само една недела. Па сама ќе забележуваш како се чувствуваш и каков е ефектот врз стомакот и кожата. После една недела (ако можеш да издржиш две недели, уште подобро зашто ќе си посигурна) внеси глутен и внимателно набљудувај. Ако има реакција, тоа е.
Имам страшни тегоби..Покрај миом од 12см последниот месец дена стомакот ми е нон стоп подуен и напнат во обем како да имам голтнато кошаркарска топка.Читав за стомак од стресс и дојдов до заклучок дека такви тегоби ми се ствараа при стресни сутуации ама сега цело време е подуеноста иако имам редовна столица,редовен циклус и минимум стресс.Сабајле на гладно јас изгледам како 5 ти месец бремена.Очајна станувам со широките труднички кошули Некој совет?
Лактоза? Млеко конзумираш? Ако да, исклучи прво тоа. Кисели млечни производи може. И види дали ќе има промена. Нетолерантноста на лактоза дава такви симптоми.
^ Јогурт и овесни житарици со 4 те семиња ми е доручек години уназад.Млеко не пијам,благо ретко конзумирам.Леб намалвам,сега ја читам темата па ќе се обидам да исклучвам артикли..
Браво за Европа! Би било убаво и на самите производи да означат на предната страна дека се без глутен, иако сум забележала дека во составот сепак нагласуваат алергени со болдирани букви. Има солиден избор на производи без глутен кај нас, но мора внимателно да се чита составот и да се препознаваат состојките.
Дали половина од оние кои избегаваат глутен знаат дека е штетен само за оние кои се алергични и/или нетолерантни на него? Ова нејадењето на глутен чисто помодарство стана.
Kako и да е.... па и нека биде помодарство, барем зголемуваат побарувачка, а ако расте побарувачката ќе расте и асортиманот на безглутенски производи, бар и ние ќе бидеме во ќар
А дали ти прочита нешто од пишуваното во темава пред да прокоментираш? Ми се темни од вакви коментари (ги добивам и во живо), кога ќе ти лепнат "помодарство" а си имаш реален проблем. Всушност, и некој кој нема проблем а не сака да јаде глутен, што има тука страшно? И мода нека биде. Иако не знам како може од мода да не јадеш нешто што ти се јаде, нека биде и мода, ете. Кој што сака тоа нека си јаде.
Леле Ливинг знам дека имаш проблем, имам и јас 300 алергии знам како е (среќа не на глутен) ама еве сум сретнала и такви. Имам живеено со луѓе што со гадење гледале на мене кога јадам леб, ме убедувале да не јадам и слично. А и девојката горе ја читав, што еве и се подул стомакот и и се појавиле брунчиња, и осма, нетолерантна е на глутен. Не нападнав никого, не мора одма да се браните. Знам дека има луѓе кои без причина го исфрлаат глутенот - има. А тој воопшто не е штетен ако не си алергичен/нетолерантен на него.