@Miss.N @IvanovaAnce http://migusto.mk/hrana-bez-gluten-sto-e-dozvoleno-a-sto-ne/ http://www.crnobelo.com/hrana/soveti/29474-zivot-bez-gluten-sto-smeete-a-sto-ne-smeete-da-jadete
Значи можам да јадам сите овошја и зеленчуци, свежо месо, риба, јајца и јаткасти плодови? Смеам и леб, хељда, амарант, пченка, соја, ориз, просо и тапиока? Се збунив и затоа искрено прашав тука што смеам, а што не смеам бидејќи дел од овие раб како не сите овошја и зеленчуци и јаткасти плодови па дури и морска храна и риба демек не смееле да се јадат бидејќи имале глутен, како што прочитав по интернетов..
Здраво Јас сум нова на форумов и исто како и вас имам проблеми со глутен. Ќе биде ли некој многу добар што има искуство во ова, што се храни на овој режим да ми пише во порака затоа што имам проблеми а незнам што да конзумирам (да ми помогне) Фала
Здраво, јас правев тест во Авицена и ми покажа високи вредности на глутен и пченица. Сега не ми е јасно дали е целијакија или нетолеранција, која е разликата ? Инаку почнав со безглутенска исхрана, не внесувам никаков глутен а немам некои подобрувања во здравствената состојба. Моите главни теегоби се дијареа ,кркорење на црева, губење на тежина и опаѓање на коса. Паралелно имам и дијагноза на синдром на иритабилни црева со докажана дијагноза . Дали некој имал сличен проблем да сподели и да ми дадете совет
Јас би ти предложила од матичната да побараш упат за понатамошно испитување, мислам дека треба на имунологија или пулмологија со алергологија, не сум сигурна ама матичната ќе знае. Нека ти направат комплетни испитувања и откако ќе се утврди точна дијагноза, ќе ти дадат препораки па и ќе се советуваме овде. Од лично искуство, мене симптомите ми се повлекоа веќе за неколку дена откако комплетно исфрлив глутен и лактоза, така да можно е во некои производи што ги користиш да има скриен глутен или лактоза. Мора детално да се чита составот на производот или да се купува сертифицирана храна без глутен и лактоза.
По неколку дневно јадење на глутен, отоците под очите се зголемија. Па мора и желудник да смирувам, а и стомакот подуван, јазикот со црвени точки. Супер бев кога го избегнував, што ми требаше. Кај мене се нетипични симптоми, но многу ми смета веројатно. Или, ми ги појачува симтомите на друго заболување. Денеска почнувам со чистење, без глутен и лактоза. Среќа не сум во Мк, па имам повеќе избор на храна. Е сега, путер од кикирики, 100 %, без масло од палма, и други додатоци е без глутен така? И дали кашкавал без лактоза е ок? Како препознавате кој е без глутен?
Мислам дека секој ферментиран производ е без глутенски. https://www.verywellfit.com/gluten-free-food-list-562788
А она со најмногу 45% сува материја? Може тој или? Има еден без лактоза е, на Зелена долина, го има и во Мк. Што не треба да има за да е без глутен? И путероѕ од кикирики ок ли е?
@JuLleE, алергична да не си? Јас не го одбегнувам глутенот, не дека работите што ги јадам содржат многу глутен, ама сепак.
Би требало путерот од кикирики да не содржи глутен освен ако немаат додавано нешто во него. Јас имам проблем од кикирики па ич не ги јадам. Мене глутенот од време на време ми прави проблеми и затоа го избегнувам колку можам.
Не знам. Ете ме после храна богата со глутен, јас сум со отоци под очи. Имам и по зглобови, и по телото. Се зголемуваат кога внесувам глутен.
Во составот на производите ќе читаш. Ако има пченица, јачмен или 'рж, значи има глутен. Во составот овие состојки се напишани со болд, лесно ќе ги препознаеш. Во кашкавалите обично нема, но не е сигурно се' додека не прочиташ. Путерот од кикиритки е ок. Пиво не можеш, сите слатки што имаат јачменов слад (го има во многу) не можеш. Читај состав на се', ќе се навикнеш. Aко пишува на крајот - можни се траги од глутен - значи дека во фабриката се употребуваат овие состојки. Иако не се употребени во производот, можна е контаминација. Обично овие производи се безбедни за нетолеранција, не мора да ги избегнуваш... освен ако си со дијагностицирана целијакија.